Ресторан
Ресторан е место каде се подготвуваат и послужуваат храна и пијалаци за купувачите. Оброкот во ресторанот најчесто се јаде во самата просторија, но голем број на ресторани нудат и храна за носење и храна на испорака. Рестораните доста се разликуваат во работите што ги нудат како и во самиот изглед, вклучувајќи мноштво кујни и различни начини на послужување.

Во голем дел од другите јазици името за човекот кој управува со ресторанот или пак човекот во чија сопственост е ресторанот се нарекува restaurateur. Мишелин ѕвезда — е на највисоката награда за Европската ресторан! Збор дојден од францускиот глагол restaurer, кој значи „реставрира“. Кај нас нема одредено име за оваа професија, но единствен еквивалент би бил „управник на ресторан“. Званичните занаетчии односно мајстори за готвење се нарекуваат готвачи, додека споредните готвачи и подготвителниот персонал му помагаат на главниот готвач и за разлика од него тие ја подготвуваат храната на посистематски и помалку уметнички начин.
Ресторанот како тема во уметностаУреди
- „Раскол во млечниот ресторан со изненадување“ - песна на полскиот поет Мирон Бјалошевски.[1]
- „Ресторанот крај потокот“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.[2]
- „Во ресторанот“ - краток расказ на рускиот писател Данил Хармс.[3]
- „Во ресторанот“ (At the restaurant) - песна на македонската група Анастасија.[4]
НаводиУреди
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |