Плоштад Таксим
Плоштадот Таксим (турски: Taksim Meydanı) се наоѓа во градот Истанбул, Турција, на европската страна на градот помеѓу Златниот Рог и Босфорот. Овој плоштад е еден од најпознатите во градот, покрај кој се наоѓаат голем број на ресторани, продавцници, хотели и слично. Во центарот на плоштадот се наоѓа познатиот споменик Кумхуриет Анити кој бил изграден во 1928 година.
Плоштад Таксим Taksim Meydanı | |
---|---|
Поглед кон денешниот плоштад | |
Општи податоци | |
Град | Истанбул |
Земја | Турција |
Историја
уредиИмето Таксим доаѓа од арапскиот јазик кој во превод значи распределување. На ова место се наоѓала крајната линија на водоводот којшто бил изграден во 1731 година. Во времето на Махмуд I, во текот на 1732 година на ова место била изградена централа која помагала за распоредување на водата кон останатите делови од градските региони, како Казимпаша, Галата, Бејоглу, Финдикли и Бешикташ.
Со текот на времето, Таксим бил постепено прошируван. Како што биле поголемиот број водоводни системи во текот на 19 век, така и Таксим народот се снабдувал со вода од чешмите кои биле поставени во околината. Исклучок биле само палатата Таксим. Кон крајот на 19 век, во Цариград бил изграден модерен водоводен систем, по кое Таксим го изгубил своето значење. Во 1950 година, овој водовод бил затворен официјално.
Сообраќај
уредиОд денешниот плоштад Таксим започнуваат поголем број на улици и булевари, како на пример булевар Истиклал, Терлабаши која води до Фатих, Улица на револуцијата која води до Шишли итн. Во 2000 година, плоштадот бил поврзан со Истанбулското метро, од каде може да се дојде до т.н. „реон на банките“ - Левент[1].
Таксим како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Сонот од Таксим“ (Taksim Dream) - композиција на Оркестарот на Џамбо Агушев.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Istanbul Metropolitan Municipality: Taksim - 4. Levent metro hattı“. Ibb.gov.tr. Архивирано од изворникот на 2009-06-26. Посетено на 2009-07-21.
- ↑ „Проектот на Џамбо Агушев на Би-би-си“, Слободен печат, година V, број 996, понеделник, 20 февруари 2017, стр. 19.
Надворешни врски
уреди„Плоштад Таксим“ на Ризницата ? |
- Слики од плкоштадот Таксим Архивирано на 28 ноември 2020 г.
- Прославување на Нова година на плоштадот во 2006 Архивирано на 24 февруари 2006 г.