Казан
Опис
уредиКазанот служел за греење вода. Тркалезното рамно дно од казанот продолжува нагоре во еднаква широчина со дното. Во долниот дел од казанот, само на неколку сантиметри над дното, е направен релјефен нанадвор подаден раб, со чија помош казанот стои во отворот на ќумбето, над огнот, каде што се загрева водата. На горниот дел од садот се повторува истиот појас со идентична функција. Венецот е поширок од отворот на телото, а едновремено е и повисок. На венецот одvнатре, малку подлабоко, се наоѓа вдлабнатина во кој лежи капакот. Капакот е тркалезен, рамен, со висок нанадвор подаден венец. Озгора, покрај работ, има две спротивно поставени рачки со правоаголна форма. Насреде на капакот се наоѓа тркалезен отвор кој служи за црпење вода, а озгора има посебно направен помал капак. Малиот капак има поширок венец подаден нанадвор, нагоре продолжува кубесто, насреде има два релјефни украсни круга, а на врвот е зарамнет и има додадено конусна пупка.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 104-105, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.