Историја на Истанбул (1923-денес)
Историјата на Истанбул во модерно време го опфаќа периодот од распаѓањето на Османлиското Царство и основањето на Република Турција во 1923 година до денес. Во октомври 1923 година, по победата на Турското национално движење предводено од Мустафа Кемал Ататурк, главниот град на новата држава бил преместен од Истанбул во Анкара. Сепак, градот го задржал правото да се нарече комерцијален и индустриски, а подоцна и туристички центар на земјата.
Најголемиот развој на градот повторно започнал кон крајот на XX век. Покрај серијата на кризи во Турција, градот започнал да се гради во модерен стил со изградба на метро, жичарница, модерни мостови и аеродроми. Поради брзата растечка популација на градот, денеска Истанбул претставува голема туристичка и трговска атракција во Турција, кој привлекува милиони туристи секоја година. Само аеродромот Ататурк има повеќе од 40 милиони патници годишно.
20 век
уреди1923-1950
уредиРешението на новата Турска република да ја префрли престолнината од Истанбул во Анкара означувало раскинување со минатото[1], бидејќи Истанбул во минатото бил главен град на три империи и самиот тој бил поврзан со традициите на овие империи. Големите сили откриле свои амбасади во Анкара, додека нивните амбасади во Истанбул биле сведени на конзулати. Укинувањето на калифатот претставувало дел од општата секуларизација на земјата. Тоа го вклучувало и укинувањето на статутот на шејк-ул-ислам и Министерството на шеријатот. Во овој период во целата земја, посебно во Истанбул биле затворени голем број на верски училишта, медреси, текињата на дервишкиот ред биле затворени преку закон, носењето на фес исто така било забрането од 1927 година, а биле додадени и презимиња за секој граѓанин на Турција. Шеријатот бил укинат од времето на Сулејман Величествениот, а на негово место бил поставн швајцарскиот граѓански кодекс, на местото на арапското писмо била воведена латиницата[2][3]. Во текот на 1930 година, името на градот официјално било преименувано во Истанбул[4].
Во 1923 година, со исклучок на некои монументални и јавни објекти, во градот станбените објекти биле изградени од тули и дрво кое постојано придонесувало до нови пожари низ градот. Во август 1927 година бил опожарен Усќудар, Бејоглу во 1929, Фенер во 1941, Капали чаршија во 1943 итн. Во 1933 година општинските власти повикале странски архитекти за обнова на изгорените места. Според пописот од 1927 година во градот од вкупно 95,000 станбени објекти, 90% биле поединечни куќи додека 5% биле згради а останатите припаѓале на државата. Така сликата за градот кон крајот на 1920-тите не била значително променета од онаа кон крајот на османлиската ера. Истанбул во овој период го изгубил приматот на главна архитектонска обнова во корист на Анкара. Куќата на Беќир бег изградена во 1929 година и Сани Јавер од 1931 година се сметаат за прв пример на новата архитектура во градот. Сејфи Аркан бил еден од најпознатите архитекти од времето на Ататурк, познат во градот по изградба на павилјонот Флорја од 1935 година кој бил користен како резиденција на Ататурк[5] и зградата Учлер во Ајаспаша во 1935 година. Друг познат архитект од оваа ера бил Седад Хаки Елдем кој во соработка со Емин Онат ја проектирал зградата на Факултетот за уметност и наука на Истанбулскиот универзитет во Бајазид[6] во 1944 година и Домот на правдата кој се наоѓа на плоштадот Султанахмед во 1948 година.
Турската република на инсистирање на Ататурк уште во самиот почеток вовела политика на зачувување на античките споменици на државата и запиочнала археолошки ископувања. Како резултат на започнатата реставрацијата на византиските и османлиските споменици во Истанбул. Во овој период биле повторно отворени за јавноста како музеи голем број на знаменитости на градот, почнувајќи со палатата Топкапи во 1927 година и Света Софија во 1934 година. Исто така биле отворени и нови музеи, а при археолошките ископувања биле пронајдени делови од античкиот град и некои од неговите изгубени вредности како Големата палата на Цариград.
Во 1934 година, жените добиле право на глас и неколку жени влегле во собранието на земјата, додека како ден за одмор бил прогласен недела наместо досегашниот петок. Мустафа Кемал Ататурк последните години од својот живот ги поминал во Истанбул, во палатата Долмабахче каде и починал во 1938 година[7]. Негов наследник станал Исмет Инону, кој како претседател останал до 1950 година, кога го наследил Џелал Бајар, кој пак бил на таа функција до 1960 година кога бил соборен преку револуција од страна на Џемал Ѓурсел. Тоа било првото од трите воени хунти во земјата, кои се случиле уште во 1971 и 1980 година. Во 1993 година за прв жена-премиер на земјата станала Тансу Чилер.
Првиот попис по наредба на републиканското управување бил спроведен во јуни 1924 година и тоа покажало дека Истанбул има население од 1.165.886 жители - најмногу во историјата на градот. Вистинскиот број на населението бил дури и поголем, бидејќи пописот не опфатил приближно 100.000 бегалци кои дошле во Истанбул во и непосредно по Првата светска војна. Според пописот, 61% во градот биле муслимани Турци, 26% Грци, 7% Ерменци и 6% Евреи. Вкупниот број на Грците во градот, вклучувајќи ги и оние со грчки пасоши изнесувал приближно 305.000 лица. Грчкото население во текот на годините значително се намалило и денеска тоа изнесува околу 3.000 луѓе.
1950-2000
уреди1950-тите години претставуваат пресвртница во архитектонскиот план на Истанбул поради големите проекти и измена на самиот лик на градот. Во 1947-1955 година во Левент била основана Емлак Креди Банкаси како банка за финансирање на проекти за домување. Во следниот период населбата Левент станала една од најголемите бизнис центри во Бешикташ, Истанбул каде денеска се наоѓаат трговските центри Сабанчи центар, Метросити итн. Освен Левент, голем трговски центар претставува и населбата Маслак.
Во 1950 година населението на градот било околу 1.000.000 но од тогаш започнал брзиот раст[6]. Така во 1960 градот имал 1.466.000 жители, во 1970 имал 2.132.000, во 1980 4.433.000, во 1990 7.500.000 жители додека во 2014 овој број изнесувал 14,377,019 жители[8].
Во септември 1955 година се случил т.н. септемвриски погром кој бил директно насочен кон грчкото малцинство во Истанбул. Конфликтот се смета дека започнал кога пристигнале гласините дека куќата во Солун во која живеел Кемал Ататурк била уништена од страна на грчките терористи. Во период од 9 часа, етничките Грци биле подложени на големи притисоци. Така, помеѓу 16 и 30 Грци биле убиени[9][10], како и најмалку еден Ерменец како последица од насилство. Помеѓу жртвите имало и двајца свештеници. 32 Грци биле тешко ранети. Покрај ова, околу десетина девојки од грчка националност биле силувани. Повеќе од илјада грчки куќи, училишта, цркви, хотели итн. биле уништени. Проценките за штетата се разликувале во зависност од изворот. Според турската влада, штетите изнесувале околу 69.5 милиони турски лири, според британските извори околу 100 милиони британски фунти, а според грчки околу 500 милиони долари. Немирите предизвикале брз процес на емиграција, а тоа довело до исчезнување на грчкото малцинство во Турција.
Во 1969 година се случила т.н. Крвава недела, односно протести организирани од страна на контрареволуционерските левичарски сили. Протестот се одржал на плоштадот Бајазид, а како позадина бил државниот удар во земјата од 1960 година, кога власта преминала во рацете на офицери од турската армија[11], и во следните години се зголемило американското влијание во земјата[12]. Немирите го достигнале својот врв на 16 февруари 1969 година, кога 30.000 демонстранти марширале на плоштадот Таксим. Демонстрациите биле растурени од полицијата, а двајца демонстранти биле убиени.
Друг сличен настан се случил на 1 мај 1977 година, на меѓународниот ден на трудот, на плоштадот Таксим, познат како Таксимски масакар. Денот на трудот во земјата не бил одржуван во периодот од 1928 до 1976 година[13], кога за првпат бил одржан протест[14]. Следната 1977 година започнале да се шират гласини дека протестите ќе бидат проследени со крвопролевања[14]. Протестите биле поддржувани од Работничката партија на Турција, Социјлнистичката и Комунистичката партија на Турција. Се смета дека на протестите учествувале над 500.000 луѓе[15]. Кога започнале пукотници, полицијата одговорила со своите оклопни возила. Така во нередите биле убиени помеѓу 34 и 42 лица[16] додека од 126 до 220 биле повредени. Според извештаите од аутопсијата, само четири жртви биле убиени од куршуми. Се смета дека голем дел од мртвите починале од прегазување на оклопните полициски возила.
Во март 1995 година во населбата Султангази, населба со населени Алевети, се случиле нереди во кои биле убиени 23 лица а повеќе од 1400 биле повредени[17]. Така, на 12 март 1995 година, во населбатас биле нападнати три кафулиња и слаткарница во исто време со автоматска пушка од непознати лица. Како резултат на нападот, Деде Халил Каја, 61-годишниот верски водач на Алеветите бил убиен а 25 лица биле повредени.[18][19][20]. По овие напади, голем дел од Алевите се собрале и се упатиле кон полициската станица, каде насилството продолжило цела ноќ. Нередите продолжиле и следниот ден, кога бунтовничките демонстранти се приближиле на полициската станица, по кое полицијата убила 15 бунтовници а голем дел биле повредени. На 14 март во населбата била прогласена воена состојбас. Следниот ден, на 15 март немирите се прошириле во населбата Ураније, каде биле убиени пет лица.
Во текот на овој период биле изградени голем број на градби, меѓу кои најпознати се: киното Ќучук Емек (1958)[21], Босфорски Мост (1973), Мост Фатих Султан Мехмет (1988), Истанбулско метро (1989), Мост Галата (1994) итн. На полето на културата, во градот биле основани неколку манифестации, и тоа: Истанбулски меѓународен музички фестивал (1973), Истанбулски маратон (1979), Истанбулски меѓународен филмски фестивал (1982)итн.
21 век
уредиИстанбул денес е еден од најважните туристички места во Турција и светот. Постојат илјадници хотели и други туристички ориентирани индустрии во градот, проследени со големиот број на објекти што се од културен карактер. Во 2006 година вкупно 23.148.669 туристи ја посетиле Турција, од кои повеќето од нив во земјата влегле преку морските пристаништа или преку аеродромите на Истанбул и Анталија. Вкупниот број на туристи коишто влегле низ аеродромот Истанбул Ататурк и Сабиха Ѓукчен во Истанбул достигнал 5.346.658. Истанбул е исто така е град на светските големи конференциски одредишта и е сè попопуларен избор за водечките светски меѓународни асоцијации[22].
Истанбул има 39 населби (2009), од кои 27 се во градот Истанбул, кои сите заедно го формираат Големиот Истанбул, или Општина Истанбул. Истанбулските окрузи се поделени во три главни области:
- Историскиот полуостров на стариот Истанбул, кој отприлика датира од времето на Цариград во 15 век. Стариот град се состои од населбите Еминону и Фатих. Оваа област се наоѓа на јужниот дел од бреговите на Златниот Рог, што ја одделува од стариот градски центар на севрен и современите делови и градби од европска земја. Историскиот полуостров завршува со Теодосиевите ѕидови на запад. Полуостровот е опкружен од страна на Мраморно Море на југ и на влезот на Босфорот на исток.
- Северно од Златниот Рог се наоѓаат историските населби Бејоглу и Бешикташ, во кои се наоѓа последната палата на султанот. Овде се наоѓаат и поранешните села Ортаќој и Бебек, односно по должината на бреговите на Босфорот. Од двете страни на Босфорот, азиски и европски, се наоѓаат богатите истанбулски луксузни градби, наречени Гали кои биле користени како летни резиденции.
- Населбите Усќудар (древен Крисополис) и Кадиќој (древен Халкедон), кои се наоѓаат на азиската страна, во почетокот егзистрале како оделни градови и истите во текот на историјата биле заземени од страна на византиските императори или османлиските султани. Денес, на азиската страна од градот има изградено голем број на современи станбени области и бизнис области, и овој дел е дом на околу една третина од населението во Истанбул.
Во текот на овој период биле изградени голем број на градби, меѓу кои најпознати се: Миниатурк (2003)[23], Оперска куќа Суреја (2007).
Наводи
уреди- ↑ „Istanbul“, Webster's Geographical Dictionary, USA: G. & C. Merriam Co., 1960, стр. 503, OL 5812502M
- ↑ Yazım Kılavuzu, Dil Derneği, 2002 (the writing guide of the Turkish language)
- ↑ Gürçağlar, Şehnaz Tahir. The politics and poetics of translation in Turkey, 1923-1960, pp. 53-54. Rodopi, 2008. ISBN 978-90-420-2329-1
- ↑ „Turkey Profile: Timeline“. BBC News. Посетено на 30 December 2013.
- ↑ „Seyi Arkfan“ (турски). arkiv.com.tr. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 18 June 2014.
- ↑ 6,0 6,1 Leon E. Seltzer, уред. (1952), Columbia Lippincott Gazetteer of the World, New York: Columbia University Press, стр. 854, OL 6112221M
- ↑ Atatürk'ün Hayatı (Atatürk's Life). Ministry of Culture and Tourism (Turkey) (турски).
- ↑ „The Results of Address Based Population Registration System, 2014“. Turkish Statistical Institute. 31 December 2014. Посетено на 29 January 2015.
- ↑ Λιμπιτσιούνη, Ανθή Γ. „Το πλέγμα των ελληνοτουρκικών σχέσεων και η ελληνική μειονότητα στην Τουρκία, οι Έλληνες της Κωνσταντινούπολης της Ίμβρου και της Τενέδου“ (PDF). University of Thessaloniki. стр. 29. Посетено на 3 October 2011.
- ↑ de Zayas, Alfred. „International Law and the Istanbul Pogrom“ (PDF). Посетено на 4 October 2011.
- ↑ Karasapan, Omer. Turkey and US Strategy in the Age of Glasnost. Middle East Report, No. 160, Turkey in the Age of Glasnost (Sep. - Oct., 1989), p. 6
- ↑ Amineh, Mehdi Parvizi; Houweling, Henk (June 2007). „Global Energy Security and Its Geopolitical Impediments: The Case of the Caspian Region“. Perspectives on Global Development and Technology. 6: 365–388. doi:10.1163/156914907X207793. Посетено на April 2008. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Mavioglu, Ertugrul; Sanyer, Ruhi (2007-05-01). „30 yıl sonra kanlı 1 Mayıs (3)“. Radikal (турски). Посетено на 2008-07-01.
- ↑ 14,0 14,1 Mavioglu, Ertugrul; Sanyer, Ruhi (2007-04-30). „30 yıl sonra kanlı 1 Mayıs (2)“. Radikal (турски). Посетено на 2008-07-01.
- ↑ „Police Crashes May Day Rally“. bianet. 2007-05-01. Посетено на 2008-07-01.
- ↑ Özcan, Emine (2006-04-28). „1977 1 Mayıs Katliamı Aydınlatılsın“. bianet (турски). Архивирано од изворникот на 2011-08-07. Посетено на 2008-07-07.
- ↑ „Ergenekon zanlısı, Gazi mahallesi provokatörü çıktı -“. Star Gazete (турски). 2008-07-04. Посетено на 2012-02-18.
- ↑ Altuğ, Evrim & Müjgân Halis (2008-08-03). „Önüm, arkam, sağım,solum provakasyon! - Gazi denilen yer“. Sabah (турски). Посетено на 2012-02-17.
- ↑ „Vahşetin simge kızı 13 yıl sonra konuştu“. Alevi Haber Ajansı-AHA (турски). Посетено на 2012-02-18.
- ↑ Saran, Ceren (2010-03-12). <newspaper=Alevi Haber AJansı „Gazi Katliamının 15. Yılı“ Проверете ја вредноста
|url=
(help) (турски). Посетено на 2012-02-18. - ↑ „Movie Theaters in Istanbul, Turkey“. CinemaTreasures.org. Los Angeles: Cinema Treasures LLC. Посетено на 30 December 2013.
- ↑ „EIBTM 2007 - The Global Meetings & Incentive Exhibition for the MICE Industry“. Reed Exhibitions Limited (member of the Association of Event Organisers (AEO)). Посетено на 2006-03-11.
- ↑ Ipek Türeli (2006). „Modeling Citizenship in Turkey's Miniature Park“. Traditional Dwellings and Settlements Review. International Association for the Study of Traditional Environments. 17 – преку University of California, Berkeley.