Универзитет Богазичи

Универзитет Богазичи (турски: Boğaziçi Üniversitesi) — голем истражувачки универзитет во Истанбул, Турција. Неговиот главен кампус се наоѓа на европската страна на теснецот Босфор. Има четири факултети и две училишта кои нудат додипломски студии, и шест институти кои нудат постдипломски студии. Јазикот на кој се изведува наставата е англиски.

Универзитет Богазичи
Boğaziçi Üniversitesi
Поранешно име
Роберт колеџ (1863–1970)
ВидДржавен
Основан1863
РекторМелих Булу
Административен кадар
1,007[1]
Студенти16,517[2]
Додипломци11,754[2]
Постдипломци4,763[2]
847[2]
МестоИстанбул, Турција
Кампус6 кампуси: вкупно 1.699 square kilometres (420 acres)[2]
Јазиканглиски[3]
БоиСветлосина и темносина         
Припадност
boun.edu.tr
Податотека:Boğaziçi University logo.svg

Бил снован во 1863 година, и заедно со Роберт колеџ, Богазичи е прва американска високообразовна институција основана надвор од САД. Иако денес е под целосно турска администрација, универзитетот сè уште одржува силни врски со американскиот образовен систем.

Универзитетот Богазичи постојано е рангиран највисоко во Турција, имајќи најголем број апликанти преку приемните испити на турскиот универзитет TYT-AYT[5]. Универзитетот нуди учење на познатите програми се електротехника и електроника[6] computer engineering,[7], компјутерско инженерствО и индустриско инженерство. Само првите 800 од приближно 1,8 милиони учесници на годишниот приемен испит на турскиот универзитет (TYT-AYT) се примаат за образование. За да се примени во други програми за дипломи, обично треба да се биде во првите 1% од универзитетскиот приемен испит. Ова му овозможува на универзитетот да привлече многу студенти со највисоки оценки[8]; како и да ги има најпосакуваните програми за применета наука, образование, инженерство и социјални науки во Турција[9][10].

Наводи

уреди
  1. Statistics Boğaziçi University
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Sayılarla Boğaziçi Universitesi 2010 Boğaziçi University
  3. „The University“. boun.edu.tr. Boğaziçi University. Посетено на 17 April 2017. The language of instruction at BU is English
  4. „Our founding universities“. The European University of Brain and Technology. Архивирано од изворникот на 2020-12-29. Посетено на 2021-02-04.
  5. [1] Архивирано на 15 мај 2020 г. 2019 YKS SONUÇLARINA GÖRE BOĞAZİÇİ ÜNİVERSİTESİ BÖLÜMLERİNİN TAVAN-TABAN PUANLARI VE SIRALAMALARI
  6. [2] BOUN EE
  7. [3] BOUN CmpE
  8. İlk 1000 Universielere göre dağılım Архивирано на 31 март 2010 г. Boğaziçi University
  9. Belgeler OSYM
  10. Huisman, Jeroen; Pausits, Attila (23 April 2019). Higher Education Management and Development. Compendium for Managers. Waxmann Verlag. ISBN 9783830972860 – преку Google Books.

Надворешни врски

уреди

41°05′01″N 29°03′02″E / 41.083556° СГШ; 29.050598° ИГД / 41.083556; 29.050598