Јовица Михајловски
Јовица Михајловски (роден на 12 јуни 1955 во Битола) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Јовица Михајловски | ||
![]() | ||
Роден | 12 јуни 1955 Битола | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Познат | по улогите во: Соба со пијано Јас сум од Титов Велес Самоуништување Викенд на мртовци Среќна нова '49 Бушава азбука Солунски патрдии Театарче лево ќоше Тетовирање Ангели на отпад | |
Занимање | глумец | |
Роднини | Горан Михајловски (брат) |
Живот и делоУреди
Jовица Михајловски е роден во 1955 година во Битола. Веднаш по завршувањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1981 г.) се вработил во Драмскиот Театар (1983 г.), учествувајќи во проекти на Детската и Малата сцена, како и во претстави реализирани на т.н. Голема сцена.
Михајловски настапувал во претставите: Сомнително лице од Б.Нушиќ (Ѓока), Дупло дно од Горан Стефановски (Јаков II), Солунски патрдии од М.Попоски (Кире и Баже), Крвави свадби од Лорка (Младичот), Долго патување во ноќта од О’Нил (Џејмс Тајрон), Грев или шприцер од С.Насев (Јоцо), Харем од С.Насев (Топуз Паша) и многу други. Освен тоа има настапувано и во поголем број сценски реализации за најмладите, во радиотелевизиски драми, серии и слично.
ФилмографијаУреди
Филмографија на глумецот Јовица Михајловски | |||
---|---|---|---|
Год. | Назив | Улога | |
1950.-те▲ | |||
1955. | Волчја ноќ ТВ-филм | / | |
1980.-те▲ | |||
1982. | Илинден ТВ серија | Гино | |
1984. | Опасни траг ТВ-филм | / | |
1984. | Белото циганче ТВ-серија | / | |
1985. | На наш начин ТВ-серија | / | |
1985. | Трговецот од Солун ТВ-филм | Лука | |
1985-1986. | Крале Марко јунак стана ТВ-серија | Турчин | |
1985. | Дупло дно ТВ-филм | Јаков Ии | |
1985. | Бушава азбука ТВ-серија | Ќелавиот | |
1986. | Среќна Нова ’49 ТВ-филм | / | |
1986. | Солунски патрдии ТВ-серија | Цире | |
1986-1989. | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
1987. | Трето доба ТВ-серија | / | |
1987. | Ѕвездите на 42-та ТВ-филм | Спанецот | |
1987. | Театарче лево ќоше ТВ-филм | / | |
1988. | Викенд на мртовци ТВ-серија | Ноне | |
1988-1991. | Тврдокорни ТВ-серија | ||
1989-1993. | Еурека ТВ-серија | Бечеролд | |
1990.-те▲ | |||
1990. | Викенд на мртовци ТВ-филм | Ноне | |
1991. | Женски оркестар ТВ-филм | ||
1991. | Тетовирање ТВ-филм | Боле Змија | |
1992. | Чернодрински се враќа дома ТВ-филм | ||
1992. | Време, живот ТВ-филм | Клапер | |
1992. | Хераклеја по вторпат ТВ-филм | / | |
1993. | Светлосиво ТВ-филм | Цветко (сегмент "Вондерфул Ворлд") | |
1993. | Грев или шприцер ТВ-филм | Бугар | |
1994. | Пред дождот ТВ-филм | ||
1994-1995 | Бумбари ТВ-серија | Жиле | |
1995. | Ангели на отпад ТВ-филм | Милиционерот | |
1996. | Самоуништување ТВ-филм | Кумплунг | |
1997. | Интихарин ел китаби ТВ-филм | / | |
1999. | Време, живот ТВ-филм | ||
2000.-те▲ | |||
2003. | Волци ТВ-филм | Борко | |
2004. | Сакам да бидам кошаркар ТВ-серија | Лазе Темелков | |
2005. | Обични луѓе ТВ-серија | Мандра | |
2005. | Остани исправен Краток филм | / | |
2006. | Стрмоглави ТВ-филм | Јане | |
2006. | Пусто турско ТВ-филм | ||
2006. | Американецот ТВ-филм | / | |
2007. | Превртено ТВ-филм | Шефот | |
2007. | Јас сум од Титов Велес ТВ-филм | Доктор | |
2010.-те▲ | |||
2010. | Шесто чуло ТВ-серија | Професор Тодоров | |
2010 2011. | Од денес за утре ТВ-серија | Ал Капоне | |
2011. | Панкот не е мртов ТВ-филм | Гуру | |
2011. | Ова не е Американски филм ТВ-филм | ||
2012. | Скопје ремиx ТВ-филм | / | |
2013. | Соба со пијано ТВ-филм | Манагер | |
2014. | До балчак ТВ-филм | Непознатиот | |
2017. | Фамилијата Марковски ТВ-серија | Драган | |
2016-2019. | Преспав ТВ-серија | Археолог Славе/Историчарот | |
2019. | Вера ТВ-филм | / | |
2019. | Ефектот на среќа ТВ-филм | Таткото | |
2020.- те▲ | |||
2020. | Хомо ТВ-филм | ||
2022. | Бистра вода ТВ-серија |
Награди, признанија и делаУреди
За неговото 22 годишно работно искуство има една награда од ревијата Екрани и наградата која ја добил на меѓународниот фестивал на мали сцени во Риека, Хрватска, за најдобро актерско остварување, односно за најдобра машка улога во претставата Другата страна.
ЛитератураУреди
- Книгата Досие на Драмски Театар-Биографија за Михајловски Јовица
Надворешни врскиУреди
- Јовица Михајловски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)