Петре Арсовски
Петре Арсовски (р. 12 јуни 1945 во Мокрени, Велешко) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Петре Арсовски | |
---|---|
Роден(а) | 12 јуни 1945 Мокрени, ДФ Македонија, ДФ Југославија |
Националност | Македонец |
Занимање | глумец |
Активен период | 1968 - сѐ уште |
Познат(а) по | по улогите во: Среќна Нова ’49 Истрел Сенки над Балканот Тетовирање Македонскиот дел од пеколот Трето полувреме Златна петорка Нели ти реков Другарот |
Животопис
уредиПетар Арсовски дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Бил првата генерација димломирани глумци заедно со Ѓорѓи Колозов, Мајда Тушар, Гоце Влахов, Снежана Киселичка, Кирил Псалтиров, Соња Каранџуловска, Ацо Дуковски, Лилјана Велјанова и Љупчо Петрушевски.
Првата улога Петре Арсовски ја остварува во 1968 година во претставата „Венецијански близнаци“ во улога Првиот полицаец, чија премиера била одржана на 12 декември 1968 година. Во текот на својата театарска кариера, учествувал во глумење на 58 ликови на сцената на МНТ, како и 16 ликови на други сцени од други театри.
За првпат на филм се појавил во играниот филм „Македонскиот дел од пеколот“ во 1971 година. Во 1974 година се вработил во Македонскиот народен театар каде се пензионирал во 2009 година. И покрај пензионирањето, Арсовски продолжил со играњето во претстави и филмови.
Тој во својата кариера има остварено, бројни филмски улоги, играјќи во над 60 филмови и над 20 телевизиски серии. Тој е единствениот македонски глумец кој има остварено над 80 филмски и телевизиски улоги, заедно со Петре Прличко, Мето Јовановски и Илија Џувалековски. Остварил главни улоги во филмовите: Истрел, Најдолгиот пат, Пресуда, Време, води, Среќна нова '49, Тетовирање, Стапица, Трето полувреме, Златна петорка. Играл и во телевизиските серии: Волшебното самарче, Бушава азбука, На наш начин, Трст виа Скопје, Во светот на бајките, Македонски народни приказни, Заведени и Сенки над Балканот.
Во 2018 година по повод 50 години од својата глумечка кариера, Арсовски направил изложба во фоајето на Македонскиот народен театар[1]. Добитник е на повеќе награди и признанија.[2]
Живее и работи во Скопје.
Филмографија
уредиГодина | Филм | Улога | |
1970-ти▲ | |||
1971 | Македонски дел од пеколот ТВ-филм | Панде Кајзеро | |
1972 | Истрел ТВ-филм | Игор | |
1973 | Добра долина ТВ-филм | ||
1973 | Смилевскиот конгрес ТВ-филм | Петар Ацев | |
1974 | Средба ТВ-филм | Јон | |
1974 | Волшебното самарче ТВ-серија | Петре | |
1975 | Јад ТВ-филм | ||
1976 | Цимерите од соба 306 ТВ-филм | Веле | |
1976 | Најдолгиот пат ТВ-филм | Јован | |
1977 | Итар Пејо ТВ-серија | Клисарот | |
1977 | Нели ти реков ТВ-филм | ||
1977 | Пресуда ТВ-филм | ||
1980-ти▲ | |||
1980 | Време води ТВ-филм | Петар | |
1981 | Булки крај шините ТВ-филм | Ристе | |
1982 | Јужна патека ТВ-филм | Ѓорѓи | |
1982 | Јагне на ражен ТВ-филм | Кузман | |
1982 | Илинден ТВ-серија | ||
1983 | Записник ТВ-филм | ||
1983 | Опасни траг ТВ-филм | ||
1984 | Нели ти реков ТВ-филм | ||
1984 | Белото циганче ТВ-серија | ||
1984 | Го мемираше мојот јастраб ТВ-филм | Бајрам | |
1985 | На наш начин | ||
1985 | Бушава азбука ТВ-серија | ||
1985 | Јазол ТВ-филм | Симеон | |
1986 | Среќна Нова ’49 ТВ-филм | Бургер | |
1989 | Еурека ТВ-серија | Човекот | |
1990-ти▲ | |||
1990 | Трст виа Скопје ТВ-серија | Геро | |
1991 | Тетовирање ТВ-филм | Командир | |
1992 | Заминување од Пасквелија ТВ-филм | Арџо | |
1992 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
1993 | Бог да ги убие шпионите ТВ-филм | Сакир | |
1993 | Крик на немиот Индијанец ТВ-филм | ||
1995 | Ангели на отпад | Џокер | |
1995 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
1997 | Џипси меџик ТВ-филм | Босанац | |
1997 | Добредојдовте во Сарајево ТВ-филм | Џои | |
1998 | Салон Хармони ТВ-серија | Полицаецот | |
1998 | Збогум на 20-тиот век ТВ-филм | Мажот | |
2000-ти▲ | |||
2000 | Је ли јасно пријатељу ТВ-филм | Бесим | |
2000-2001 | Во светот на бајките ТВ-серија | ||
2000-2001 | Светот има осум страни ТВ-серија | ||
2000-2001 | Досие Скопје ТВ-серија | ||
2001 | Одмазда ТВ-филм | Александар | |
2002 | Вампирџија | ||
2002 | Заведени ТВ-серија | ||
2003 | Седум приказни за љубовта и свршувањето ТВ-филм | ||
2003 | Едно од лицата на смртта ТВ-филм | ||
2003 | Волци ТВ-филм | Лазе | |
2003 | Нежната прашина на заборавот ТВ-серија | Поп Серафим | |
2004 | Големата вода ТВ-филм | Воен доктор | |
2005 | Обични луѓе ТВ-серија | Трпе | |
2005 | Бал-кан-кан ТВ-филм | ||
2006 | Караула ТВ-филм | Илиевски | |
2006 | Стрмоглави ТВ-филм | ||
2006 | Патувања со рабробил ТВ-филм | ||
2006 | Мост ТВ-филм | Славеј | |
2006 | Американецот ТВ-филм | ||
2007 | Стапица ТВ-филм | Вељо | |
2009 | На изгрејсонце ТВ-филм | Војдан | |
2010-ти▲ | |||
2011 | Ова не е американски филм ТВ-филм | ||
2011 | Мистер Рубин ТВ-филм | Професор | |
2012 | Скопје ремикс ТВ-филм | ||
2012 | Трето полувреме ТВ-филм | Папас | |
2012 | Човекот со чудна навика, да ме удира со чадор по глава ТВ-филм | Боге | |
2013 | Балканот не е мртов ТВ-филм | ||
2013 | Равна гора ТВ-серија | ||
2014 | До балчак ТВ-филм | Прв трговец | |
2015 | За кралот и татковината ТВ-филм | ||
2015 | Лазар ТВ-филм | Добре | |
2015 | Шишка делукс | ||
2016 | Ноќно живеење ТВ-филм | ||
2016 | Ослободување на Скопје ТВ-филм | Димчо | |
2016 | Златна петорка ТВ-филм | Џиџи | |
2017 | На терапија ТВ-серија | Татко на Владо | |
2017 | Љубов и предавство ТВ-серија | Џиџи | |
2017-2019 | Сенки над Балканот ТВ-серија | Газда Киро | |
2019 | Ефектот на Среќа ТВ-филм | Професорот | |
2020-ти▲ | |||
2020 | Другарот ТВ-филм | Димче | |
2023 | Лена и Владимир ТВ-филм | Васил | |
2024 | На се ќе дојде крај ТВ-филм | Амбасадор |
Награди
уреди- 1976 - фф Ниш Награда за најхумана улога во филмот „Најдолгиот пат“
- 2018 - награда „11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста[3]
- 2018 - Награда за животно дело Војдан Чернодрински
- 2021 - Награда „13 Ноември“ на град Скопје
Наводи
уреди- ↑ „Изложба за 50 години глумечка кариера на Петре Арсовски“. kurir.mk. 18 декември 2018. Архивирано од изворникот на 2019-07-31.
- ↑ „Интервју со Петре Арсовски“. Рацин.мк. Посетено на 11 декември 2024.
- ↑ Доделување на наградата 11 Октомври на семрежното место на Собранието на Република Македонија
Надворешни врски
уреди- Петре Арсовски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Биографија на Петре Арсовски на мрежното место на Македонски народен театар