Истанбул

(Пренасочено од Стамбол)

Истанбул (турски: İstanbul; низ историјата познат и како Византион, старогрчки: Βυζάντιον, латински: BYZANTIVM; Цариград, старогрчки: Κωνσταντινούπολις; Цариград, старословенски: Цѣсарьградъ) — најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од 14.657.434[2] жители. Истанбул, исто така е велеград, како и голем финансиски и културен центар во Турција и светот. Градот се наоѓа во истоимената покраина.[3] Градот е расположен на Босфорот, на границата помеѓу заливот Златен Рог и Мраморно Море, во северозападниот дел на земјата. Истанбул е единствената метропола во светот која се наоѓа на два континента: европски (Тракија) и азиски односно Анадолија.

Истанбул
İstanbul (Истанбул)
Најпознатите места во градот
Најпознатите места во градот
Најпознатите места во градот
Mестоположба
Mестоположбата на Истанбул
Mестоположбата на Истанбул
Координати

41°01′224″N, 28°58′33″E

Општи податоци
Име
- изворно
- други имиња


Истанбул
  İstanbul (Истанбул)
турски: İstanbul
грчки: Κωνσταντινούπολις (Константинуполис)
латински: Constantinopolis (Цариградис)
Прво доселување 667 п.н.е.
Основан Мегарски колонии
Византиом
Стари имиња Византион
Нов Рим
Цариград
Цариград или Стамбол
Повикувачки број (+90) 212 (Европска страна)
(+90) 216 (Азиска страна)
Портал Istanbul Portal
Управа
Земја  Турција
Покраина Истанбул
Градоначалник Екрем Имамоглу (Републиканска народна партија)
Географија
Површина 1.830,92 km²
Клима умерена, океанска и суптропска
Население
Население 15,067,724[1] жители
година:
Густина 2,820 ж./km²

Во својата долга историја, Истанбул служел како главен град на Римско Царство (330-395), на Источното римско (византиско) царство (395-1204 и 1261-1453), на Латинско Царство (1204-1261), и Отоманско Царство (1453-1922). Градот беше избран за Европска престолнина на културата за 2010 година. Историските области на Истанбул се вклучени во Списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО во 1985 година.[4]

Имиња на градот

уреди
 
Константин I

Во текот на својата историја, градот името на градот бил на неколкупати менувано.

  • Византион бил основан во 667 п.н.е. од страна на мегарските колонисти. Така бил наречен според нивниот владетел Бизас[5]. Од ова име подоцна произлегло и името на Византиското Царство. За многу краток период градот го носел и името август Антонија кое било дадено од страна на царот Септимиј Север во чест на неговиот син Антониј.
  • Нов Рим, градот своето име го добил по изборот за нова престолнина на Византија од страна на Константин I во околу 330 година[6] Alma Roma Ἄλμα Ῥώμα, Βυζαντιάς Ῥώμη, ἑῴα Ῥώμη 'Eastern Rome', Roma Constantinopolitana.[5]:354 Но ова име не се задржало многу во употреба. Самото име било користено во времето на Големиот раскол.
  • Цариград, ова име го имал околу 16 века или поточно од 330 година сè до 1930 година. Името произлегува од царот Константин I, а во превод значи „градот на Константин[7]. Во времето на Византија исто така било употребувано и името Византион. Името Цариград продолжило да се употребува и по падот на Цариград, со исклучок во времето на Мустафа III (1717-1774) кога градот се нарекувал Исламбол, што значи полн со ислам.
  • Цариград e традиционалното словенско име на градот и како такво се среќава во сите словенски јазици. Во превод Цариград означува „град на царевите“. Ова име било користено и од страна на потчинетите Грци во Османлиското Царство како и Стинполи („шетање во град“). Многу популарно име бил и Стамбол во времето на Османлиското Царство.
  • Истанбул е име кое градот го добил по 28 март 1930 година и превратот во Турција. Самиот збор Истанбул означува „кон градот“[8].

Историја

уреди

Рана историја

уреди

Во 2008 година, за време на градежните изградби на Истанбулското метро и тунелот „Мармарај“, односно на деловите на поранешниот Цариград, била пронајдена непозната неолитска населба која датира од околу 6500 п.н.е.[9][10][11][12] Првата колонизација на околината околу денешниот град и во Анадолија била во бакарното време, односно во периодот помеѓу 5500-3500 п.н.е. Прва населба која била населена е денешниот Кадиќој (Халкедон), од страна на Фенекијците. За основањето на градот постојат повеќе легенди. Според една, Бизас или Визас од Мегара, град блиску до Атина го основал градот. Тој со својата флота од неговиот град испловил кон североисток по Егејското Море. Тој го прашал оракулот во Делфи каде точно да го основа својот нов град, а оракулот кажал: „кај слепците“. Тој точно не разбрал што всушност значело тоа. Но кога пристигнал на бреговите од Мала Азија на Босфорот, разбрал што значело истото. На брегот постоел грчки град по име Халкедон. Визас сметал дека жителите на градот се слепи бидејќи не гледале со каква земја располагаат само на неколку метри од другата страна на Босфорот. Така, тој таму го основал градот, и го нарекол по себеси Византион. Градот многу бргу станал основен трговски град поради својата географска положба и единствениот пат кој водел кон Црно Море. Подоцна, Византион го презел Халкедон.

По нападот на Песцениј Нигер против победничкиот Римски цар Септимиј Север, градот бил под опсада од страна на Римјаните и претрпел голема штета во 196 година. Византион бил обновен од страна на Север и брзо ги повратил својот претходен просперитет. За многу краток период градот го носел и името Август Антонија кое било дадено од страна на царот Септимиј Север во чест на неговиот син Антониј.[13]

Византиско Царство

уреди

Локацијата на Византион најмногу му го привлекла вниманието на Константин I Велики во 324. Во текот на 3 век, Римското Царство била опфатена со голема криза. Во тогашни услови, старата престолнина Рим немала услови да опстојува како таква во такви услови. Царот Диоклецијан тоа многу добро го разбрал, и затоа во негово време тој со својата империја раководел од Никомедија во Мала Азија. Неговиот наследник, Константин I Велики бил прв император кој барал простор за изградба на новата престолнина. Според него, таа требало да се изгради на Босфорот, на местото каде се наоѓал античкиот грчки град Византион. Ова било местото кое Европа ја делел од Азија. Изградбата на новата престолнина започнала во 324 година. Лично Константин бил оној кој го направил планот на градските ѕидини. По само шест години, на 11 мај 330 година бил официјално основан градот под името Цариград, градот на Константин. Од тогаш, тој исто така бил нарекуван и Нов Рим. Подоцна, градот од страна на Словените бил наречен Цариград.

Поради добрата стратегиска и географска положба на градот, Цариград станал огромен град за тоа време, скоро половина милион жители. Тој бил изграден во римски дух и традиција. За разлика од стариот Рим, новиот Рим бил не само римски туку и христијански. Во него биле изградени големи дворци, амфитеатри, аквадукти и христијански храмови. Една од најпознатата градба од раната историја на Цариград е црквата Аја Софија, која била седиште на Цариградската патријаршија, како духовен водач на православните христијани. Денеска, истата се наоѓа во населбата Фенер во Истанбул[14].

Историски територии на Истанбул
светско наследство на УНЕСКО
 
КритериумКултурни: I, II, III, IV
Навод356
Запис1985 (9 заседание)

Латинско Царство

уреди

Во 1204, односно во текот на Четвртата крстоносна војна, во походот кон Ерусалим, крстоносците го зазеле Цариград.[15] Како една од причините за напаѓање на градот од страна на крстоносците била нивната финансиска зависност од Венеција, чии флоти требало да бидат транспортирани до бреговите на Светата земја. Поради недостаток на финансиски средства, крстоносците биле принудени од страна на Енрико Дандоло за напад кон градот, претходно зазимајќи го Задар. По преземањето на градот, бил ставен на еден начин крај на Византија. Од нејзините територии биле создадени три царства: Никејско Царство, Трапезунтско Царство и Епирско Деспотство. Во времето на Латинското Царство, Цариград бил изложен на постојано ограбување од страна на крстоносците. Голем број на реликвии, мошти на светци и предмети од религиозно значење биле пренесени на запад во Европа. Во 1261 година, градот повторно бил заземен од страна на Византија во времето на Михаил VIII Палеолог.

Османлиско Царство

уреди

Во последните децении на Византиското Царство, градот заедно со империјата западнале во голема финансиска криза. Долго време, градот постоел само како град-држава, кој бил опколен од Османлиското Царство. Војската која го бранела Цариград била мала. Имала околу 7000 луѓе под оружје од кои околу 2000 биле странци. Во моментот кога започнала османлиската опсада, заедно со бегалците од околината, популацијата изнесувала околу 50.000 луѓе[16].

На почетокот на опсадата, Мехмед II ги испратил неговите најдобри единици да ги редуцираат преостанатите упоришта на Византијците кои се наоѓале надвор од градот. Тврдината Терапија на Босфор и малиот замок во селото Студиус, во близина на Мраморното море, биле заземени за само неколку дена. Островот на принцовите, во Мраморното море, бил заземен од страна на флотата на адмиралот Балтоглу.[17] Во ноќта на 28 април бил направен напор да се уништат отоманските бродови кои веќе се наоѓале во Златниот рог, но Османлиите биле предупредени за нападот и ги присилиле христијаните, кои претрпеле големи загуби, да се повлечат. Од тогаш одбраната на градот била преморана да ги брани и ѕидините кои гледаат на страната на Златниот рог. Со тоа одбраната на останатите ѕидини била ослабена. Згора на тоа, непристапноста на морето значела и неможност за лесно доаѓање до храна. Па така храната започнала да претставува проблем во градот. Сега надежта на бранителите била свртена кон Венеција и кон вербата дека нивните браќа од Западот нема да ги остават сами во оваа битка и дека ќе ја испратат ветената помош.

На 3 мај Константин XI испратил еден мал венециски брод кој, носејќи турско знаме, успеал неприметно да излезе од градот. Бродот се вратил во градот на 23 мај, повторно успевајќи да ја надмудри турската морнарица, но вестите кои со себе ги носел не биле добри. По три недели потрага немало никакви знаци дека помошта пристигнува – „одбраната на градот е оставена сама на себе“. На секој морнар поединечно Константин XI му заблагодарил лично. Тие можеле да отпловат на сигурно, но решиле да се вратат во градот каде ги чекала скоро сигурна смрт. На 28 мај додека отоманската армија за подготвувала за последниот напад, во градот биле одржани религиозни обреди од големи размери. Истата вечер, во црквата Света Софија, во атмосфера на исчекување се одржала и последната заедничка религиозна церемонија православните и католички христијани.[18] Османлиската војска брзо напредувала низ широките улици на градот. Минувајќи низ градот војската поминала и покрај црквата на Светите Апостоли во која Мехмед имал намера да постави нов патријарх со чија помош ќе можел полесно да ги контролира своите христијански поданици. Минувајќи низ улиците на градот војската конечно се собрала на плоштадот Августеум кој се наоѓал пред црквата Света Софија во која голема толпа од луѓе, во потрага по заштита од Бога, цврсто ги држела бронзените врати од внатрешната страна. Откако Османлиите успеале да ја отворат вратата луѓето кои биле затекнати во црквата биле одвоени според нивната цена на пазарот на робје. Имало и силувања велат некои историчари.[19] Војниците се бореле и меѓу себе за да приграбат материјални добра. Според венецискиот хирург Николо Барбаро „во текот на целиот ден Турците вршеле колеж над христијанското население во градот“.[20] На крајот Мехмед II наредил да престане дивеењето и ги испратил своите трупи надвор од ѕидините на градот.[21][22]

Градот во времето на Османлискиот период

Република Турција

уреди

Кога Република Турција била основана во 1923 година од страна на Мустафа Кемал Ататурк, главниот град бил преместен од Истанбул во Анкара. Во раните години на републиката, Истанбул имал прилив на мал капитал. Сепак, почнувајќи од крајот на 1940-тите и почетокот на 1950-тите, Истанбул станал подложен на големи структурни промени, како на нови јавни плоштади (како на пример Плоштад Таксим), булевари и авении по целиот град. Понекогаш за нивна сметка биле срушувани и многу стари градби. Почнувајќи од 1970, населението на Истанбул започнало нагло да се зголемува, главно поради миграцијата на населението од Анадолија, со цел да најдат вработување во новоизградените фабрики. Овој ненадеен висок раст на населението во градот предизвикало голема побарувачка за домување, и голем дел од тогашните села или шуми станале дел од градот. Нелегалното градење, придонеле 65% од зградите во Истанбул да бидат изградени без соодветно планирање.[23] Загриженоста на ова се зголемила по земјотресот во Измит на 17 август 1999 година[24] и големите поплави од 9 септември 2009 година.[25]

Географија

уреди

Местоположба

уреди
 
Местоположбата на градот помеѓу Босфорот

Истанбул се наоѓа на северозападниот дел во Турција. Градот го опфаќа јужниот дел на Босфорот, на границата помеѓу заливот Златен Рог и Мраморно Море, во северозападниот дел на земјата. Истанбул е единствената метропола во светот која се наоѓа на два континента: европски (Тракија) и азиски односно Анадолија. Градот покрива површина од 1.830,92 квадратни километри (707 sq mi), а покраината Истанбул пак опфаќа 5.196 км2.

Геологија

уреди

Истанбул се наоѓа во близина на Анадолската линија, која пак се протега од северна Анадолија до Мраморно Море. Околу овој регион се притиснати две тектонски плочи од Африка и Евроазија. Оваа крива линија е одговорна за неколку смртоносни земјотреси во регионот во текот на историјата. Во 1509 година катастрофален земјотрес предизвикал цунами кој избил над ѕидините на градот, уништувајќи повеќе од 100 џамии и убивајќи повеќе од 10.000 луѓе. Во 1766 Ејуп Султановата џамија во голема мера била уништена. Во 1894 година земјотресот предизвикал колапс на многу делови на Големата чаршија. Во катастрофалниот земјотрес на 17 август 1999 година, со епицентар во близина на Измит, починале 18.000 луѓе.[26] Сеизмолозите предвидуваат уште еден земјотрес, кој според евентуалното мерење бил требало да се случи пред 2025 година и истиот би требало да биде со силина од седум степени.[27]

Флора

уреди

Истанбул, кој се наоѓа во Мраморниот регион има умерена клима. Но, поради својата географска положба и географска должина, има и „транзиционална клима“, која клима ги опфаќа океанската клима преку Црното Море, континенталната клима преку Балканскиот Полуостров и суптропска сува клима на југозападниот дел од градот. Благодарение на постојаната влажна клима во Истанбул, во овој регион се сконцентрирани палеарктиските растенија, особено во северните области во близина на црноморското крајбрежје. Зголемување на средоземната флора е забележана во потоплите подрачја јужно од градот, особено на Принцевските Острови, единственото место во Истанбул со претежно средоземна вегетација.

Истанбул претставува вистинска и доминантна биома, главно поради умерените широколистни и мешани шуми, од каде започнуваат Балканските мешани шуми кои пак главно припаѓаат на Европско-Сибирскиот екорегион на Палеарктиската Екозона. Според турската Генерална дирекција за шумарство, 44% од покраината на Истанбул е покриена со шуми.

Доминантен вид на дрво е дабот, и истиот се среќава во три вида: обичниот даб, кињак и уУнгарскиот даб. Ориенталната бука е забележана во северните области во близина на брегот на Црното Море. Други вообичаени видови дрвја кои живеат во оваа област се: габер, костен, див костен, питом костен, бела топола, платан, црна евла, леска, чинар, клен итн.

Со околу 2.500 различни природни растителни видови, Истанбул еденод ретките градови во Европа кој има толку голем број на растенија. Ова значи дека Истанбул е дом на повеќе од една четвртина или на околу 10.000 видови растенија кои растат во Турција. Некои од нив се ендемски растенија, со други зборови, тие живеат само во Истанбул и никаде на друго место во целиот свет.[28]

Фауна

уреди

Истанбул има релативно богата фауна. На шумското пристаниште има 18 видови цицачи и над 71 видови птици. Постои и забрана за лов на истите. Во шумите најчестите цицачи се дива свиња, сив волк, златен чакал, црвена лисица, елен, елен лопатар и срна. Црвената верверица е населена само европскиот дел на Истанбул и Турција, каде Босфорот ја одбележува границата на нивните живеалишта во опсег.[29]

Доминантната видови птици во градот се галебот и чавката, кои практично го формираат делот од градскиот пејзаж. Други вообичаени видови птици се градскиот гулаб, гугутка и врабец.

Истанбул има посебно голема популација на мачки скитници и кучиња.

Клима

уреди
 
Градот покриен со снег

Истанбул има умерена клима, но се наоѓа во рамките на климатската транзициска зона[30] помеѓу океанска и суптропска клима. Во летото времето во Истанбул е жешко и влажно, температурата во месеците јуни и септември во средна вредност изнесува 28 °C (82 °F). Во текот на зимата, климата е студена, влажна и со чести снежни врнежи. Средната температура се движи околу 5 °C (41 °F). Просечната годишна влажност изнесува 79%.[31] Просечни годишни врнежи изнесуваат 844 мм.[32] Во летните периоди не постои вистинска летна суша бидејќи дождот се појават во текот на целата година, кое означува дека и климата не е средоземна. Снежните врнежи се доста застапени во периодот од декември до март, и најчесто траат од една недела до две, со исклучоци. Градот е исто така доста ветровит, со просечна брзина од 17 км / h (11 mph).[33][34]

Во текот на историјата, најниската температура која била измерена некогаш е −16,1 °C, на 9 февруари 1927 година. Од друга страна пак, највисоката температура која некогаш била измерена е 40,5 °C, на 12 јули 2000 година. На 9 септември 2009 година, во месноста Санаториум бил измерен најголемиот деноноќен врнеж во историјата на градот, од 342 минути без престан.

Климатски податоци за Инстанбул (Саријер), 1954–2013
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 22.0
(71.6)
23.2
(73.8)
29.3
(84.7)
33.6
(92.5)
34.5
(94.1)
40.5
(104.9)
41.5
(106.7)
39.6
(103.3)
36.6
(97.9)
34.0
(93.2)
26.5
(79.7)
25.8
(78.4)
41.5
(106.7)
Прос. висока °C (°F) 8.5
(47.3)
9.0
(48.2)
10.8
(51.4)
15.4
(59.7)
20.0
(68)
24.5
(76.1)
26.5
(79.7)
26.7
(80.1)
23.6
(74.5)
19.1
(66.4)
14.7
(58.5)
10.8
(51.4)
17.47
(63.44)
Сред. дневна °C (°F) 5.6
(42.1)
5.7
(42.3)
7.0
(44.6)
11.1
(52)
15.7
(60.3)
20.4
(68.7)
22.8
(73)
23.0
(73.4)
19.7
(67.5)
15.6
(60.1)
11.4
(52.5)
8.0
(46.4)
13.83
(56.91)
Прос. ниска °C (°F) 3.2
(37.8)
3.1
(37.6)
4.2
(39.6)
7.7
(45.9)
12.1
(53.8)
16.5
(61.7)
19.5
(67.1)
20.0
(68)
16.8
(62.2)
13.0
(55.4)
8.9
(48)
5.5
(41.9)
10.88
(51.58)
Најниска забележана °C (°F) −11.0
(12.2)
−8.4
(16.9)
−5.8
(21.6)
−1.4
(29.5)
3.0
(37.4)
8.5
(47.3)
12.0
(53.6)
12.3
(54.1)
7.1
(44.8)
0.6
(33.1)
−2.2
(28)
−7.0
(19.4)
−11
(12.2)
Прос. врнежи мм (ин) 105.3
(4.146)
77.3
(3.043)
71.8
(2.827)
44.9
(1.768)
34.1
(1.343)
34.0
(1.339)
31.6
(1.244)
39.8
(1.567)
57.9
(2.28)
87.7
(3.453)
101.3
(3.988)
122.6
(4.827)
808.3
(31.825)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0,1 мм) 17.5 15.2 13.8 10.4 8.1 6.0 4.2 4.9 7.3 11.2 13.3 17.3 129.2
Сред. бр. сончеви часови месечно 71.3 87.6 133.3 180.0 251.1 300.0 322.4 294.5 243.0 164.3 102.0 68.2 2.217,7
Извор: Државен метеоролошки завод на Турција (сончевост, 1960–2012)[35][36][37]

Градски пејзаж

уреди
 
Границите на градот во 1922 година
 
Поглед кон најпознатиот дел од градот

Истанбул има 39 населби (2009), од кои 27 се во градот Истанбул, кои сите заедно го формираат Големиот Истанбул, или Општина Истанбул. Истанбулските окрузи се подделени во три главни области:

  • Историскиот полуостров на стариот Истанбул, кој отприлика датира од времето на Цариград во 15 век. Стариот град се состои од населбите Еминону и Фатих. Оваа област се наоѓа на јужниот дел од бреговите на Златниот Рог, што ја одделува од стариот градски центар на севрен и современите делови и градби од европска земја. Историскиот полуостров завршува со Теодосиевите ѕидови на запад. Полуостровот е опкружен од страна на Мраморно Море на југ и на влезот на Босфорот на исток.
  • Северно од Златниот Рог се наоѓаат историските населби Бејоглу и Бешикташ, во кои се наоѓа последната палата на султанот. Овде се наоѓаат и поранешните села Ортаќој и Бебек, односно по должината на бреговите на Босфорот. Од двете страни на Босфорот, азиски и европски, се наоѓаат богатите истанбулски луксузни градби, наречени Гали кои биле користени како летни резиденции.
  • Населбите Усќудар (древен Крисополис) и Кадиќој (древен Халкедон), кои се наоѓаат на азиската страна, во почетокот егзистрале како оделни градови и истите во текот на историјата биле заземени од страна на византиските цареви или османлиските султани. Денес, на азиската страна од градот има изградено голем број на современи станбени области и бизнис области, и овој дел е дом на околу една третина од населението во Истанбул.



Урбанизам

уреди

Урбанистичкиот план на Истанбул постојано се менува. Во грчкиот, римскиот и византискиот период, градот во голема мера бил сконцентриран на историскиот полуостров во Цариград. Кулата Галата (исто така позната и како Пера, во денешно време Бегоглу) била сместена на север, Крисополис (Усќудар) и Халкедон (Кадиќој) на исток, преку Босфорот. Во античко време, сите овие градови биле независни едни од други, односно одделени во целина. Денешниот град Истанбул може да се смета како метрополитска област на стариот Цариград, кој ја опфаќа секоја населба околу оригиналниот град, кој со своето проширување во текот на XIX век, сите овие области биле приклучени кон градот.

До почетокот на XIX век, градските ѕидини на Галата, средновековната џеновска цитадела, користеле за одбрана на градот. Овие џеновски тврдини (од кои само Кулата Галата и мал дел од ѕидовите околу него се задржани до ден денес), во голема мера биле срушени во почетокот на 1800-тите, преку кои бил направен патот за проширување на север од градот, кон денешните населби Бешикташ, Шишли, Нишанташи и други.

Во последниве децении биле изградени многу високи градби околу градот, кое придонело до брз пораст на населението. Околните градови биле апсорбирани во Истанбул, од кое се заклучува дека градот бил проширен и од неговата надворешна страна. Највисоките многукатни згради, канцелариски и станбени објекти најчесто се наоѓаат во северните области, односно во европскиот дел на градот, особено во бизнис центрите на Левент, Маслак, и Меџидиеќој, која се наоѓа помеѓу Босфорскиот мост и Мостот Фатих Султан Мехмет. Левент и Етилер исто така имаат голем број на трговски центри, како Канјон, Метросити, Акмеркез итн. Седиштето на најголемите турски компании и банки исто така се наоѓаат во овие области.

Почнувајќи од втората половина на XX век, азиската страна на Истанбул, која првично била мирно место каде се наоѓале летните резиденции и домот, опкружени со борова шума, доживеала голема урбанистичка промена. Изградбата на долгата и широка улица Багдат, заедно со голем број на продавници и ресторани, придонеле многу за почетната урбана експанзија во регионот. Фактот што овие области биле главно празни до 1960-тите, веќе во следните години се обезбедило можност за развој на подобра инфраструктура и урбанистички план, во споредба со повеќето други населени места во градот. Но, вистинското проширување на азиската страна дошло најмногу со отворањето на патот кон Анкара, продолжување на Е5 автопатот, кој се наоѓа на север од улицата Багдат, паралелно на железничката линија. Друг важен фактор кој го предизвикал неодамнешниот пораст на азискиот дел од градот била миграцијата од Анадолија. Денес, повеќе од 1/3 од жителите на градот живеат во азиската страна на Истанбул.

Како резултат на експоненцијалниот раст на градот во текот на втората половина на XX век, значителен дел од периферијата на градот се состои од т.н. ѓечекондус, турски збор за градба создаден во 1940 година што значи „изграден преку ноќ“ и се однесуваат на нелегално изградените објекти. Во моментов, овие градби постепено се рушат и истите се заменуваат со модерни архитектурни легални објекти.

Архитектура

уреди
 
Леандерска кула
 
Хиподромот во Цариград

Низ својата долга историја, Истанбул има добиено репутација како еден од најголемиот центар од најразновидни архитектонски стилови. Како резултат на тоа, постојат многу историски џамии, цркви, синагоги, дворци, замоци и кули. Некои од овие историски градби, денеска го претставуваат срцето на градот и истите се најголемите туристички атракции на современа Турција.[40]

Стара Грција и Рим

уреди

Познатата Леандерска кула, е еден од симболите на Истанбул. Кулата била изградена во времето на Алкивиад во 408 п.н.е. целта на изградбата била поголема контрола на движењата на персиските бродови во теснецот.[41] Тогаш кулата била сместена помеѓу античките градови Византион и Усќудар. Кулата подоцна била проширена и изградена како тврдина од страна на византискиот цар Алексеј I Комнин во околу 1110 година, а истата била обновувана и на неколкупати за нијанса изменувана од страна на отоманските Турци, позначајно во 1509 и 1763.[41] Кулата со векови се користела како светилник. Денеска, во внатрешноста на кулата има кафуле и ресторан, со одличен поглед кон поранешната римска, византиска и отоманска престолнина.[42]

Еден од најзначајните споменици на Римската архитектура во градот е Колоната на Константин (турски: Çemberlitaş), која била изградена во 330 година од страна на Константин I Велики за одбележување на новиот главен град на Римското Царство.[43]

Другите градби кои потекнуваат од римскиот период се аквадуктот Валент, Готската колона, Големата палата во Цариград која претставувала голема империјална палата во југоисточниот дел на денешниот Стар Истанбул (односно населбата Фатих) и истата служела како главна резиденција на византиските цареви во периодот од 330-1081 година, Хиподромот во Цариград кој бил изграден во 3 век за време на владеењето на Септимиј Север итн.

Изградба на Цариградските ѕидини започнале да се градаат во времето на Константин Велики[44], чија цел била одбрана на Новиот Рим од непријателот. Ѕидините на градот биле продолжени и обновени во времето на византискиот цар Теодосиј II, кој ги обновил по земјотресот во 447 година, и како такви во голема мера се задржиле до денес. Колоната на Маркијан (турски: Kıztaşı) била изградена од страна на царот Маркијан (450-457).

Византиска уметност

уреди
 
Црквата посветена на Света Ирина датира од 4 век, и била првата црква која била изградена од Константин по преместувањето на престолнината

Раната византиската архитектура се одликува со класичните римски модели на арки и куполи. Како една од првите цркви кои биле изградени во новата престолнина на Источното Римско Царство била црквата Света Ирина во 4 век односно во времето на Константин I Велики. Од раната византиска архитектура, освен црквата Света Ирина, се одвојуваат и црквата Мала Света Софија и црквата Голема Света Софија кои датираат од 6 век во времето на Јустинијан I. Црквата Аја Софија била најголемата градба во тоа време. При осветувањето на црквата на 27 декември 537 година, се вели дека Јустинијан ги изрекол следните зборови: „Соломоне, јас те надминав“, мислејќи на Храмот на Соломон во Ерусалим.

 
Црквата Света Софија, која подоцна била претворена во џамија, била изградена во времето на Јустинијан

Според археолошките ископувања во Големата палата во Цариград, која се наоѓала веднаш до Аја Софија, биле пронајдени голем број на мозаици и ѕидни декорации, кои денеска се прикажани во Музејот на Мозаикот од Големата палата. Во близина на оваа локација се наоѓала и кулата Магнаура, врз која сѐ уште се вршат археолошки ископувања[45]. Големата палата била изградена во времето на Константин Велики, но истата градба на неколкупати била проширувана, а најголемото свое проширување го имала во времето на Јустинијан. Палатата Букелеон, алтернативно позната како Палата на Хормизд, била изградена во времето на Теодосиј II во 5 век, а во времето на Теофил во текот на 9 век била проширена, а во текот на 10 век во времето на Никифор II Фока биле изградени ѕидините околу големата палата, и самиот Букелеон бил сместен во дворскиот комплекс.[46] На источниот дел од големата палата се наоѓал Хиподромот, кој исто така бил поврзан директно со Големата палата.[47][48]

На местото на денешната Света Софија, црква постоела уште од времето на царот Константин I, која била започната да се гради уште во 325 година. Но црквата горела до темел двапати, вториот пат од пожарите за време на Бунтот Ника во времето на Јустинијан I во 532 година. Целата внатрешност на црквата била украсена или со злато или со некој скап вид на мермер. Многу од мермерните плочи биле донесени од стари храмови од античките градови во Мала Азија. Во август 553 и на 14 декември 557 година, два земјотреси во Цариград предизвикале пукнатини на главната купола и на источниот свод. По уште еден земјотрес на 7 мај 558 година, главната купола целосно се урнала. Јустинијан веднаш наредил да се направат поправки, кои се завршени дури во 562 година. По завршувањето на поправките, била повторно осветена од патријархот Евтихиј на 23 декември 562 година. Оттогаш, црквата го има денешниот изглед. Внатрешните мозаици биле направени во времето на Јустин II (565578). Црквата Мала Света Софија, која според податоците била меѓу првите цркви во градот, била земена како модел при изградбата на црквата Света Софија.

Во раната византиска архитектура, исто така се издвојува и градбата цистерна Базилика, која во времето на Византија, оваа подземна цистерна го снабдувала Цариград со вода. Се наоѓа помеѓу поранешниот Хиподром и Аја Софија, а позната е по своите столбови. Цистерната е долга 146 метри, широка 65 метри и зазема површина од 9.800 m². Во текот на 462 година бил изграден и манастирот посветен на Свети Јован Крстител, кој денеска се наоѓа под урнатини и рушевини.

Можеби една од најстарите византиски градби бил затворот Анемас[49], изграден во времето на Ираклиј I (610-641). Градбата се наоѓала во ѕидините на Влахерна, на западниот крај на Цариград, во близина на ѕидовите на Теодосиј II. Името „Анемас“ доаѓа од Михаел Анемас, византиски војник кој се обидел да убие царот во 1107, но бил фатен и затворен на ова место. Палатата на Константин Порфирогенит (турски: Tekfur Sarayı) е единствената градба која е зачувана до денеска од Влахерна, и истата датира од периодот на Четвртата крстоносна војна. Палатата Букелеон била примарна за престој на латинските императори во Цариград во периодот од 1204 до 1261 година.

По повторното зазимање на Цариград на сметка на крстоносците во 1261 година, византиските цареви Големата палата ја посретнале речиси целосно напуштена. Главната византиска резиденција била преместена во Букелеон, која се наоѓала во западниот дел на градот. Најважните цркви, кои биле изградени по византиското повторно заземање на Цариград во 1261 година се: манастирот Богородица Памакаристос и црквата Исус Спасител. Исто така во овој период, Џеновската популација во 1348 година ја обновила Кулата Галата, која се наоѓа во областа Галата, северно од Златниот Рог. Тогаш кулата била наречена Christea Turris (односно Кулата на Христос). Од овој период датира и замокот Јорос.

Османлиска архитектура

уреди
 
Топкапи-сарај била резиденција на османлиските султани

Во текот на османлискиот период во градот биле изградени безбројни објекти од најразличен карактер. Во 1394 година, во Анадолија (време кога градот сѐ уште не бил под власта на Османлиите) бил изграден Анадолски Хисар на азиската страна од денешниот град (тогаш област) и Румелихисар на европската страна во 1452 година, на само една година пред освојувањето на Цариград од страна на Османлиите. Основната цел на овие замоци, кои биле опкружени со најразлично оружје, била да се блокира поморскиот сообраќај на Босфорот и да се спречи пристигнувањето на бродови од џеновските колонии преку црноморското пристаниште на денешните украински градови Кафа, Синоп, и Амарса кои доаѓале за да им помогнат на Османлиите во турската опсада на градот[50]. Првата џамија која била изградена на европска страна во Цариград била во внатрешноста на Румелихисар во 1452 година.

По отоманското освојување на градот, султанот Мехмед II наредил да се изготви голем план за промена на архитектурниот изглед на градот. Во ова време започнале да се градат Топкапи-сарај, Голема чаршија, златната порта (главна порта за влез во градот).

Првата џамија која била изградена во градот од страна на Османлиите била Ејуп Султан џамија во околу 1459 година. Џамијата била изградена на местото на гробот на Ајуб Абу ал-Ансари, придружник на пророкот Мухамед кој загинал надвор од земјата во 669 година[51], во текот на првите престрелки во Опсадата на Цариград од страна на Арапите чија цел била да го преземе градот. Првата царска џамија во внатрешноста на градските ѕидини била Фатих џамија (1470) која е изградена на местото на Црквата на Светите апостоли, важна византиска црквата во времето на Константин Велики. Многу други царски односно султански џамии биле изградени во следните векови, како на пример познатата Сулејманова џамија (1557), која била посветена на Сулејман Величествениот и дизајнирана од страна на османлискиот голем архитект Синан, Султан Ахмедовата Џамија (1616) која исто така е позната како Сината џамија поради сините плочки кои стојат во нејзината внатрешност. Таа е првата џамија во Османлиското Царство, која има 6 минариња. Во 1597 година била изградена и третата т.н. султанска џамија, наречена џамија Јени.

Во текот на XVIII век и XIX век, отоманските традиционални архитектонски стилови постепено започнале да се заменуваат со европски стилови, како на пример во барокски стил бил изграден ентериетор на Палата Ајналикавак (1677-1679) и Нуруосманлиската џамија (1748-1755, првата барокна џамија во градот, исто така позната по својата барокна фонтана). Во текот на XVIII век, во Топкапи-сарај бил додаден женскиот харем, исто така во стил на барокот. По танзиматските реформи кои делотворно го започнале процесот на европизација на империјата во 1839 година, новите палати и џамии биле градени во стил на Неокласика, Барок и Рококо. Од ова време датираат палатите Долмабахче и Беглербеговскиот дворец, како и Џамија Ортаќој.[52] Најпознати градби од XX век кои биле изградени во денешниот Истанбул се: Палата Јилдиз, Палата Хедив итн.

Администрација

уреди

Моменталниот градоначалник на Истанбул е Кадир Топбаш, кој служи како префект на градот.[53] Гувернатор на целата покраина Истанбул е Муамер Ѓулер[54].

Метрополитскиот совет е одговорен за сите органи на локалната власт кога станува збор за донесување на одлуки.[55] Структурата на т.н. метрополска влада се дели на три главни органи: Градоначалник (кој се избира на секои пет години), Општински совет, кое претставува тело кое ги донесува одлуките заедно со градоначалникот на градот и градоначалниците на сите населби на градот, и Извршен комитет. Исто така постојат три вида на локални власти: општински, покраински и административни. Помеѓу локалните власти, општините добиваат поголема важност.

Општинската зграда на Истанбул се наоѓа во населбата Фатих, чија изградба започнала на 17 декември 1953 година и била завршена и отворена на 26 мај 1960 година. Зградата наскоро ќе биде срушена и заменета со нов објект[56].

Демографија

уреди

Населението на метрополата во периодот од 1985 до 2005 година се зголемило дури трипати. Околу 70% од цело население на градот живеее во европскиот дел и околу 30% во азискиот дел. Поради високата невработеност во југоисточниот дел на Турција, многу луѓе од регионот, мигрирале кон Истанбул, каде што тие самите ја основале периферијата на градот. Мигранти, главно од источна Анадолија пристигне во Истанбул очекувајќи подобрување на условите за живот и нивно вработување. Но, истото на крај завршило со многу мал успех.

Градот денеска има население од 11.372.613 жители според последниот попис кој бил направен во 2007 година[57], е еден од најголемите градови во светот денес. Стапката на пораст на населението во градот во моментов е 3,45% годишно во просек, и истата главно се должи на приливот на луѓе од околните средини. Густина на население во Истанбул е 2.742 население на квадратен километар (1.700 по квадратни километри)[58] Поголемиот дел од населението на градот се етнички Турци. Курдите го сочинуваат најголемото етничко малцинство во градот. Постојат неколку милиони Курдски мигранти од разни села во Истанбул.[59]

Историски градот во текот на раниот Среден век, е најголемиот град во светот, и е еден од најзначајните градови во текот на поголемиот дел од својата историја (со исклучок на периодот на распадот на Источното Римско Царство, или Византија). Неговото геополитичко значење уште од античките времиња придонело претставниците на најразлични етнички групи од цела Европа, Азија и Африка да мигрираат во градот. Низ неговата историја, етничките Грци биле асимилирани или прогонети од градот.

Следниот преглед го покажува бројот на жители по години. Бројките во периодот од 1927-2000 се резултатите од пописите. Бројките од 2005 и 2006 година се засноваат на компјутерски предвидувања.

Историска популација
Година Население
330 40.000
400 400.000
530 550.000
545 350.000
715 300.000
950 400.000
1200 150.000
1453 36.000
Година Население
1477 70.000[60]
1566 600.000
1817 500.000
1860 715.000
1885 873.570
1890 874.000
1897 1.059.000
1901 942.900
Година Население
1914 909.978
1927 680.857
1935 741.148
1940 793.949
1945 860.558
1950 983.041
1955 1.268.771
1960 1.466.535
Година Население
1965 1.742.978
1970 2.132.407
1975 2.547.364
1980 2.772.708
1985 5.475.982
1990 6.629.431
2000 8.803.468
2007 11.372.613
2015 14,657,434
 

Религија

уреди
 
Џамијата Ортаќој во стил на необарокот

Урбаниот пејзаж на Истанбул е обликуван од големиот број на религиозни заедници. Исламот е најголема религија во градот. Освен исламската зедница, во градот опстојуваат и Православните христијани, Ерменските христијани, мал број на Евреи и Католици. Според пописот од 2000 година, во градот има 2691 активни џамии, 123 активни цркви и 26 активни синагоги, како и 109 муслимански гробишта и 57 немуслимански гробишта. Во некои окрузи на градот живеат поголем број на немуслиманско население, односно тие во овие окрузи се најголемо малцинство. Како пример за ова е Кумкапи каде живеат значителен број на етнички Ерменци, областа Балат во која живеат значителен број на еврејско население, Фенер каде живеат поголем број на православни христијаниитн. Во некои региони, како на пример Кузгунчук, Ерменската црква е во непосредна близина со еврејската синагога, и од другата страна на патот пак се наоѓа Грчката православна црква и плус една џамија со неа.

Седиштето на Цариградскиот патријарх, Духовниот водач на Грчката православна црква и првиот патријарх на Православните заедници во светот, се наоѓа во населбата Фенер. Исто така, со седиште во Истанбул се наоѓа и архиепископот на турската православна заедница, Ерменскиот архиепископитн.

 
Султан Ахмедова Џамија

Муслиманите се најголемата религиозна група во Истанбул. Меѓу нив, сунитската форма е најзастапена, додека голем број на локални муслимани се Алевитите. Во 2007 година имало вкупно 2944 активни џамии во Истанбул.[61]

Во текот на својата историја, Истанбул бил седиште на исламскиот калифат, во периодот помеѓу 1517 и 1924 година, кога калифатот бил формално напуштен и сите негови ингиренции биле дадени на турскиот парламент. Во Турција и Истанбул е забрането носење шамии и слични религиски обележја на јавни места[62].

 
Внатрешноста на Црквата Свети Георги, седиште на Цариградската патријаршија

Градот е седиште на Вселенската патријаршија од 4 век, и продолжува да служи како седиште на некои православни цркви, како на пример Турската православна црква и Ерменската патријаршија. Градот порано, исто така, бил седиште на Бугарската егзархија, која била создадена на 28 февруари 1870 година.[63][64]

Секојдневниот живот на христијаните, особено на Грците и Ерменците кои живеат во Истанбул, значително се променил по падот на империјата, чие губење на територии во полза на Грција започнало во 1820 и продолжило во следниот век. Меѓусебните конфликти помеѓу христијани и муслимани, својата кулминација ја достигнала во периодот меѓу 1912 и 1922 година, за време на Балканските војни, Првата светска војна и Турската војна за независност. Христијанското население се намалило од 450.000 на 240.000 во периодот помеѓу 1914 и 1927 година.[65] Денес, поголемиот дел од етничките Грци или Ерменци во Турција живеат во или во близина на градот Истанбул. Бројот на турските Ерменци во Истанбул денеска изнесува околу 45.000[66] (не вклучувајќи ги речиси 40.000 ерменски работници во Турција, кои дошле од Ерменија по 1991 година и главно живеат и работат во Истанбул)[67]; додека грчката заедница, која изнесувала 150.000 граѓани во 1924 година[68], во моментов изнесува околу 4.000 граѓани.[66] Постојат, исто така, 60.000 истанбулски Грци кои во моментов живеат во Грција, но сепак го имаат задржено турското државјанство.

Сефардите живееле во градот за повеќе од 500 години. Тие побегнале од Пиринејскиот Полуостров за време на Шпанската реконквиста од 1492, кога тие биле принудени да го прифатат христијанството по падот на ел-Андалус. Тие биле прифатени од страна на османлискиот султан Бајазит II (1481-1512). Повеќе од 200.000 евреи се населиле прво во Тангер, Алжир, а подоцна во Солун и конечно во Истанбул. Султанот дал право над 93.000 Шпански Евреи да се засолнат во Отоманското Царство. Уште една голема група на Евреи пак дошле од јужна Италија која била под контрола на Шпанија. Италијанската синагога, која се наоѓа во Галата, претставува верски храм на околу 20.000 еврејски верници. Во градот има околу 23 синагоги, а најпознати се: Синагога Нев Шалом, Ашкенашката синагога и други.

Стопанство

уреди

Освен тоа што најголемиот град и поранешен главен на земјата, Истанбул отсекогаш бил центар на економскиот живот во Турција, поради неговата локација, како спој на меѓународните земјишта и морските трговски правци. Истанбул е исто така во Турција најголем индустриски центар. Градот зазема околу 20% од турскиот индустриски труд и придонесува за 38% од вкупниот процент на работнас сила. Истанбул и околината се познати по производство на памук, овошје, маслиново масло, свила, и тутун. Преработка на храна, производство на текстилни производи, нафтени деривати, гума, метал, кожа, хемикалии, фармацевтската индустрија, електроника, стакло, машини, автомобили, превозни средства, хартија и производи од хартија, и алкохолни пијалаци се меѓу главните индустриски производи. Според списание Форбс, во Истанбул живеат вкупно 35 милијардери, според податоци од март 2008 година, и според оваа категорија, градот се наоѓа на четвртото место во светот.[69]

Првично основана како Отоманска берза (турски: Dersaadet Tahvilat Borsası), во 1866 година, и реорганизирана на почетокот на 1986 година, Истанбулската берза (ISE) е единствената која тргува со хартии од вредност на пазарот на Турција.[70] Во текот на XIX век и почетокот на XX век, улицата Банкалар Кадеси која се наоѓа во Галата, станала голем финансиски центар на Отоманското Царство, каде што се наоѓало и седиштето на Отоманската Централна банка (се одржа како Банка-и Османи во 1856 година, а подоцна и реорганизирана како Банка-и Османи-и Шахане во 1863 година[71] и Отоманската берза од 1866 година.[72] Банкалар Кадеси продолжува да биде и денеска главната финансиска област во градот. Во почетокот на 1990-тите години, со развивањето на банкарските услуги, турските банки започнале свои филијали да отвораат и во други места на градот како Левент или Маслак[72] In 1995, the Istanbul Stock Exchange moved to its current building in the Istinye quarter.[73]

 
Маслак, еден од најголемите финансиски зони во градот

Денес, градот генерира 55% од турската трговија и 45% од трговијата на големопродажба, 21,2% од турскиот бруто-национален производ. Истанбул придонесува 40% од вкупните даноци собрани во Турција и произведува 27,5% од турските национални производи. Во 2005 година, градот Истанбул, имал БДП од 133 милијарди долари.[74] Во 2005 година, вкупниот извоз на компаниите со седиште во Истанбул бил $41.397.000.000, а увозот бил во вредност од $69.883.000.000; и самите проценти на ниво на целата република зазимаат до 56,6% и 60,2%[75].

Истанбул е еден од најважните туристички места во Турција и светот. Постојат илјадници хотели и други туристички ориентирани индустрии во градот, проследени со големиот број на објекти што се од културен карактер. Во 2006 година вкупно 23.148.669 туристи ја посетиле Турција, од кои повеќето од нив во земјата влегле преку морските пристаништа или преку аеродромите на Истанбул и Анталија.[76] Вкупниот број на туристи коишто влегле низ аеродромот Истанбул Ататурк и Сабиха Ѓукчен во Истанбул достигнал 5.346.658.[77] Истанбул е исто така е град на светските големи конференциски одредишта и е сè попопуларен избор за водечките светски меѓународни асоцијации.[78]

Јавни установи

уреди

Образование

уреди
 
Истанбулскиот универзитет

Истанбул ги поседува некои од најдобрите институции на високото образование во Турција, вклучувајќи и повеќе од 20 јавни и приватни универзитети. Повеќето од реномираните универзитети се јавни, но во последниве години има, исто така, пораст на бројот на приватните универзитети. Истанбулскиот универзитет, кој бил основан во 1453 година, е најстарата образовна институција во градот[79], додека Техничкиот универзитет во Истанбул (1773) е третиот најстар технички универзитет во светот кој е посветен целосно на инженерските науки.[80] Други истакнати и познати државни универзитети во Истанбул се Универзитетот Богазичи, Универзитетот за ликовни уметности Мимар Синан, Техничкиот универзитет Јилдиз и Универзитетот Мармара. Најпознати приватни универзитети во градот се: Универзитет Коч, Универзитет Шабанџи Меркез, Трговски универзитет во Истанбул, Бахчешехир универзитет, Џедитепе универзитет, Кадир Дали универзитет, Догус универзитет и Билги универзитет.

Речиси на сите турски приватни средни училишта и универзитети во Истанбул се учи на англиски, германски или француски јазик како основен странски јазик. Галатасарај Лисеси, основан во 1481 година како Галата Сарај Ендеруну Хумајун, а подоцна познато и како Галатасарајска школа на владетели, е едно од најстарите турски средни училишта во Истанбул и втора најстара турска образовна институција во градот. Истанбул Лисеси, исто така, позната како Истанбул Еркек Лисеси (основана во 1884), со кратенка İEL, е едно од најстарите и меѓународно признато средно турско училиште кое се наоѓа во Истанбул. Гимназијата Кулели е единствената воена гимназија во Истанбул.

Анадолу Лиселери (Анадолски средни училишта) првично биле опремени за турските деца кои се враќале дома од странските земји, како на пример Усќудар Анадолу Лисеси, каде германскиот се изучува како странски јазик во основната и техничката настава. Ејуп Анадолу Лисеси е еден од првите шест специјални колеџи кој е основан во 1950-тите години низ целата територија на Турција. Исто така има и многу странски средни училишта во Истанбул, од кои повеќето биле основани во XIX век, со цел да се овозможи образование на странците кои живеат во Истанбул. По основањето на Република Турција, поголемиот број од овие училишта отишле под управа на турското Министерство за образование, но некои од нив сè уште имаат значителна странска администрација, како на пример Лецело Италијано Статале И.М.И. (ÖZEL İtalyan Lisesi) кои сè уште се смета за држава училиште од страна на Владата на Италија и продолжува да добива финансирање и наставници од Рим.[81] Исто така, во градотѕ постои и Колеџот Роберт, кој бил основан во 1863 година.

Во градот има голем број на библиотеки, кои содржат огромна колекција на историски документи од римскиот, византискиот и отоманскиот период, како и од другите цивилизации од минатото. Најважните библиотеки кои содржат историски документирани збирки се библиотеката во Топкапи-сарај, Библиотека на археолошкиот музеј, Библиотека на морнарскиот музеј, библиотека Бајазид, Сулејмановта библиотека, Истанбулска универзитетска библиотека, библиотека Фазил Ахмед Паша, библиотека Ататурк итн.

Здравствени установи

уреди

Градот има голем број на јавни и приватни болници, клиники и лаборатории во рамките на неговите граници и бројни медицински центри за истражување. Голем дел од овие објекти се опремени со висока технологија, која придонесе за неодамнешниот пораст во „медицинскиот туризам“ во Истанбул[82], особено од западноевропските земји, како Велика Британија и Германија каде владите испраќаат пациенти со помали приходи во градот со поевтина услуга на високотехнолошки медицински третман и операција[83]. Истанбул во последните години станал глобално одредиште за очната и пластичната хирургија.

Помошни програми

уреди
 
Аквадукт Валент
 
Цистерна Базилика

Првиот водоводен систем во градот бил изграден уште при самото основање на Византион. Двата најголеми аквадукти изградени во римскиот период се Аквадукт Мазулкемер и Аквадукт Валент. Овие аквадукти се изградени со цел водата да биде пренослива и достапна за населението на целиот град[84]. По престигнувањето до центарот на градот, водата подоцна била носена во бројни цистерни. Најпознати цистерни на градот се: Цистерна Бинбирдирек и Цистерна Базилика. Во времето на Сулејман Величествениот, султанот наредил големиот османлиски архитект Синан да изготви план за подобрување на условите за пренос на водата во веќе проширениот град. Синан конструирал водоводна мрежа во 1555 година.[84] Во подоцнежните години, со цел да се одговори на постојано зголемување на јавната побарувачка, водата од различните извори била канализирана во јавните чешми, со помош на мали снабдувачки линии. Пример за ова е денешната Германска фонтана во градот.

Денес, Истанбул има на располагање филтрирана хлорирана вода и канализацииски систем управуван од владината агенција İSKİ.[85] Исто така постојат и неколку организации, од приватниот сектор, кои дистрибуираат чиста вода за пиење. Дистрибуцијата на електричната енергија е овозможено преку државната електрана ТЕК. Првата фабрика за производство на електрична енергија во градот, Silahtarağa Termik Santrali, била основана во 1914 година и продолжила да снабдува со електрична енергија до 1983 година.[86]

Отоманското Министерството за пошта и телеграф било основано во градот на 23 октомври 1840.[87] Првата пошта во градот била Поштата Амир, која се наоѓа во близина на дворот на џамија Јени.[87] Во 1876 била основана прва меѓународна поштенска мрежа помеѓу Истанбул и териториите надвор од Османлиското Царство[87]. Во 1901 година се извршил првиот трансфер на пари преку пошта и првата товарна услуга станала оперативна.[87] Самуел Морсе го добил првиот патент за телеграф во 1847 година, кој бил издаден од страна на султанот Абдул Меџит и кој лично го тестирал новиот изум.[88] По овој успешен тест, започнала да работи првата линија помеѓу Истанбул и Едрене, и тоа на 9 август 1847 година.[89] Во 1855 година била основана телеграфската администрација.[87] Во јули 1881 година било пуштено првото телефонско коло.[89]

Сообраќај

уреди

Аеродроми

уреди
 
Аеродромот Ататурк во Истанбул

Истанбул има два меѓународни аеродроми, од кои два во моментот нудат услуги за комерцијални летови. Најголемиот аеродром е новиот Истанбулски Аеродром кој бил отворен во 2018 година и се наоѓа во областа Арнаутќој, од европска страна на градот во близина на брегот на Црното Море. Сите комерцијални патнички летови биле пренесени од аеродромот Истанбул Ататурк на аеродромот Истанбул на 6 април 2019 година, по затворањето на аеродромот Ататурк во Истанбул за редовни летови на патници[90]. Аеродромскиот код IATA бил пренесен и на новиот аеродром[91]. Откако ќе завршат сите фази во 2025 година, аеродромот ќе може да прими 200 милиони патници годишно[92].

Аеродромот Истанбул Ататурк кој се наоѓа во областа Јешилќој на европската страна од градот, околу 24 километри (15 mi) западно од центарот на Истанбул, со околу 61,3 милиони патници во 2015 година бил трет најпрометен аеродром во Европа и осумнаесетти во светот во истата година[93].Главно бил користен за товарни сулуги, општа авијација, деловни, државни и дипломатски летови. Во 2020 година неговата писта била срушена.

Помал аеродром е аеродромот Сабиха Ѓокчен, кој се наоѓа на азискиот дел од градот на 45 километри југоисточно од центарот на градот. Аеродромот бил отворен во 2001 година за да се олесни сообраќајот на аеродромот Ататурк. Главно поради нискотарифните превозници, вториот аеродром во Истанбул забрзано станал популарен, особено од отворањето на новиот меѓународен терминал во 2009 година[94].

Навигација

уреди
 
Commuter ferries have operated on the Bosphorus since 1837

Поморскиот транспорт е од витално значење за Истанбул, како град кој практично е опкружен со море од сите страни: од Мраморно Море, Златниот Рог, Босфорот и Црно Море. Многу жители на Истанбул живеат на азиската страна од градот, а работат на европската страна (или обратно). Голем број на жители на работа одат со ферибот на пример. Првите видови на фериботи во градот се појавиле во 1837 година, кои биле управувани од компании од приватниот сектор[95]. На 1 јануари 1851 година била основана компанијата Ширкет и Хариј од страна на Османлиската држава, која превезувала патници со фериботи[95]. Компанијата продолжила да работи во градот до распаѓањето на империјата, која по создавањето на републиката таа станала дел од Türkiye Denizcilik İşletmeleri (турска членка на морските линии)[95]. Во 2006 година, традиционалните истанбулски превози на фериботи биле преземени од страна на компанијата İstanbul Deniz Otobüsleri (Истанбулски морски автобуси)[95]. İstanbul Deniz Otobüsleri или ИДО била основана во 1987 година и главно се занимава со катамарани кои обично се движаат од европскиот кон азискио дел на градот и обратно, како и до Принцевските Острови и други одредишта на градот во Мраморно Море. Пристаништето на Истанбул е едно од најважните во земјата. Старото пристаниште на Златниот Рог првенствено служело за лична навигација, додека Каракопското пристаниште (Галата) се користи од бродовите за крстарење.

Патишта

уреди
 
Мостот Фатих Султан Мехмет

Автопатот D.100 и европскиот Е80, се двата главни автопатишта кои ја поврзуваат Европа со Турција. Автопатот околу Истанбул е со развиена патна мрежа и истиот постојано се проширува. Магистралните патишта водат во Анкара на исток и Едрене на запад. Исто така, постојат два патни правци кои го заобиколуваат градот. Постариот автопат, О-1, најчесто се користи за внатрешен сообраќај; додека поновиот, О-2, најчесто се користи од страна на интерконтиненталниот или меѓуградскиот сообраќај.

Босфорскиот мост е приклучен на автопатот О-1, а Мостот Фатих Султан Мехмет на О-2, преку кои се воспоставува патна врска помеѓу европската и азиската страна на Босфорот. Јужниот и северниот дел на бреговите на Златниот Рог, и влезот на Босфорот на европската страна од градот, се поврзани преку мостот Галата, мостот Ататурк и мостот Халич.

Булеварот Бујукдер е главниот правец кој минува покрај големиот бизнис центар на регионите околу Левент и Маслак на европска страна, а исто така е достапна и преку мотро станиците во градот. Булеварот Бујукдер е поврзан со Булеварот Барбарос, преку кој се спушта кон пристаништто на Бешикташ.

Железници

уреди
 
Железничката станица Сиркечи

Во 1883 година, белгискиот претприемач, Georges Nagelmackers, започнал да ја гради железничката станица од Париз и Цариград, која минувала низ Варна. Во 1889, железничка линија била завршена, и истата минувала низ Букурешт до Цариград. Маршутата била позната како „Ориент експрес“, опишана во делата на Агата Кристи и Грејм Грин.[96]

Денес, железничката станица Сиркечи (TCDD), која првично била отворена во 1890 година како Отомански железници, ја претставувала главната врска на турската железничката мрежа со остатокот на Европа. Во моментов, меѓународни врски се обезбедени од страна на линија помеѓу Истанбул и Солун, Грција, а Босфор Експрес служи за врска со Букурешт, Романија. Исто така има и линии за Софија, Белград, Будимпешта итн.

Подалеку од Босфорот, железничката станица Хајдарпаша на азиската страна од градот, служи за железничко поврзување на градот со престолнината Анкара, и поретки други одредишта во Анадолија. Железничката мрежа на европските и азиските земји во моментов се поврзани со Босфорски ферибот и низ подводниот тунел „Мармарај“ пуштен во употреба на 29 октомври 2013 г.[97]

Трамвај

уреди

Првиот трамвај во Истанбул бил изграден во 1869 година, на линијата Тофан-Ортаќој[98]. Во 1871 година биле пуштени линиите, Азапкапи- Галата; Аксарај- Једикул; Аксарај- Топкапи; и Еминону- Аксарај[98]. Други линии кои стапиле на служба во доциот XIX век се: Кадеси- Кабристан Сокаги - Тепебаши- Таксим- Пангалти- Шишли; Бајазит - Шахзадебаши; Фатих - Едирнекапи - Галатасарај - Тунелска линија; и Еминону- Бахчекапи[98]. Од 1939 година, трамвајот на градот е раководен од страна на компанијата İETT.[98] На 12 август, 1961 година, старите црвени трамваи на Истанбул биле отстранети од градот од европската страна, а на 14 ноември 1966 година, истото се случило и на азиската страна од градот.[98] На 1 ноември, 2003 година, била поставена трамвајска линија помеѓу анадолскиот дел од градот и Ејуп[99], чија маршута е долга 2,6 километри.[99] Патувањето трае 21 минути.[99]

Брз трамвај (T1) бил ставен во служба во 1992 година при воведувањето на новите меѓународни стандарди, и линијата минува од Сиркечи до Топкапи. Линијата била продолжена од едниот крај од Топкапи до Зејтинбурну во март 1994 година, а на другиот крај од Сиркечи до Еминону во април 1996 година. На 30 јануари 2005 година била продолжена од Еминону до Финдиклѕ, и преминот на Златниот Рог преку мостот Галата за првпат по 44 години. Крајната линија била отворена во јуни 2006 година и тоа до Кабаташ. Линија има должина од 14 километри. Цело патување трае 42 минути. Дневниот транспортен капацитет е 155.000 патници. Износот на инвестицијата изнесува $ 110.000.000. Во септември 2006 година, во употреба била пуштена и втората трамвајска линија (T2), од Зејтинбурну до Багчилар.

Жичара

уреди
 

Истанбул е поврзан со две подземни железнички жичари. Постарите на овие две е Тунел (1875). Во употреба бил пуштен на 17 јануари 1875[100]. Тунел 1875 е втората најстара подземна железничка линија во светот по лондонското метро кое датира од 1863 година и првата подземна урбана железничка линија во континентална Европа, иако првото целосно метро кое се состоело од повеќе подземни станици во континентална Европа била Линијата 1 во Будимпешта од 1896 година. Тунел (1875) е долг 573 метри, и се наоѓа на надморска височина од 60 m и го поврзува Каракој со станицата.[100] Оваа линија, со мали исклучоци, работи од самата нејзина изградба во 1875 година[100]. Два возови се движат по двете линии на секои 3,5 минути, а патувањето трае 1,5 минути.[100] Создавајќи 64.800 патувања, или вкупно 37.066 километри годишно, Тунел 1875 превезува 15.000 патници дневно.[100]

Втората жичница, наречена Кабаташ-Таксим, во употреба била пуштена на 29 јуни 2006 година, поврзувајќи го Кабаташ и Таксим.[101] Линијата е долга околу 600 метри. Дневно преку оваа линија се превезуваат 9.000 патници[101].

Метро

уреди

Изградбата на Истанбулското метро (М2) започнала во 1992 година, а првиот дел од изградбата била завршена на 16 септември 2000 година, на релација Таксим и Левент[102]. Овој дел од линијата е долг 8,5 км (5,3 mi) и има шест станици.[102] Просечно, се транспортираат околу 130.000 патници дневно. На 30 јануари 2009 година, новиот проект бил даден на EUROTEM[103]. EUROTEM треба да изгради 92 нови вагони за линијата М2.[103][104] As of 30 јануари 2009, a total of 34 train sets, each with 4 cars, were being used on the M2 line.[104] Според податоци од 30 јануари 2009 година, од вкупно 34 вагони, секој четврти бил користен од на линијата М2.

На нејзиниот северен дел, линијата продолжува од Левент кон Маслак и истата била отворена на 30 јануари, 2009.[105] На нејзиниот јужен де, линијата продолжува од Таксим до Јеникапи, преку Златниот Рог. Линијата била завршена до станицата во Шишан, исто така на 30 јануари 2009 година.[105]

Во моментов, на линијата М2 се работи на 10 места од европската страна на градот и на 16 нови станици од азиската страна. Патната мрежа помеѓу станицата Шипхан и станицата Ататурк Ото Санај во Маслак е долга 15,65 км (9,7 mi), а патувањето трае 21 минути.[106][107] Вкупната должина на европската страна на линијата М2 ќе достигне 18,36 км (11,4 mi), кога сите 16 места од Хаџиосман до Јеникапи ќе бидат завршени[102][103][108], не вклучувајќи го метрото на Златниот Рог кое е долго 936 метри[109], 0,6 километри долгиот тунел Такшим-Кабаташ[101], 0,6 километри долгиот тунел Јеникапи-Аксарај[103], и 13,6 километри долгиот тунел „Мармарај[110].

На азиската страна од градот, изградбата на 21,66 км (13,5 mi) долгата линија од линијата М2 во Ејуп до Картала продолжува, и истата ќе има вкупно 16 станици.[111] Овој тунел (Босфорски подморски тунел со железничка) ќе биде поврзан со метро линиите на азиските и европските делови на градот. Според плановите, целиот проект би требало да биде изграден најдоцна до 2012 година.

Лесен шински систем

уреди

Истанбул LRT овозможува лесношински превоз кој се состои од 2 линии. Првата линија (М1) започнала со работа на 3 септември 1989 година помеѓу Аксарај и Карталтепе. Линијата во следните години била продолжена, а на 20 декември 2002 година бил приклучена до аеродромот Ататурк. Другата линија (T4) била отворена во 2007 година помеѓу Едринекапи и Мескид Селам. Постојат 36 станици, од кои 12 се подземни. Линијата е долга 32 километри. Линиите се целосно одвоени од другите видови на сообраќај.

Култура и современ живот

уреди
 
Истанбулскиот археолошки музеј се наоѓа во Топкапи-сарај

Ликовна уметност

уреди

Градот има долга историја во смисла на неговата богата социјална, културна и трговска активност. За време на сезонските фестивали, голем број на светски познати оркестри, коралски ансамбли, концерти и џез легенди учествуваат низ целиот град. Меѓународниот филмски фестивал е еден од најзначајните филмски фестивали во Европа.[112]

Денешниот Истанбул, најчесто е домаќин на изложби на познати турски и странски уметници. Музеите Пера и Сакип Шабанџи Меркез се домаќини на изложби од светски познати музичари и се едни од најважните приватни музеи во градот. Музејот Доганџај е првиот современ музеј на уметноста, и истиот бил основан од страна на Бурхан Доганџај. Музејот Рахми М. Коџ, кој се наоѓа на Златниот Рог, е индустриски музеј во кој се наоѓат историски експонати од индустриска опрема, како на пример автомобили и локомотиви од 1800-тите и раните 1900-ти, како и бродови, подморници, авиони, и други слични машини од минатите епохи.

Истанбулскиот археолошки музеј, кој бил основан во 1881 година, е еден од најголемите музеи од ваков тип во светот. Музејот содржи повеќе од 1.000.000 археолошки парчиња од зоната на Медитеранот, Балканот, Блискиот Исток, Северна Африка и Средна Азија. Истанбулскиот мозаичен музеј содржи мозаици од римскиот и рановизантискиот период, како и орнаменти од Големата палата во Цариград. Во близина се наоѓа и Музејот на турската и исламската уметност, кој содржи огромна колекција на предмети од различни цивилизации, пред сè исламски. Музеот Садберк ханим содржи широк спектар на предмети, кои датираат од најраните цивилизации во Анадолија и од времето на Османлиите.[113]

Во ноември секоја година, палатата Јилдиз е домаќин на стари предмети и антиквитети од Ориентот и Западот.[114] Во чаршијата Меџидијеќој Антикаџилар во населбата Шишли се наоѓа најголемиот пазар на антиквитети во градот. Во Големата чаршија, која била изградена во периодот од 1455-1461 година од страна на султанот Мехмед II Освојувачот, исто така, има бројни продавници за антиквитети, заедно со продавници за продажба на накит, теписи и други елементи од уметноста. Историски и ретки книги се наоѓаат во Чаршија Шахафлар, која пак се наоѓа во близина на Бајазидскиот плоштад. Овој пазар е еден од најстарите книга-пазари во светот.

Во градот постојано се одржуваат и бројни концерти на многу места, вклучувајќи и такви од историски карактер како што се на пример црквата Света Ирина, Румелихисар, царевиградските ѕидини, во дворот на Топкапи-сарај, и паркот Ѓулхан, потоа во културниот центар Ататурк, Кемалскиот центар, оперската куќа Суреја и други модерни театарски сали.

Одмор и рекреација

уреди
 
Принцевските Острови се наоѓаат јужно од Истанбул, во Мраморно Море

Традиционален плажни летувалишта постепено зпочнале да исчезнуваат, главно поради загадувањето на водата. Неодамна, повторно започнале да се градаат старите места во градот. Најпопуларните места за пливање и одмор во градот се наоѓаат во Бакирќој, Küçükçekmece, Сариер и на Босфорот. Надвор од градот, најпосетувани места се Мраморно Море, Принцевските Острови, Силиври и Тузла, како и Килјос и Шиле на Црното Море.

Принцеските Острови се група на острови во Мраморно Море, јужно од Картала и Пендик. Островите се наоѓаат од 19 километри (Проти) и 29 километри (Неандрос) југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 км2, со највисока точка од 201 метар. На островите живеат околу 15.000 луѓе, но во текот на летните месеци, овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради сталните бродови кои минуваат покрај секој остров. На островите е забрането употреба на моторно возило, а како основен вид на превозно средство се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата за турската воена морнарица.

На 51 километри (31 mi) од Истанбул се наоѓа турското одморалиште на Црното Море, градот Шиле. Килјос е мало мирно одморалиште кое се маоѓа недалеку од северниот дел на европскиот влез на Босфорот во Црното Море. Местото има добри можности за пливање и последниве години меѓу жителите на Истанбул местото станало голема туристичка атракција.

Трговија

уреди
 
Големата чаршија е една од најголемите во светот

Во градот се наоѓаат бројни историски трговски центри, како што се Големата чаршија (1461), Чаршијата Махмутпаша (1462) и Египетската чаршија (1660) итн. Првиот модерен трговски центар кој бил изграден во градот е Галерија Атаќој (1987), а по неа биле изградени десетици други центри, од кои најпознати се Акмеркез (1993), Џевахир (2005), кој е најголемиот трговски центар во Европа и Канјон (2006).

Ноќен живот

уреди
 
Булевар Истиклал

Во градот постојат голем број на ноќни клубови, барови, ресторани итн. Ноќните клубови, ресторани и барови најпосетувани се во летните периоди. Областите околу Булевар Истиклал и Нишантаси ги нудат сите видови на кафулиња, ресторани, барови и клубови, како и уметнички галерии, театри и кина. Вавилон[115] и Пера Бејоглу се популарни ноќни клубови и во лето и во зима.

Најпопуларните летни ноќни клубови се наоѓаат на Босфорот. Најпознати се Sortie[116][117], Reina[118][119] и Anjelique[120] во подрачјето на Ортаќој. Q Jazz Bar во Ортаќој нуди жива џез музика.

Медиуми

уреди

Првиот турски весник, Таквим Векажи, бил отпечатен на 1 август 1831 во Бабијали (реонот на Високата порта). Бабијали станал главниот центар за печатените медиуми. Исто така, во Истанбул се наоѓаат и голем број на домашни и странски списанија од најразлични сектори, како и секојдневни весници. Повеќето весници на национално ниво се наоѓаат во Истанбул, кои истоивремено излегуваат и во Анкара и Измир.[121] Најпознатите есници со седиште во Истанбул се: Хуриет, Милијет, Сабах, Радикал, Кумхуриет, Заман, Акшам, Буѓун, Стар, Дунја, Теркуман, Ватан, Пошта, Таквим, Вакит, Јени Шафак, Фанатик итн. Исто така има и голем број локални и национални ТВ и радио станици, како: CNBC-e, CNN Türk, МТВ Türkiye, Турската Fox, НТВ, Канал Д, ATV, Стар ТВ, Cine5, Sky Турк, Канал 7, Канал Турк, Флеш ТВ и многу други. Во градот Истанбул, има над сто ФМ-радио станици.[122]

Спорт

уреди

За време на римскиот и византискиот период, најважната спортска манифестација била трката на колесница. Турнирот се одржувал на Хиподромот на Цариград, кој имал капацитет да прими повеќе од 100.000 гледачи.[123]

Фудбал

уреди
Клуб Стадион Капацитет Основан
Бешикташ Стадион Инону 32.145 1903
Фенербахче Стадион Шукру Саракоглу 55.500 1907
Галатасарај Стадион Али Сами Јен 31.000 1905
И.Б.Б Олимписки стадион Ататурк 82.576 1990
Кашипаша Стадион Реџеп Тајип Ердоган 8.500 1921

Втора турска лига

Клуб Стадион Капацитет Основан
Карталспор Стадион Картал 15.000 1949

Втора лига

Клуб Стадион Капацитет Основан
Бејлербејспор Стадион Бејлербејспор 75 5.500 1903

Трета лига

Клуб Стадион Капацитет Основан
Ејупспор Стадион Ејуп 2.500 1919
Газиосманпашаспор Стадион Газиосманпашаспор 3.100 1963
Пендикспор Стадион Пендикспор 4.000 1950
Сариер Генчлик Клуб Стадион Јусуф Зија 10.000 1940
Алибегкојспор Стадион Алибегкојспор 3.500 1950
Бејкозспор Клуб Стадион Бејкозспор 2.500 1908

Кошарка

уреди
Клуб Стадион Капацитет Основан
Бешикташ Беко кошаркарска лига Комплекс Акатлар Спор ве Култур 1903
Бегкосаспор Втора турска кошаркарска лига Рецеп Шахин Кјуктјурк Спор 1908
Фенербахче Беко кошаркарска лига Арена Абди Ипекчи 1907
Галатасарај Беко кошаркарска лига Арена Ајхан Шахенј Спор 1905
Текелспор Втора турска кошаркарска лига Арена Халдун Алагаш Спор 1941
ИТУ Втора турска кошаркарска лига Арена ИТУ 1953
Дарушсафака Беко кошаркарска лига Арена Ајхан Шахенк Спор 1914

Спортски манифестации

уреди

Олимпискиот стадион Ататурк е најголемиот стадион во Истанбул и Турција, кој има добиено 5 ѕвездички од УЕФА. Стадионот бил домаќин на финалето од Лигата на шампиони во фудбал во 2005 година.

Арената Синан Ердем е најголемата сала во Турција, со капацитет од 22.500 гледачи. Арената ќе биде домаќин на финалето од ФИБА купот во 2010 година. Освен тоа, арената во 2012 година ќе биде домаќин на Светското првенство во лека атлетика во 2012 година и Светското првенство во пливање во 2012 година.

Градот е домаќин за Големата награда на Турција во спортот Формула 1, и Големата награда на Турција во спортот МотоГП, WTCC, ГП2 итн.

Во градот во последните години сè попопуларност добива голфот, аеробикот, телоградбата, фитнесот итн.

Меѓународни релации

уреди

Сестрински градови

уреди

Ова е список на сестринските градови на Истанбул[124][125]:

Континент Знаме Град Држава Година
Европа   Атина Грција
  Баку Азербејџан
  Берлин[126] Германија
  Барселона[127] Шпанија
  Будимпешта Унгарија
  Келн Германија
  Букурешт Романија
Константа Романија
  Драч Албанија
  Фиренца Италија
  Грозни[128] Русија
  Лондон Велика Британија
  Одеса Украина
  Пловдив Бугарија
  Прага Чешка
  Ротердам Холандија
  Санкт Петербург[129] Русија 1990
  Сараево Босна и Херцеговина
  Скопје[130] Македонија
  Стокхолм Шведска
  Стразбур Франција
  Венеција Италија
  Варшава[131] Полска 1991
Азија   Алмата Казахстан
  Аман Јордан
  Бејрут Либан
  Пусан Јужна Кореја
  Дамаск Сирија
  Дубаи ОАЕ
  Хо Чи Мин Виетнам
  Исфахан Иран
  Џакарта Индонезија
  Џедах Саудиска Арабија
  Џохор Бахру Малезија
  Кабул Авганистан
  Казан Русија
  Лахор Пакистан
  Мери Туркменистан
  Ош Киргистан
  Самарканд Узбекистан
  Шангај Кина
  Шимоносеки Јапонија
  Сурабаја Индонезија
  Тебриз Иран
  Хи ан Кина
Америка   Буенос Аирес Аргентина
  Каракас Венецуела
  Хавана Куба
  Хјустон САД
  Град Мексико Мексико
  Саун Пауло Бразил
  Торонто Канада
Африка   Каиро Египет
  Константин Алжир
  Картум Судан
  Рабат Мароко

Истанбул како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „The Results of Address Based Population Registration System, 2018“. Turkish Statistical Institute. 1 February 2019. Посетено на 1 February 2019.
  2. [1]
  3. „Istanbul Metropolitan Municipality: Districts of Istanbul“. Ibb.gov.tr. Архивирано од изворникот на 2008-12-04. Посетено на 2009-05-28.
  4. „UNESCO | Historic Areas of Istanbul“. Whc.unesco.org. Посетено на 2009-05-28.
  5. 5,0 5,1 Georgacas, Demetrius John (1947). „The Names of Constantinople“. Transactions and Proceedings of the American Philological Association. 78: 347–367. doi:10.2307/283503. ISSN 0065-9711.
  6. According to the Reallexikon für Antike und Christentum, vol. 164 (Stuttgart 2005), column 442, there is no evidence for the tradition that Constantine officially dubbed the city „New Rome“ (Nova Roma or Nea Rhome). Commemorative coins that were issued during the 330s already refer to the city as Constantinopolis (see e.g. Michael Grant, The climax of Rome (London 1968), p. 133). It is possible that the emperor called the city „Second Rome“ (Deutera Rhome) by official decree, as reported by the 5th-century church historian Socrates of Constantinople.
  7. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-08-04. Посетено на 2010-01-12.
  8. „The Names of Istanbul“. Dünden bugüne İstanbul ansiklopedisi. 5. Ciltli. 1994.
  9. BBC: „Istanbul's ancient past unearthed“ Published on 10 јануари 2009. Посетено на 11 јануари 2009.
  10. „Hürriyet: Bu keşif tarihi değiştirir (2 октомври 2008)“. Hurriyet.com.tr. 2009-05-23. Посетено на 2009-05-28.
  11. „Hürriyet: Photos from the Neolithic site, circa 6500 BC“. Fotogaleri.hurriyet.com.tr. Посетено на 2009-05-28.
  12. „Cultural Details of Istanbul“. Republic of Turkey, Minister of Culture and Tourism. Посетено на 2007-10-02.
  13. „Istanbul“. Britannica Online. 2007. Посетено на 2007-09-27. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  14. Vailhé, S. (1908). „Constantinople“. Catholic Encyclopedia. 4. New York: Robert Appleton Company. Посетено на 2007-09-12.
  15. Phillips, Jonathan (2005). The Fourth Crusade. London: Pimlico. ISBN 1844130800.
  16. D. Nicolle, Constantinople 1453: The end of Byzantium, 32
  17. Runciman 1965, pp. 96-97.
  18. Vasiliev 1952, pp. 651-652
  19. Norwich, John Julius (1997). A Short History of Byzantium. New York: Vintage Books. стр. 380., „...the rape and pillage had already begun... ...by noon the streets were running with blood“
  20. „The Siege of Constantinople (1453), according to Nicolo Barbaro“. Архивирано од изворникот на 2012-02-04. Посетено на 2009-12-10.
  21. Nicolle, David (2007). The Fall of Constantinople: The Ottoman Conquest of Byzantium. New York: Osprey Publishing. стр. 237, 238. „In fact ordinary people were treated better by their Ottoman Conquerors than their ancestors had been by Crusaders back in 1204; only about 4,000 Greeks died in the siege.“ ... „Mehmet also ordered all looting to stop and sent his troops back outside the walls.“ In 1453, Constantinople contained approximately 50,000 people when the Ottoman Turks captured the city.
  22. The Fall of Constantinople, 1453
  23. Charles Correa. „Yüzde 65'i imarsız 'dünya şehri' (A world city with 65% illegal buildings)“. Cnn Turk. Посетено на 2005-07-18.[мртва врска]
  24. Ian Traynor. „A disaster waiting to happen - why a huge earthquake near Istanbul seems inevitable“. The Guardian. Посетено на 2007-09-27.
  25. „Today's Zaman“. Архивирано од изворникот на 2009-09-15. Посетено на 2009-12-10.
  26. „Heightened odds of large earthquakes near Istanbul: An interaction-based probability calculation“. Science. 2000. Архивирано од изворникот на 2009-09-17. Посетено на 2009-12-12.
  27. „Quake increases risk for temblor in Istanbul“. MIT News Office. 1999-09-25. Архивирано од изворникот на 2009-07-03. Посетено на 2006-08-20.
  28. „Monthly Magazine of Turkish Airlines SkyLife - April 2008 „Spring in Istanbul's forests" Article: Mehmet Tokcan Photo: AYKUT İnce“. Thy.com. Посетено на 2009-05-28.
  29. „www.mymerhaba.com: Belgrade Forest“. Архивирано од изворникот на 2017-05-04. Посетено на 2009-12-12.
  30. „Climate change: impact on coastal habitation“ by edited meterorologist Dr. Doeke Eisma with particular reference on the transitional climate of Istanbul Chapter 8 „Impact of Climatic Change on Coastal Cities“ by Tjeerd Deelstra on page 174
  31. Statistics: Historical Weather Information for Istanbul
  32. „Yıllık Toplam Yağış Verileri - İstanbul (Data of total annual rainfall of Istanbul - Turkish State Meteorological Service DMI)“. Архивирано од изворникот на 2013-03-31.
  33. Istanbul, Turkey Historical Weather Data with Monthly Details (Source: International Station Meteorological Climate Summary)
  34. „Istanbul climate and weather Turkey, Istanbul Rainfall Temperature Climate and Weather“. Wordtravels.com. 2009-04-28. Посетено на 2009-05-05.
  35. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име tsms-main.
  36. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име tsms-rain.
  37. „Resmi İstatistikler (İl ve İlçelerimize Ait İstatistiki Veriler)“. Државен метеоролошки завод на Турција. Архивирано од изворникот на 3 November 2013. Посетено на 3 December 2014.
  38. The Yearly Measurements by Kirecburnu Station Between 1990-1999
  39. The Yearly Measurements by Bahcekoy Station Between 1990-1999
  40. „Istanbul Metropolitan Municipality attends to Madrid-FITUR Tourism Fair“. Посетено на 2008-07-05.
  41. 41,0 41,1 Ana Britannica: Турско издание на Енциклопедија Британика
  42. „Maiden's Tower official website: Photo gallery“. Архивирано од изворникот на 2017-10-26. Посетено на 2009-12-13.
  43. „Çemberlitas (Burnt Column), Istanbul“. TurkeyTravelPlanner.com. Посетено на 2008-05-15.
  44. Bury, John Bagnell (1923). History of the Later Roman Empire Vol. I. Macmillan & Co., Ltd. стр. 70.
  45. „The Great Palace, Istanbul“. Emporis. Посетено на 2009-06-24.
  46. „Boukoleon Palace“. Byzantium 1200. Посетено на 2009-06-24.
  47. „Hippodrome“. Byzantium 1200. Посетено на 2009-06-24.
  48. „Hippodrome of Constantinople, Istanbul“. Emporis. Посетено на 2009-06-24.
  49. „Anemas Dungeons“. Emporis. 2009-06-15. Посетено на 2009-07-14.
  50. Freely, John (2000). Blue Guide Istanbul. W. W. Norton & Company. ISBN 0-393-32014-6.
  51. Mansel, Phillip (1995). Constantinople: City of the World's Desire, 1453-1924. John Murray. стр. 28.
  52. Kartın. F, 1974, Ortaköy Camii, Rölöve ve Restorasyon Dergisi, 1., Ankara, p. 87–89
  53. „Istanbul“. Britannica. 2008. Посетено на 2008-05-15.
  54. „Istanbul“. Governorship of Istanbul. 2009. Архивирано од изворникот на 2010-12-05. Посетено на 2009-04-08.
  55. „Council“. İstanbul Büyükşehir Belediyesi. 2008. Посетено на 2008-05-15.
  56. „The new Istanbul Metropolitan Municipality City Hall, designed by Arolat Architects“. Atolyek.com. Архивирано од изворникот на 2011-05-10. Посетено на 2009-05-28.
  57. Türkiye istatistik kurumu Address-based population survey 2007. Посетено на 2008-03-19.
  58. „Presentation of Reference City: Istanbul“ (турски). Urban Green Environment. Архивирано од изворникот на 2012-01-17. Посетено на 2007-09-27.
  59. The Kurdish question Архивирано на 11 август 2009 г.. Al–Ahram Weekly. 6–12 април 2006.
  60. Ortaylı, İlber. İstanbul'dan Sayfalar, p. 286. İstanbul: Alkım Yayınevi. ISBN 9944-148-01-6.
  61. „Vatan - Diyanet: Türkiye'de 79 bin 096 cami var“. W9.gazetevatan.com. Архивирано од изворникот на 2009-02-11. Посетено на 2009-06-06.
  62. „The Islamic veil across Europe“, British Broadcasting Corporation (17 ноември 2006). Посетено на 13 декември 2006.
  63. „Bulgarian Orthodox Church“, Encyclopædia Britannica: „The struggle for an independent Bulgarian church, begun late in the 18th century, culminated in the establishment in 1870 of a Bulgarian exarchate.“ (англиски)
  64. L. S. Stavrianos, Traian Stoianovich, „The Balkans since 1453“, „Bulgarian Exarchate“, p. 371: „The first great victory for Bulgarian nationalism was the establishment in 1870 of a national church known as exarchate.“ (англиски)
  65. Globalization, Cosmopolitanism, and the Dönme in Ottoman Salonica and Turkish Istanbul. Marc Baer. University of California, Irvine.
  66. 66,0 66,1 „Foreign Ministry: 89,000 minorities live in Turkey“. Today's Zaman. 2008-12-15. Архивирано од изворникот на 2010-05-01. Посетено на 2008-12-15.
  67. „Armenians in Turkey“. The Economist. 2006-11-16. Посетено на 2009-05-28.
  68. Gilson, George. „Destroying a minority: Turkey’s attack on the Greeks“ Архивирано на 17 јуни 2008 г., book review of (Vryonis 2005), Athens News, 24 June 2005.
  69. „Turkey's new rich find the Midas touch“. The Sunday Times. 2008-03-09. Архивирано од изворникот на 2011-10-10. Посетено на 2009-06-18.
  70. „Istanbul Stock Exchange: History of the Istanbul Stock Exchange“. Imkb.gov.tr. Архивирано од изворникот на 2012-02-25. Посетено на 2009-07-14.
  71. „Ottoman Bank Museum: History of the Ottoman Bank“. Obarsiv.com. Архивирано од изворникот на 2012-06-14. Посетено на 2009-07-14.
  72. 72,0 72,1 „Ottoman Bank Museum“. Ottoman Bank Museum. Архивирано од изворникот на 2009-05-18. Посетено на 2009-06-18.
  73. „Istanbul Stock Exchange: „İMKB'nin Kuruluşundan İtibaren Önemli Gelişmeler" (Timeline of important events since 1985)“. Imkb.gov.tr. 2000-07-31. Посетено на 2009-07-14.
  74. „[[PricewaterhouseCoopers]]: U.K. Economic Outlook and Global City GDP Ranking 2005–2020 Full Report (PDF)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-05-27. Посетено на 2009-12-16.
  75. „CNN Türk: Dış ticaretin lokomotifi İstanbul (Istanbul is the locomotive of foreign trade)“. Архивирано од изворникот на 2008-06-17. Посетено на 2009-12-16.
  76. „Hürriyet: 2006'da Türkiye'ye gelen turist başına harcama 728 dolara indi“. Hurriyet.com.tr. Посетено на 2009-05-28.
  77. „Turist sayısı genelde düştü İstanbul'da arttı“. Sabah. Посетено на 2009-05-28.
  78. „EIBTM 2007 - The Global Meetings & Incentive Exhibition for the MICE Industry“. Reed Exhibitions Limited (member of the Association of Event Organisers (AEO)). Посетено на 2006-03-11.
  79. İ.Ü. Bilgisayar Bilimleri. „History of Istanbul University (Turkish)“. Istanbul.edu.tr. Посетено на 2009-06-20.
  80. „World Oldest Universities“. Topuniversities.com. Посетено на 2009-06-20.
  81. „Official website of the Liceo Italiano Statale I.M.I. in Istanbul“. Liceoitaliano.net. Посетено на 2009-05-28.
  82. Dış Ekonomik İlişkiler Kurulu (2006). Emerging Turkey. Oxford Business Group. стр. 176. ISBN 1902339479.
  83. Briggs, Helen (2006-12-19). „Health - Personal story: IVF in Istanbul“. BBC News. Посетено на 2009-05-28.
  84. 84,0 84,1 „İSKİ İstanbul Su ve Kanalizasyon İdaresi: Tarihce“. Istanbul water and sewerage administration (history). Посетено на 2006-03-11.
  85. „İSKİ Administration“. Istanbul water and sewerage administration. Посетено на 2006-03-11.
  86. „Silahtarağa Santral becomes Santralistanbul Museum“. Архивирано од изворникот на 2007-09-11. Посетено на 2009-12-17.
  87. 87,0 87,1 87,2 87,3 87,4 „PTT Chronology“. Архивирано од изворникот на 2008-09-13. Посетено на 2009-12-17.
  88. „Istanbul City Guide: Beylerbeyi Palace“. Архивирано од изворникот на 2007-10-10. Посетено на 2009-12-17.
  89. 89,0 89,1 „Türk Telekom: History“. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2009-12-17.
  90. „Last flight leaves Ataturk as Istanbul switches airports“. Reuters.
  91. „Turkish Airlines relocates to new Istanbul Airport“. ATWOnline. 5 April 2019.
  92. „Turkish Airlines is switching to a new Istanbul airport – all in 45 hours“. Guardian. 6 April 2019. Посетено на 13 April 2019. The opening date has been pushed back three times, but authorities insist that the main terminal building and two runways will be fully operational by Sunday, in what critics say it is a rushed and dangerous attempt to stay on schedule.
  93. „Preliminary 2013 World Airport Traffic and Rankings“. Airports Council International. 17 March 2014. Архивирано од изворникот на 2015-12-25. Посетено на 25 March 2014.
  94. Strauss, Delphine (25 November 2009). „Sabiha Gökçen: New Terminal Lands on Time and Budget“. The Financial Times. Посетено на 4 July 2012.
  95. 95,0 95,1 95,2 95,3 „Şirket-i Hayriye“. Şirket-i Hayriye. Посетено на 2009-06-18.
  96. „Orient Express“. Britannica Online. 2007. Посетено на 27 септември 2007. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  97. „Истанбул го пушта во употреба тунелот под Босфор“. Макфакс. Посетено на 2013-10-29. На |first= му недостасува |last= (help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)[мртва врска]
  98. 98,0 98,1 98,2 98,3 98,4 „İstanbul'da ulaşımın miladı“. İ.E.T.T. Посетено на 2009-06-18.
  99. 99,0 99,1 99,2 „Kadıköy-Moda Tramvayı 37 Yıl Sonra Yeniden“. İ.E.T.T. Посетено на 2009-06-18.
  100. 100,0 100,1 100,2 100,3 100,4 „The Tunnel“. IETT. Посетено на 2009-06-20.
  101. 101,0 101,1 101,2 „FUNİKÜLER SİSTEM Kabataş - Taksim“. İstanbul Ulaşım. Посетено на 2009-06-20.
  102. 102,0 102,1 102,2 „Istanbul Metropolitan Municipality: Taksim - 4. Levent metro hattı“. Ibb.gov.tr. Архивирано од изворникот на 2014-10-18. Посетено на 2009-07-21.
  103. 103,0 103,1 103,2 103,3 „Istanbul Metropolitan Municipality: Taksim-Yenikapı Metro Hattı“. Ibb.gov.tr. 2002-01-23. Архивирано од изворникот на 2009-05-05. Посетено на 2009-07-21.
  104. 104,0 104,1 „İstanbul Ulaşım: Metro Şişhane'den Maslak'a uzandı“. Istanbululasim.com. 2009-01-30. Архивирано од изворникот на 2022-03-14. Посетено на 2009-07-21.
  105. 105,0 105,1 „Metro, Şişhane'den Maslak'a uzadı“. Istanbul Metropolitan Municipality. 2009-01-30. Посетено на 2009-07-20.
  106. „İstanbul Ulaşım: Şişhane - Atatürk Oto Sanayi (M2)“. Istanbululasim.com. Архивирано од изворникот на 2012-05-31. Посетено на 2009-07-21.
  107. „İstanbul Ulaşım: Metro Şişhane'den Maslak'a uzadı“. Istanbululasim.com. 2009-01-30. Архивирано од изворникот на 2022-03-14. Посетено на 2009-07-21.
  108. „Istanbul Metropolitan Municipality: Taksim-Ayazağa-Hacıosman metro hattı“. Ibb.gov.tr. Архивирано од изворникот на 2014-10-18. Посетено на 2009-07-21.
  109. „Istanbul Metropolitan Municipality: Golden Horn metro bridge“. Ibb.gov.tr. 2008-12-19. Архивирано од изворникот на 2013-12-13. Посетено на 2009-07-21.
  110. „Marmaray Railway Engineering Project, Istanbul, Turkey“. Railway Technology. Посетено на 2009-07-21.
  111. „Istanbul Metropolitan Municipality: Kadıköy-Kartal Metro Hattı“. Ibb.gov.tr. 2005-01-28. Архивирано од изворникот на 2009-05-05. Посетено на 2009-07-21.
  112. Istanbul Film Festival history Архивирано на 26 октомври 2007 г., retrieved 10 јуни 2009
  113. „Sadberk Hanım Museum official website“. © 2009 Büyükdere Piyasa Cad. No: 27–29 Sarıyer, İstanbul. Посетено на 2009-06-09.
  114. „İstanbul: Yıldız Palace“. Архивирано од изворникот на 2007-09-26. Посетено на 2009-06-09.
  115. „Official website of Babylon night club in Istanbul“. Архивирано од изворникот на 2010-01-06. Посетено на 2009-06-24.
  116. „Official website of Sortie Beyoğlu and Sortie Ortaköy night clubs in Istanbul“. Посетено на 2009-06-24.
  117. „Fashion TV Formula 1 Grand Prix Party at Sortie, Istanbul“. Fashion TV. 2007. Посетено на 2009-06-24.
  118. „Official website of Reina night club in Ortaköy, Istanbul“. Посетено на 2009-06-24.
  119. „Formula 1 Party at Reina, Istanbul“. F1 TV. 2006. Посетено на 2009-06-24.
  120. „Official website of Istanbul Doors - Anjelique night club in Istanbul“. Архивирано од изворникот на 2009-07-12. Посетено на 2009-06-24.
  121. „CIA — The World Factbook“. CIA. Архивирано од изворникот на 2017-09-20. Посетено на 2006-03-11.
  122. „Predavatel Europa - Radio Stations in Istanbul“. Predavatel.com. Архивирано од изворникот на 2009-03-03. Посетено на 2009-05-28.
  123. Sarah Guberti Bassett (1991). „The Antiquities in the Hippodrome of Constantinople“. Dumbarton Oaks Papers. 45: 87. doi:10.2307/1291694.
  124. „Sister Cities of Istanbul“. Архивирано од изворникот на 2009-05-27. Посетено на 2007-09-08.
  125. Erdem, Selim Efe (2003-11-03). „İstanbul'a 49 kardeş“ (турски). Radikal. 49 sister cities in 2003
  126. „Berlin's international city relations“. Berlin Mayor's Office. Архивирано од изворникот на 2008-08-22. Посетено на 2009-07-01.
  127. „Barcelona internacional - Ciutats agermanades“ (шпански). © 2006-2009 Ajuntament de Barcelona. Архивирано од изворникот на 2012-11-27. Посетено на 2009-07-13. Надворешна врска во |publisher= (help)
  128. „Chechnya rebuilds from Turkey“. Newsreal. Архивирано од изворникот на 2000-12-08. Посетено на 2008-11-01.
  129. „Saint Petersburg in figures - International and Interregional Ties“. Saint Petersburg City Government. Архивирано од изворникот на 2009-02-24. Посетено на 2008-11-23.
  130. „Official portal of City of Skopje - Skopje Sister Cities“. © 2006–2009 City of Skopje. Архивирано од изворникот на 2013-10-24. Посетено на 2009-07-14. Надворешна врска во |publisher= (help)
  131. „Miasta partnerskie Warszawy“. um.warszawa.pl. Biuro Promocji Miasta. 2005-05-04. Архивирано од изворникот на 2007-10-11. Посетено на 29 август 2008.
  132. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 109.
  133. „Белешка о писцу“, во: Милорад Павић, Кутија за писање. Београд: Народна библиотека Србије, 2012, стр. 121.
  134. „Проектот на Џамбо Агушев на Би-би-си“, Слободен печат, година V, број 996, понеделник, 20 февруари 2017, стр. 19.
  135. DISCOGS, Tom Waits ‎– Franks Wild Years (пристапено на 20.7.2019)

41°00′44″N 28°58′34″E / 41.01224° СГШ; 28.976018° ИГД / 41.01224; 28.976018

Надворешни врски

уреди