Маслиново масло — масло добиено од маслинки (Olea Europaea) чие дрво културно и традиционално припаѓа на околината на Средоземното Море. Маслинката потекнува од Мала Азија и од таму се шири до сите страни на светот. Вообичаено се користи во готвењето (особено во средоземните држави), козметиката, фармацијата и како гориво за традиционалните кандилата.

Маслиново масло

Маслиновото масло е значително богато со мононезаситени масти, особено олеинска киселина. Епидемиолошки студии покажуваат дека поголем процент на мононезаситени масти во исхраната е поврзано со намалување на ризикот од коронарна срцева болест.

Особено ценето е т.н. „девствено маслиново масло“.

Маслиново масло
Хранлива вредност на 100 г
Енергија3,699 kJ (884 kcal)
0 g
100 g
Заситени14 g
Мононезаситени73 g
Полинезаситени11 g
0,8 g
9,8 g
0 g
Витамини
Витамин Е
(93 %)
14 мг
Витамин К
(57 %)
60 мг
Минерали
Железо
(4 %)
0,56 мг

Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.
Извор: База за хранливост — USDA

Маслиновото масло во популарната култура

уреди
  • „Маслиново масло“ (англиски: Olive oil) — песна на британската рок-група Happy Mondays од 1987 година.[1]

Предлошка:Кулинарство-никулец

  1. Happy Mondays – Squirrel And G-Man Twenty Four Hour Party People Plastic Face Carnt Smile (White Out) (пристапено на 29.11.2022)