Баку
Баку (азерски: Bakı; персиски: بادکوبه/Бадкубeх[5][6]) — главен град на Азербејџан. Се наоѓа на јужниот брег на Апшеронскиот Полуостров. Современото Баку се состои од три дела: Стариот Град (İçəri Şəhər), најнапредниот стопанскиот дел од градот и делот изграден од советските власти. Според пописот од 2012 г., Баку има 3.202.300 жители[7]. Околу 3 милиони жители живеат во околната област.
Баку Bakı | ||
---|---|---|
Разни знаменитости во Баку | ||
Прекар(и): Град на ветриштата | ||
Земја | Азербејџан | |
Управа | ||
• Градоначалник | Хаџибала Абуталибов | |
Површина[1] | ||
• Градска | 3,125 км2 (1,207 ми2) | |
Надм. вис. | −28 м | |
Население (2012)[3] | ||
• Градско | 3,202,300 | |
• Густина | 996,38/км2 (258,060/ми2) | |
• Градскo | 3,525,000[2] | |
• Метро | 4,308,740 | |
Демоним | Бакујци[4] азерски: Bakılı | |
Час. појас | AZT (UTC+4) | |
Пошт. бр. | AZ1000 | |
Повик. бр. | (+994) 12 | |
Рег. таб. | 10–90 AZ | |
Мреж. место | baku-ih.gov.az |
Обликот на градот е правоаголен, а само во најстариот дел од градот, зад ѕидините од тврдината улиците се криви и тесни. Најнапредниот дел од градот се наоѓа јужно од стариот град. Изграден е огромната експлоатација на нафта која започнала пред околу еден век и има интересна уметничка архитектура.
Денес Баку се протега и надвор од ѕидините на стариот град. Овој град е поделен на 11 области: Азизбајов, Бинагади, Гарадах, Нариманов, Насими, Низами, Сабаил, Сабунчу, Катај, Суракани и Јасамал.
Демографија
уредиСпоред проценките од 2007 година во Баку има 2.075.000 жители, а главните етнички групи се:
Во текот на XX век, етничката структура на градот значително се изменила како последица на нафтениот бум кон крајот на XIX век кој условил голем прилив на населението од околните земји, а потоа во текот на војната со Ерменците со повод на Нагорно-Карабах.
Година | Ерменци | Азери | Грузијци | Иранци | Евреи | Руси | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1897 | 19.060 | 40.148 | 971 | 9.426 | 2.341 | 37.399 | 111.904 |
1903 | 26.151 | 44.257 | / | 11.132 | / | 56.955 | 155.876 |
1913 | 41.680 | 45.962 | 4.073 | 25.096 | 9.690 | 76.288 | 214.672 |
Географија
уредиГрадот Баку се наоѓа на западниот брег на Каспиското Море.
Клима
уредиМесец | Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември | Годишно | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Просек (°C) | 3 | 3 | 6 | 11 | 17 | 22 | 25 | 25 | 21 | 16 | 11 | 6 | 13 | |
Врнежи (см) | 3.6 | 2.0 | 2.0 | 2.0 | 1.3 | 0.8 | 0.3 | 0.8 | 2.0 | 3.3 | 3.0 | 3.3 | 23.9 | |
Извор: Weatherbase |
Религија
уредиНад 94% од населението на Баку е претено со муслиманска вероисповед. Околу 4% се христијани (припадници на Руската и Грузиската православна црква). Во Баку живеат и Евреи.
Сообраќај
уредиАеродромот „Хајдар Алиев“ го опслужува Баку, а за време на СССР во Баку е изградено и метро. Моментално тој има две линии со вкупна должина од околу 30,2 км и 21 станица. Останатите видови на јавен превоз слабо функционираат. Превозот најмногу се одвива со минибус, кој како и во другите делови на поранешниот СССР се нарекува маршутка. Тие застануваат и каде и да им мавне патникот покрај патот, а во Баку постојат и некои тролејбуски линии.
Галерија
уреди-
Венчалниот дворец
-
Азерска академија на науките
-
Влез во стариот град
-
Типична продавница за теписи
-
Улични сувенирничари
Наводи
уреди- ↑ „Administrative, density and territorial units and land size by economic regions of Azerbaijan Republic for January 1. 2007“. Архивирано од изворникот на 24 November 2007. Посетено на 17 July 2009.
- ↑ Demographia: World Urban Areas – Demographia, 2016
- ↑ The State Statistical Committee of the Republic of Azerbaijan, 2.5 Population by sex, economic and administrative regions, urban settlements at the beginning of 2012 посет. 2 октомври 2012 г
- ↑ Thomas de Waal (2010). The Caucasus: An Introduction. Oxford University Press. стр. 16. ISBN 0-19-975043-2.
- ↑ Енциклопедија Британика (уред.). „Baku“ (англиски). Посетено на 2021-07-31.
- ↑ Web.archive.org (уред.). „Culture & Religion on Podium: Politicizing Linguistics“ (англиски). Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Посетено на 2021-07-31. - ↑ Bakı şəhəri - Azərbaycan Dövlət Statistika Komitəsi (азербејџански)
Оваа статија место во Азербејџан е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |