Предлошка:Мај 2024 6 мај — 126-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (127-и во престапна година). Остануваат 239 денови до крајот на годината.

Настани:

1682  Луј XIV го преселил својот двор од Лувр во новиот замок Версај.
1889  Во Париз официјално е отворена Ајфеловата кула во рамките на Универзалната изложба од 1889. Конструктор на кулата е инженерот Густав Ајфел. Кулата е поставена во парискиот парк Шан де Марс и е висока 320 метри.
1937  Цепелинот „Хинденбургсе запалил и изгорел при слетувањето во близина на Њујорк при што загинале 36 луѓе. Оваа несреќа го означила крајот на цепелинот како редовно воздушно превозно средство.
1991  Во Сплит е убиен Сашко Гешовски, прва македонска жртва во конфликтот во поранешна СФРЈ. Тој ден Гешовски бил на должност стражар во командата на воено-поморската област во Сплит каде на протести излегле околу 30.000 демонстранти.
1994  Во Мексико на Генералното собрание на Светската организација за нумерирање на артиклите (ЕАН), како редовен член е примена и македонската организација ЕАН-МАК.
1994  Кралицата Елизабета II и претседателот Франсоа Митеран свечено го отвориле тунелот под Ламнанш, железничка врска помеѓу Обединетото Кралство и Франција.
2007  Претседателски избори во Франција: Николас Саркози е избран за претседател на Франција.

Родени:

1501  Марцел IIримски папа.
1848  Васил Апостолов Икономов — македонски учител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач и калиграф.
1856  Сигмунд Фројд — австриски научник, основач на психоанализата.
1868  Гастон Леру — француски новинар и писател.
1868  Николај IIруски цар (убиен 1918).
1869  Апостол Петков — македонски револуционер.
1895  Рудолф Валентино — американски глумец.
1915  Орсон Велс — американски глумец и режисер.
1935  Вук Крњевиќ — српски поет.
1941  Ивица Осим — босански и југословенски фудбалер и тренер.
1951  Шабан Шаулиќ — српски фолк-пејач.
1953  Тони Блер — британски политичар.
1954  Дора Бакојани — грчка политичарка.
1961  Џорџ Клуни — американски глумец и режисер.
1963  Алесандра Фери — италијанска балерина.
1973  Дејан Томашевиќ — српски кошаркар.
1976  Иван де ла Пења — шпански фудбалер.
1980  Димитрис Дијамантидис — грчки кошаркар.
1982  Франсиско Вентосо — шпански велосипедист.
1983  Дани Алвеш — бразилски фудбалер.
1985  Крис Пол — американски кошаркар.
1986  Горан Драгиќ — словенечки кошаркар.
1986  Роман Кројцигер — чешки велосипедист.
1987  Дрис Мертенс — белгиски фудбалер.
1992  Јонас Валанчиунас — литвански кошаркар.
1993  Урош Ковачевиќ — српски одбојкар.
1994  Матео Ковачиќ — хрватски фудбалер.
1995  Марко Пјаца — хрватски фудбалер.

Починале:

1910  Едвард VIIбритански крал.
1945  Џемаил Хасани — водач на „Бали Комбетар“ за Западна Македонија.
1949  Морис Метерлинкбелгиски писател.
1959  Рагнар Нурске — естонски економист.
1991  Сашо Гешовски — првата жртва од Македонија во воените конфликти во СФР Југославија.
1992  Марлен Дитрих — американска филмска глумица од германско потекло.
1993  Велко Силјаноски — редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, основоположник на дисциплината фонетика на англиски јазик.
2004  Барни Кесел — американски џез-музича
2007  Стеван Раичковиќ — српски поет.
2015  Ерол Браун — американски соул и фанк пејач, член на групата „Хот чоколит“ (Hot Chocolate).

Празници:

Ѓурѓовден — денот кога во 303 г. според традицијата е погубен Светиот великомаченик Георгиј.
Ерделез — традиционален празник на Ромите.