Александар Џуровски
Александар Џуровски (р. 26 август 1948 година во Ресен) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Дипломира актерска игра во Академијата за театарска уметност во Загреб, Хрватска во 1972 година. Од 1972 година се до неговото пензионирање во 2013 година работи во Македонски народен театар - Скопје.
Александар Џуровски | ||
Роден | 26 август 1948 Ресен, Македонија | |
---|---|---|
Познат | по улогата во: Тврдокорни Македонски народни приказни Мугра | |
Занимање | глумец |
Филмографија уреди
Година | Филм | Улога |
1973 | Кукла ТВ-филм | |
1975 | Јад ТВ-филм | |
1981 | Милион маченици ТВ-филм | |
1982 | Илинден ТВ-серија | |
1989 | Мугра ТВ-филм | |
1990 | Трст виа Скопје ТВ-серија | |
1993 | Еурека ТВ-серија | |
2001 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
2010-2012 | Македонски народни приказни ТВ-серија | Таткото |
2013-2014 | Тврдокорни ТВ-серија | Кајмакам |
Награди уреди
- Награда за улогата на "Заболски" во претставата "Мацедонише Цуштенде" на театарските игри "Војдан Чернодрински" во Прилеп (1984)
Надворешни врски уреди
- Биографија на Александар Џуровски, Македонски народен театар.
- Александар Џуровски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)