Оваа статија е за општина во Турција. За фудбалскиот клуб видете ФК Бешикташ.

Бешикташ — општина која се наоѓа во Истанбул, Турција. Оваа општина се наоѓа на европскиот брег на Босфорот. Таа се граничи на север со Саријер и Шишли, на запад со Кагитане и Шишли, на југ со Бејоглу, и на исток со Босфорот. Директно низ теснецот се наоѓа општината Усќудар.

Бешикташ
Beşiktaş Belediyesi
Општина Бешикташ
Location of Beşiktaş in Istanbul
Местоположба на Бешикташ во Турција
Бешикташ is located in Turkey
Бешикташ
Бешикташ
Местоположба на Бешикташ во Турција
Координати: 41°4′10″N 29°1′40″E / 41.06944° СГШ; 29.02778° ИГД / 41.06944; 29.02778
ЗемјаТурција
ПровинцијаИстанбул
Населби
Управа
 • ГрадоначалникМурат Хазинедар (РНП)
Површина[1]
 • District21,33 км2 (824 ми2)
Население (2012)[2]
 • District186.067
 • District густина87/км2 (230/ми2)
Мреж. местоwww.besiktas.bel.tr

Оваа општина вклучува исклучително голем број на значајни места по должината на европската страна на Босфорот од Долмабахче на југ до Бебек на север. Најпознати населби во општината се Јилдиз, Куручешме, Ортаќој и Арнаутќој.

Зборот Бешикташ потекнува од beşik што на турски значи лулка од камен.

Историја

уреди

Во времето на опсадата на градот во 1453 година, како еден од клучните фактори за нејзиниот успех било зазимањето на грчкото село Куне Петро, кое во превод значи Камена лулка. Денес овој реон се нарекува Бешикташ. Турскиот патник Евлија Челебија напишал дека во времето на Византија на ова место постоело црква во која се наоѓал остатоци од реликви кои припаѓале на Исус. Тие реликви биле подоцна пренесени во Аја Софија каде по четвртата крстоносна војна исчезнале.[3] Според османлиската традиција, адмиралот Хазар Хајретин паша на ова место подигнал пет столба од камен на кој биле врзани отоманските бродови, па од овде дошол и самиот назив на Бешикташ (Беш Таш - пет камема).

По зазимањето на градот, реонот бил припоен кон неговата територија. Од тој период денеска се зачувани едно торбе на султанот. Во времето на Сулејман, реонот започнал во голема мера да се населува.

Знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. „Површина на областите (со езера) во км²“. База на обласна статистика. Статистички завод на Турција. 2002. Посетено на 2013-03-05. (турски)
  2. „Население на покраинските/окружните центри и паланки/села во 2012 г.“. База на податоци за населението по системот ABPRS. Статистички завод на Турција. Посетено на 2013-02-27.
  3. Stratton, Arthur (1972). Sinan: Biography of One of the World's Greatest Architects and a Portrait of the Golden Age of the Ottoman Empire. Macmillan Publishers. ISBN 0333029011.

Надворешни врски

уреди

41°02′38″N 29°00′07″E / 41.044° СГШ; 29.002° ИГД / 41.044; 29.002{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница