Музеј на Мозаикот од Големата палата
Музејот на Мозаикот од Големата палата (турски: Büyük Saray Mozaikleri Müzesi)) се наоѓа во близина на плоштадот Султан Ахмед во Истанбул, Турција. Мозаиците кои биле пронајдени датират од времето на Византија, најверојатно кога владеел Јустинијан I (527-565) кога овој музеј спаѓал во комплексот на Големата Палата во Цариград. Мозаикот бил откриен од страна на британските археолози на универзитетот Свети Андреј во периодот од 1935-1938 и 1951-1954 година. Мозаикот го претставува најголемиот и најубавиот пример на пејзажните мозаици во доцната антика. Нејзиниот извонреден квалитет на изработка веројатно укажува дека за неговата конструкција императорите ги задолжувале најдобрите уметници од целата територија на Византиското Царство.
Музеј на Мозаикот од Големата палата Büyük Saray Mozaikleri Müzesi | |
---|---|
Внатрешноста на објектот | |
Општи податоци | |
Град | Истанбул |
Земја | Турција |
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Музеј на Мозаикот од Големата палата на Ризницата ?
- Byzantium 1200 | Мозаикот од големата палата
- Фотографии Архивирано на 13 март 2006 г.