Мала Света Софија
Црквата Мала Света Софија (турски: Küçuk Ayasofya Camii, грчки: Eκκλησία τῶν Άγίων Σεργίου καί Βάκχου ὲν τοῖς Ὸρμίσδου) е музеј и поранешна црква во Истанбул, Турција.
Мала Света Софија Küçuk Ayasofya Camii | |
---|---|
Мала Света Софија во 2010 | |
Основни податоци | |
Место | Истанбул, Турција |
Координати | 41°00′10″N 28°58′19″E / 41.00278° СГШ; 28.97194° ИГД |
Припадност | суни ислам |
Осветен | од 1506 до 1513 |
Архитектонски опис | |
Архитект(и) | Исидор од Милет |
Архитектонски тип | црква |
Архитектонски стил | византиски стил |
Поставен темел | 527 |
Завршен | 536 |
Минариња | 1 |
Материјали | камен, гранит, мермер |
Овој објект бил граден како црква во текот на 6 век од страна на Јустинијан I а како модел бил земен од Света Софија. Се смета дека оваа градба е една од најважните византиски градби во Истанбул[1]. По падот на Цариград била претворена во џамија од страна на Бајазит II. На неколкупати била разрушувана од земјотрес и повторно реконструирана. Последната реконструкција била во 1956 година.
Историја
уредиВизантиска ера
уредиСпоред легендата, во внукот на Јустин I, Јустинијан I бил обвинет за заговор против престолот и бил осуден на смрт. Меѓутоа, на императорот Јустин на сон му се јавиле светците Сергеј и Ваха и му ја кажале невиноста на Јустинијан. По ова, Јустинијан бил ослободен и му била вратена титулата црзар. Како благодарност, тој ветил дека кога ќе стане император тој ќе изграде храм кој ќе го посвети на светците. Така, изградбата на овој храм започнала во 527 до 536 година, некое време пред ерекцијата на Аја Софија. Овој храм бил еден од првите кои наредил Јустинијан да бидат изградени по неговото крунисување[2].
Местото кое било изберено за изградба на црквата било помеѓу палатата на Хормизд (домот на Јустинијан пред да застане на престолот) и Црквата на Свети Петар и Павле. Новата црква станалацентар на овој комплекс. Дел од овој комплекс опстојува и денес. Оваа црква е една од најважните религиски градби во стариот Цариград.
Поради својата надворешна сличност со Аја Софија, се верува дека христијанскиот храм бил изграден од страна на истите архитекти кои ја изградиле и Аја Софија, односно Исидор од Милет и Антемиј, и дека оваа изградба претставувала еден вид проба за понатамошните дејствија при изградба на најголемиот христијански храм на светот во тоа време. Сепак, во однос на архитектонските детали, зградата е сосема се разликува во дизајнот од Света Софија и тврдењата дека оваа црква била само мала верзија на Света Софија до денес е дискутабилна [2].
Во 531 година, Папа Вигилиј кој неколку години претходно бил повикан во Цариград од страна на Јустинијан, се засолнил во црквата поради наводното организирање на бунт против императорот [3] Во текот на иконоборството, црквата се нашла во центарот на движењето во градот.
Отоманска ера
уредиСо зазимањето на градот од страна на Османлиите во 1453 година, црквата останала недопрена до доаѓањето на престолот на Бајазит II. Така, во периодот од 1506 до 1513 година била реконструирана и претворена во џамија од страна на Хусеин Ага.
Во 1740 година, Големиот везир Хаџи Ахмет паша ја обновил џамијата и изградил фонтана. Штетите придизвикани од земјотресите во 1648 и 1763 година биле целосно поправени во 1831 година во времето на султанот Махмуд II. Првото минаре било изградено во 1762, а во 1940 било срушено за да биде повторно изградено во 1956 година[4].
Распаѓањето на зградата била забрзена поради влага и чести земјотреси низ вековите, а истото се зголемило по изградба на железничка пруга. По ова следуво рушење на дел од поранешната црква Свети Петар и Павле. По крајот на Балканските војни, објектот служел како дом на бегалците.
Најнова ера
уредиПоради зголемената опасност на зградата, од страна на УНЕСКО била вклучена во списокот на загрозени споменици. По големата реставрација, објектот бил отворен во 2006 година, и денеска служи како музеј.
Наводи
уреди- ↑ -{„Walking Thru Byzantium. Great Palace Region“ (2nd edition), İstanbul}- 2007, ISBN 978-9944-0994-0-0 (англиски) [1] Архивирано на 21 јануари 2009 г.
- ↑ 2,0 2,1 Freely (2000), p. 137
- ↑ Müller-Wiener (1977), p. 178
- ↑ Müller-Wiener (1977), p. 182