2025
< XX век | XXI век | XXII век > | |||||||
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 100 |
2025 (MMXXV) ќе биде година според грегоријанскиот календар. Тоа ќе биде 2025 година од новата ера, 25. од третиот милениум, 25. од XXI век и шеста од 2020-тите.
Грегоријански календар | 2025 MMXXV |
Ab urbe condita | 2778 |
Ерменски календар | 1474 ԹՎ ՌՆՀԴ |
Асирски календар | 6775 |
Бахајски календар | 181–182 |
Балиски календар | 1946–1947 |
Бенгалски календар | 1432 |
Берберски календар | 2975 |
Будистички календар | 2569 |
Бурмански календар | 1387 |
Византиски календар | 7533–7534 |
Кинески календар | 甲辰年 (дрв. змеј) 4721 или 4661 — до — 乙巳年 (дрв. змија) 4722 или 4662 |
Коптски календар | 1741–1742 |
Етиопски календар | 2017–2018 |
Еврејски календар | 5785–5786 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2081–2082 |
- Сачка ера | 1946–1947 |
- Кали-југа | 5125–5126 |
Холоценски календар | 12025 |
Игбоански календар | 1025–1026 |
Ирански календар | 1403–1404 |
Исламски календар | 1446–1447 |
Јапонски календар | Рејва 7 (令和7年) |
Јавански календар | 1958–1959 |
Џуче-календар | 114 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4358 |
Мингуо-календар | Тајван 114 民國114年 |
Нанакшахи | 557 |
Тајландски сончев календар | 2568 |
Тибетски календар | 阳木龙年 (машко дрво-змеј) 2151 или 1770 или 998 — до — 阴木蛇年 (женско дрво-змија) 2152 или 1771 или 999 |
Униксно време | 1735689600 – 1767225599 |
Други календари
уредиГодината е броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7533 и 7534 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6775 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5785 и 5786 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2778.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 2025 година се протега во 4661 и 4662, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4721 и 4722 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2568. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1446 и 1447 исламска година.
Настани
уреди- ...
Личности
уреди- ...
Откритија
уреди- ...