Крум Стојанов (р. 6 март 1917, Скопје - 4 декември 1996, Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Крум Стојанов
Роден 6 март 1917
Скопје, Македонија Македонија
Починал 4 декември 1996(1996-12-04) (возр. 79)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогата во:
Тврдокорни
Време без војна
Наши години
Најдолгиот пат
Занимање глумец

Животопис

уреди

Крум Стојанов бил роден на 6 март 1917 година во Скопје. Во 1945 година се вработил во Македонски народен театар во Скопје. Од 1967 до неговото пензионирање работел во Драмски театар - Скопје. Тој е еден од малкумината македонски глумци кои ја добиле „Стериината награда за глумечки остварувања“.

Филмографија

уреди

Стојанов ги остварил филмските улоги:[1]

Година Филм Улога
1957 Мал човек ТВ-филм Продавач во златара
1961 Мирно лето ТВ-филм
1967 Павиљон бр. 6 ТВ-филм Михаил
1968 Планината на гневот ТВ-филм
1969 Време без војна ТВ-филм Поп Боне
1970 Книга за Јов ТВ-филм
1970 Жорж Данден ТВ-филм
1971 Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм
1971 Веселиот Иван Гулабин ТВ-филм
1975 Јад ТВ-филм
1976 Последниот ден на Мистер Порфириј ТВ-филм
1976 Сослишување на железничарот ТВ-филм Џанков
1976 Најдолгиот пат ТВ-филм Аџија
1977 Исправи се, Делфина ТВ-филм Методија
1979 Наши години ТВ-серија Мајстор Ѓоре
1980 Учителот ТВ-филм
1984 Диво месо ТВ-филм
1992 Тврдокорни ТВ-серија др. Ангелаки

Награди

уреди

Наводи

уреди
  1. „Krum Stojanov“. IMDb. Посетено на 25 јануари 2023.