Никејското Царство — најголемото од трите византиски грчки[1][2] држави–наследнички, основани од аристократијата од Византиското Царство кое побегнало кога Цариград бил окупиран од западноевропските и венецијанските сили за време на Четвртата крстоносна војна. Основано од династијата Ласкариди[2], постоело од 1204 до 1261 кога Никејците го вратиле Цариград и повторно го формирале Византиското Царство.

Римско Никејско Царство
Βασιλεία τῶν Ῥωμαίων
Basileía tôn Rhōmaíōn
Царство на Римјаните
1204–1261
Латинското Царство, Никејското Царство, Трапезунтското Царство, и Епирското Деспотство. Границите не се добро одредени.
Латинското Царство, Никејското Царство, Трапезунтското Царство, и Епирското Деспотство. Границите не се добро одредени.
Главен градНикеја (de jure)
Нимфеј (de facto)
Говорени јазициГрчки јазик
Вероисповед
Православие
УредувањеАвтократија
Цареви 
• 1204–1222
Теодор I Ласкарис
• 1222–1254
Јован III Дука Ватац
• 1254–1258
Теодор II Ласкарис
• 1258–1261
Јован IV Ласкарис
• 1259–1261
Михаил VIII Палеолог
Историски периодРазвиен среден век
• Основана
1204
• Престанала да постои
Јули 1261
Претходници
Наследници
Византија
византија

Основање

уреди

Во 1204 ГОДИНА, византискиот цар Алексиј V Дука побегнал од Цариград откако градот бил нападнат од крстоносците. Теодор I Ласкарис, зет на Алексиј III Ангел, бил прогласен за цар, но тој исто така побегнал, во Никеја (денешен Изник) во Витинија, откако сфатил дека ситуацијата во Цариград е безнадежна.

Латинското Царство, кое било основано од крстоносците во Цариград, имало слаба контрола врз поранешните византиски територии, и држави–наследнички на Византија се појавиле во Епир и Трабзон (Трапезунт), како и во Никеја, иако Трапезунт се осамостоил како независна држава неколку недели пред падот на Цариград. Никеја, сепак била најблиску до Латинското Царство и била во најдобра позиција да се обидува повторно да го обнови Византиското Царство.

Теодор Ласкарис не бил веднаш успешен, бдејќи бил поразен кај Поеманенум и Пруса (денешна Бурса) во 1204 година, но успеал да освои поголем дел од Анадолија откако латинскиот цар Балдуин I морал да се брани од напад од бугарскиот цар Калојан. Теодор исто така ја поразил војската од Трапезунт, како и други помали соперници, со што дошол на чело на најсилната држава – наследничка. Во 1206 година, Теодор се прогласил за цар во Никеја.

Голем број на примирја и сојузи биле склучувани и растурани во следните неколку години бидејќи државите – наследници на Византија, Латинското Царство, Бугарите и Селџуците од Икониум (Конија) (чија територија се граничела со Никеја) воделе војни меѓу себе. Во 1211 година, кај Антиохија во долината Меандер, Теодор сопрел инвазија од Селџуците, кои го поддржувале враќањето на Алексиј III на власт. Загубите претрпени кај Антиохија довеле до пораз од страна на Латините кај реката Риндакус и губењето на Мизија и крајбрежјето на Мраморното Море со Договорот од Нимфеј.

Теодор се обидел да го докаже неговото барање на царскиот престол со назначување на Цариградски Патријарх во Никеја. Во 1219 година, тој се оженил со ќерката на латинската царица Јоланда од Фландрија, но умрел во 1222 година и бил наследен од неговиот зет Јован III Дука Ватац.

 
Остатоци од ѕидините на Никеја, портата Лефке; Изник, Турција

Проширување

уреди

Стапувањето на престолот на Ватац било оспорувано од Ласкаридите, со севастократорите Исак и Алексиј, браќа на Теодор I и барале помош од Латинското Царство. Ватац сепак ги победил комбинираните сили во Битката кај Поеманенум, со што го обезбедил престолот и ги освоил речиси сите азиски територии на Латините.

Во 1224 година, латинското Солунско Кралство, било освоено од Епирското Деспотство, но Епир потпаднал под бугарска контрола во 1230 година. Бидејќи Трапезунтското Царство не било доволно моќно, Никеја била единствената преостаната византиска држава и Јован III ги проширил териториите до Егејското Море. Во 1235 година, склучил сојуз со Иван II Асен од Бугарија, со што му се овозможило да го прошири своето влијание над Солун и Епир.

Во 1242 година, Монголите ја нападнале селџучката територија источно од Никеја и иако се загрижил дека можат да го нападнат следно, тие ја елиминирале заканата од Селџуците. Во 1245 година, Јован стапил во сојуз со Светото Римско Царство преку бракот со Констанца II од Хоенштауфен, ќерка на Фридрих II . До 1248 година, Јован ги победил Бугарите и го обиколил целото Латинско Царство. Тој продолжил да освојува територии од Латините сè до неговата смрт во 1254 година.

Теодор II Ласкарис, синот на Јован III, се соочил со бугарска инвазија во Тракија, но успешно ја одбранил територијата. Епир се побунил и склучил сојуз со Манфред од Сицилија, а Теодор II умрел во 1258 година. Го наследил Јован IV Ласкарис, но бидејќи сѐ уште бил дете негов регент бил генералот Михаил Палеолог. Михаил исто така се прогласил за цар (како Михаил VIII) во 1259 година и го одбил нападот од Манфред, епирскиот деспот, латинскиот кнез на Ахаја во Пелагониската битка.

Повторното освојување на Цариград

уреди
 
Монета издадена од Михаел VIII Палеолог при прославата на ослободувањето на Цариград од латинските војски и обновата на Римското/Византиското Царство.

Во 1260 година Михаил го започнал нападот на Цариград, нешто што неговите претходници не успеале на го направат. Тој склучил сојуз со Џенова, а неговиот генерал Алексиј Стратегопул поминал неколку месеци надгледувајќи го Цариград, за да може да испланира напад. Во јули 1261 година, поголемиот дел од латинската војска била ангажирана на други места, па Алексиј успеал да ги убеди чуварите да ги отворат вратите на градот. Штом влегле внатре, тие ја запалиле венецијанскиот кварт (бидејќи Венеција била непријател на Џенова и била најодговорна за заземањето на градот во 1204 година).

Михаил бил признат како цар по неколку недели, со што Византиското Царство повторно било создадено. Ахаја била за брзо време освоена, но Трапезунт и Епир продолжиле да постојат како независни византиски држави. Царството исто така се соочило со нова закана во Османлиското Царство, кое се издигнало и ги поразило Селџуците.

Војска

уреди

Никејското Царство било составено од најнаселениот грчки регион на Византија, со исклучок на Тракија која била под латинска/бугарска власт. Како такво, царството било способно да собере војска со добар број на војници во својот зенит (20000 војници) – оваа бројка постои во записи од војните водени против крстоносните држави.

Никејците продолжиле некои аспекти од војската на Комнините, но без бројот на ресурси со кој располагале Комнините, Никејците не можеле да соберат толкав број, ниту пак тие војски да го имаат квалитетот на војските кои царот Мануил и неговите претходници ги имале. Западна Мала Азија имала излез на море, со што била побогата од останатите држави кои настанале по освојувањето на Цариград и низ текот на годините станала најмоќната држава во регионот, но само за краток период.

Никејски цареви

уреди

Извори

уреди
  1. The Columbia history of the world by John Arthur Garraty, Peter Gay : ”The Greek empire in exile at Nicaea proved too strong to be driven out of Asia Minor, and in Epirus another Greek dynasty defied the intruders.”
  2. 2,0 2,1 A Short history of Greece from early times to 1964 By W. A. Heurtley, H. C. Darby, C. W. Crawley, C. M. Woodhouse page 55 “There in the prosperous city of Nicea, Theodoros Laskaris, the son in law of a former Byzantine Emperor, establish a court that soon become the Small but reviving Greek empire.

Наводи

уреди