Отвори го главното мени

Опфатност на Авторското право во МакедонијаУреди

Во Македонија со закон се уредува правото на авторите над нивните дела од областа на книжевноста, науката и уметноста, и правата на изведувачите во било која сфера.

Определување на поими кадешто Авторското право има надлежностУреди

ЈавностУреди

Значи достапност на авторско дело, под еднакви услови, на неодреден број лица надвор од вообичаениот круг на семејството или личните познаници;

ОбјавувањеУреди

Значи дека авторското дело станало достапно на јавноста, независно од начинот и формата на која тоа е направено;

РепродукцијаУреди

Значи изработка на примерок од авторско дело, фиксирано на материјална подлога, независно од видот на подлогата на примерокот, бројот на примероците и постапката;

ДистрибуцијаУреди

Значи оригиналот или примерокот на авторското дело да се пушти во промет или да се понуди на јавноста заради продажба или друг вид пренос на сопственичко право, како и увоз на оригинал или примерок за натамошен промет;

ИздавањеУреди

Значи репродукција на авторско дело во доволен број примероци и нивна дистрибуција;

ИзнајмувањеУреди

Значи оригиналот или примерокот на авторското дело да се даде на користење на определено време, заради непосредна или посредна економска корист;

Јавно изведувањеУреди

Значи објавување во живо или преку технички средства на книжевно или музичко дело, како и објавување во живо на сценско дело;

Јавно пренесувањеУреди

Значи изведба на книжевно, музичко или сценско дело да се објавува надвор од просторот или местото на изведувањето, независно од средството, начинот и постапката на пренесувањето (звучник, екран и слично);

Јавно прикажувањеУреди

Значи преку технички средства да се објави кинематографско или друго аудиовизуелно дело или дело од областа на фотографијата, ликовната уметност, архитектурата, урбанизмот, применетата уметност, дизајнот, картографијата, како и дела од научна и техничка природа;

Јавно изложувањеУреди

Значи објавување на оригинал или примерок на дело од ликовната уметност, на фотографско дело или на дело создадено во постапка слична на фотографската;

Радиодифузно емитувањеУреди

Значи објавување на авторско дело преку радио и телевизиски програмски сигнали безжично, вклучувајќи сателит во кодирани или некодирани форми или жично, вклучувајќи кабловски или микробранов систем. Како радиодифузно емитување се смета и емитувањето преку телевизиски програмски сигнали по индивидуално барање (он деманд);

Радиодифузно реемитувањеУреди

Значи истовремено, во целина и непроменето објавување на радиодифузно емитувано дело, доколку го врши друга радио и телевизиска организација или доколку се работи за пренос по кабловски или микробранов систем, а се однесува на повеќе од сто кабловски приклучоци или доколку делото почетно се емитува од друга држава (кабловско реемитување) и

ПреработувањеУреди

Значи изворното авторско дело да се преведува, обработува, приспособува, аранжира или на друг начин да се преработи.

Авторско делоУреди

Авторско дело е индивидуална и интелектуална творба од областа на книжевноста, науката, уметноста и од други области на творештвото, независно од видот, начинот и формата на изразување, доколку со закон не е поинаку определено.

За авторско дело се смета особено:

- пишано дело, како, книжевно дело, напис, статија, прирачник, брошура, научен труд, расправа и слично,

- компјутерска програма, како книжевно дело,

- говорно дело, како, говор, беседа, предавање и слично,

- музичко дело, со или без текст,

- драмско, драмско-музичко и куклено дело,

- кореографско и пантомимичарско дело, фиксирано на материјална подлога,

- фотографско дело и дело создадено во постапка слична на фотографската,

- кинематографско и друго аудиовизуелно дело,

- ликовно дело, како, слика, графика, скулптура и слично,

- архитектонско дело,

- дело од применетата уметност и дизајнот и

- картографско дело, план, скица, технички цртеж, проект, табела, пластично дело и друго дело со ист или сличен карактер од областа на географијата, топографијата, архитектурата или друга научна, образовна, техничка или уметничка природа.

Како авторско дело не се смета идеја, концепција, откритие како ни законодавен текст од извршната, законодавната или судската област, или пак нивен превод.

Со преработката на авторско дело не е дозволено да бидат засегнати правата на авторот на изворното дело.

АвторУреди

Автор, во смисла на законот, е физичко лице кое создало авторско дело.

За автор се смета лице чие име, псевдоним или ознака на вообичаен начин е означено на делото или е наведено при неговото објавување, додека не се докаже спротивното.

Во случај кога авторот не е познат, авторското право на објавено дело го остварува оној којшто го објавил делото.

Морални праваУреди

Моралните права го штитат авторот по однос на неговата индивидуална и интелектуална врска со делото.

Авторот има исклучиво морално право:

- да одлучи дали, кога и како ќе биде прв пат објавено неговото дело;

- на признавање на авторството на своето дело;

- да одлучи дали при објавувањето на делото ќе се наведе неговото авторство и со каква ознака;

- да бара при секое користење на делото на вообичаен начин да биде наведено неговото име, псевдоним или друга ознака;

- на сочувување на целината на делото и да се спротивстави на секакво деформирање, сакатење или менување на неговото дело, односно да се спротивстави на секое користење на делото што може да и наштети на неговата личност, чест и углед;

- да го измени делото, доколку со тоа не се нарушуваат правата стекнати од други лица и

- да го откаже правото на носителот на негово материјално право, согласно со закон.

Траење на Авторското правоУреди

  • Авторското право трае за време на авторовиот живот и 70 години по неговата смрт.
  • Авторското право на анонимни и псевдонимни дела трае 70 години по законското објавување на делото.
  • Доколку псевдонимот не доведува до забуна за тоа кој е автор или доколку авторот, во рокот наведен во став 1 на овој член, го открие својот идентитет, се применува рокот од член 44 на овој закон.
  • Авторското право на аудиовизуелни и колективни дела трае 70 години по законското објавување на делото.

Слободно користењеУреди

Во слободно користење е авторско дело заради стекнување информации од општо значење заради целите на наставата, за приватно или друго сопствено репродуцирање или цитирање.

Лицето или колективот чии авторски права се прекршени, според законот на Република Македонија за Авторско право Лице,може да побара заштита на правата и надомест на штета, доколку со закон не е поинаку определено.

Определување на кршење на авторско правоУреди

Се смета дека некое лице ги крши исклучивите права, според овој закон, кога произведува, увезува, поседува за комерцијални цели, дистрибуира, изнајмува или на друг начин користи било какви средства:

- чија единствена или претежна намена е неовластено отстранување или оштетување техничка опрема или компјутерска програма, што се користи како законска заштита од неовластено користење

- што овозможува или помага, кога за тоа нема овластување, јавноста да прима кодирани радио или телевизиски програмски сигнали.

Законска заштитаУреди

Доколку носителот на правото пријави дека дошло до повреда на неговото исклучиво право според законот, судот, на негов предлог, може да определи привремени мерки заради обезбедување непарични побарувања според законот, а особено:

- да се запленат, исклучат од промет и сочуваат примероци, средства, опрема и документи во врска со нив,

- да се забранат дејствија на евентуални повреди или нивно продолжување и

- да се донесат други слични мерки.

Доколку постои основано сомнение дека заштитата од став 1 на член 162 од законот за Авторски правоа, подоцна не може да се оствари, судот може да ги изрече и да ги изврши мерките од истиот став, без претходно известување и сослушување на спротивната страна.

Постапката за привремени мерки е итна.

За постапката за донесување на привремени мерки се применуваат прописите за извршната постапка, доколку со овој закон не е поинаку определено.

Казнени одредби за кршење на авторски праваУреди

Според законот за Авторски права, секој прекршител на одредбите кои се дефинирани во овој закон може да биде казнет со парична казна, но не и затворска.

Надворешни врскиУреди