Румелихисар
Румелихисар (Римска тврдина или Румелиска тврдина) е тврдина која се наоѓа во Саријер, област на Истанбул, Турција, на еден рид на европската страна на Босфорот. Таа го дава името на населбата околу неа. Румелихисар е изграден од страна на османлискиот султан Мехмед II, помеѓу 1451 и 1452 година, пред тој да го покори Цариград. Трите големи кули биле именувани по трите везири на султанот, Халил-паша, кој во голема кула изградена веднаш до портата, Заган-паша, кој ја изградил кулата на југ, и Сарика-паша, кој ја изградил кулата на север.
Румелихисар Rumeli Hisarı Римска тврдина | |
---|---|
Поглед кон тврдината | |
Општи податоци | |
Град | Истанбул |
Земја | Турција |
Конструкција
уредиРумелихисар се наоѓа на најтеснит дел од Босфорскиот теснец од 660 метри и е во непосредна (спротивна) близнина на Анадолски Хисар кој бил изграден во времето на Бајазит I. Местото било изберено за да се спречи помошта на престолнината која престигнувала преку Црно Море за време на османлиската опсада. Во претходните опсади на градот, султанот најмногу се соочувал со проблеми поради блокадата на Босфор од страна на взантиската флота. Тврдината која на ова место постоела во времето на Римската империјабила користена како затвор, а подоцна на ова место постоел и манастир.
Во рамките на подготовките за освојувањето на Цариград, Султанот Мехмед II (1432-1481), син на Мурат II, започнал да ја реализира изградбата на тврдината веднаш по неговото второ искачување на престолот во 1451 година. Тој ја одбил молбата за мир со византискиот цар Константин XI Палеолог (1404-1453), кој ја разбрал пораката која султанот ја истаќал со изградбата на тврдината. Изградбата започнала на 15 април 1452 година. Секоја од трите главни кули биле именувани по пашите кои ја надгледувале нивната конструкција. Султанот лично на неколкупати доаѓал за да ја надгледува изградбата. Со помош на илјадници ѕидари и работници, тврдината била завршена во рекордно време од 4 месеци и 16 дена на 31 август 1452 година.
Архитектура
уредиТврдината Румелихисар се состои од една мала кула, три главни кули и тринаесет мали караули поставени и поврзани со ѕидините на тврдината. Една караула е во вид на квадратна призма, шест караули се оформени како призми со многу агли и шест други се цилиндрични. Главната кула која се наоѓа на север и е во цилиндрична форма, е висока 28 метри (92 стапки), со пречник од 23,30 метри и нејзините ѕидови се 7 m дебели. Денес, оваа кула е наречена кула Фатих (Освојувачот) по Султан Мехмед II. Халил паша кула, која е во форма на призма призма, е сместена во средината на тврдината, е висока 22 метри со пречник од 23,30 метри и дебелина на ѕидините до 6,50 метри. Главната кула се наоѓа на југ, и се вика Заганос кула. Таа има цилиндрична форма и е висока 21 метри (69 стапки), со пречник од 26,70 метри и дебелина на ѕидините од 5,70 m.
Тврдината, која била дизајнирана од архитектот Муслихидин. Во почетокот тврдината се нарекувала Богажкесен. Подоцна таа била преименувана под денешното и име кое име во превод значи “тврдина на земјата на Римјаните“ односно на византиска Европа.
По падот на Цариград, тврдината служела како резиденција во која султанот ги примил своите гости. Своето значење тврдината го изгубила кога на бреговие биле изградени повеќе тврдини. Во 17 век. Потоа таа се користела како затвор, пред сѐ за странски воени заробеници. Румелихисар била делумно уништена од земјотрес во 1509 година, а веќе во следните години истата била на неколкупати реновирена. Во 1746 година, пожарот кој избувнал ги уништил дврените делови на главните кули. Во времето на Селим III таа повторно била изградена.
Тврдината денес
уредиВо 1953 година, по наредба на претседателот Џељал Бајар, жителите од реонот биле преселени по кое започнала обемна поправка на целиот комплекс на 16 мај 1955 година, која траела до 29 мај 1958 година. Од 1960 година, Румелихисар бил претворен во музеј. Освен како музеј, тврдината се користи и како отворен театар за различни фестивални концерти во текот на летните месеци.
Мостот султан Мехмет го поврзува комплексот со градот. Румелихисар е отворен за јавноста секој ден освен во среда. Изградбата била прикажана на турската банкнота од 1939-1986 година[1].
Наводи
уреди- ↑ The fortress was depicted in the following Turkish banknotes:
- On the reverse of the 1 lira banknote of 1942-1947 (2. Emission Group - One Turkish Lira - I. Series Архивирано на 16 април 2009 г.).
- On the reverse of the 500 lira banknotes of 1939-1946 (2. Emission Group - Five Hundred Turkish Lira - I. Series Архивирано на 10 мај 2009 г. & II. Series Архивирано на 10 мај 2009 г.).
- On the reverse of the 100 lira banknote of 1947-1952 (4. Emission Group - One Hundred Turkish Lira - I. Series Архивирано на 10 мај 2009 г.).
- On the reverse of the 1000 lira banknote of 1953-1979 (5. Emission Group - One Thousand Turkish Lira - I. Series Архивирано на 10 мај 2009 г.).
- On the reverse of the 1000 lira banknotes of 1978-1986 (6. Emission Group - One Thousand Turkish Lira - I. Series Архивирано на 10 мај 2009 г., II. Series Архивирано на 10 мај 2009 г. & III. Series Архивирано на 10 мај 2009 г.).
Надворешни врски
уреди„Румелихисар“ на Ризницата ? |
- Archnet Архивирано на 12 февруари 2006 г.