Маркијан
Флавиј Маркијан (латински: Flavius Marcianus, грчки: Φλάβιος Μαρκιανός) бил цар на Источното Римско Царство во периодот од 450 година до својата смрт во 457 година. Со него завршува владеењето на Теодосиевата династија.
Маркијан | |||||
---|---|---|---|---|---|
Византиски цар | |||||
На престол | 450–457 | ||||
Крунисување | 25 август 450 | ||||
Претходник | Елија Пулхерија | ||||
Наследник | Лав I | ||||
Роден(а) | 392 Тракија | ||||
Починал(а) | 27 јануари[1] 457 (65 г.) | ||||
Почивалиште | |||||
Жени |
| ||||
Деца | Марција Евфемија | ||||
| |||||
Династија | Теодосиева династија |
Први години
уредиМаркијан имал тракиско потекло и бил син на некој војник кој служел на империјата. Влегол во армијата како млад човек и ја започнал својата кариера како обичен маринец. Поголемиот дел од својот живот го поминал во походи и војни[2]. За време на Персиската војна од 420-422 година служел во источноримската армија под команда на Ардабур. Подоцна, во 443 година учествувал во походот на Аспар во Африка каде бил заробен од страна на Вандалите, но бил пуштен од самиот крал Гејзерик кој, како што гласи преданието, прв претскажал дека Маркијан еден ден ќе стане цар. Во замена, Маркијан се согласил никогаш повеќе да не војува против Вандалите.
Во следните години, Маркијан станал генерал, по кое добил ранг на сенатор и станал началник на царската стража на Теодосиј II. Кога царот Теодосиј II починал, неговата сестра Пулхерија додека уште никој не знаел за смртта на царот, го повикала Маркијан и му рекла: «Бидејќи царот почина, тогаш јас те избирам тебе, како најголем достојник од сите. Дај ми збор дека ќе ја почитуваш мојата девственост која сум ја ветила на Бога, а јас ќе те прогласам за цар. Маркијан се согласил со зборовите на Пулхерија по кое патријархот го прогласил за нов цар на земјата [3]. Потоа тој стапил во брак со Пулхерија, но не ја познал како жена[2]. По нивната смрт, тие се прогласени за светци од православната црква.
Управување
уредиМаркијан бил умен човек но со слабо образование. Сепак негово управување се одликува со зајакнување на империјата како во економски, така и во воено-политички план, како последица на економските и финансиски реформи спроведени од него. Во негово време бил погубен влијателниот дворски евнух Хрисафиј чии интриги биле толерирани од Теодосиј.
Во 451 година се одржал Четвртиот вселенски собор во Халкидон (денешен Кадиќој). Соборот бил против патријархот Диоскор Александриски и архимандритот Евтихиј, кои проповеделе дека Исус Христос бил единосуштен на Отецот, но во сфаќањето на неговата човечка природа ги проповедале двете природи - божествената и човечката и признавале дека по нивното соединување станала една природа, така што и на Божеството му ги припишувале и страданијата, маките и тагите, односно монофизитската ерес која го загрозила светото предание во црквата. Така, соборот брзо го осудил монофизитството. Догматската дејност ја претставувало изнесувањето на оросот, кој сите учесници биле должни да го потпишат и да ги исповедаат правилните догмите во него. Со тоа соборот ја завршил догматската дејност, и Евтих и монофизитите биле осудени.
Во текот на неговото владеење исто така била заштитена границата на империјата од надворешни непријатели. Во 452 година биле одбиени нападите на Персија против провинциите Сирија и Египет. Изгаснати биле и немирите на ерменската граница во 456 година.
Кога во 450 година Атила го побарал годишниот данок од царот, Маркијан одговорил дека не е должен да го плаќа ветеното од неговиот претходник и дека "златото е за пријатели, а железото за непријателите". Атила некое време се двоумел со кого понапред да започне војна - со Рим или Цариград. Конечно сепак решил прво да ја нападне Западната империја и само предвремената неговата смрт во 453 година спречила да се одмазди на Маркијан[4]..
Византискиот цар не презел ништо во одговор на кампањите на Атила и останал верен на ветувањето дадено во младоста, тој не кренал меч против Вандалите кои во текот 455 година го зазеле. Во последно време, сепак се појавуваат сомнежи дека Маркијан имал преземено активно учество во помагање на Западното Римско Царство, а дел од историчарите пак сметаат дека имал и улога во смртта на Атила[5].
Маркијан починал во 457 година и бил погребал во Црквата на Светите Апостоли во престолнината. Источното православие го слави празникот на Светите Маркијан и Пулхерија на 17 февруари.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Marcian (450-457 A.D.) DIR - An Online Encyclopedia of Roman Emperors
- Marcian Catholic Encyclopedia (1913)