Џевахир (Истанбул)

Џевахир — трговски центар кој се наоѓа во областа Шишли во Истанбул, Турција, на европската страна од градот. Изградбата започнала во 1997 година, а конечно трговскиот центар бил отворен на 15 октомври 2005 година, од страна на премиерот Реџеп Таип Ердоган. На отворањето присуствувале 450.000 луѓе. Објектот е познат и како Şişli Kultur ve Ticaret Merkezi односно Шишлиски културен и трговски центар. Овој трговски центар е најголемите во Европа, а шести по големина во светот.[1]

Џевахир
Поглед кон внатрешноста
Карта
МестоИстанбул, Турција
Координати41°03′46″N 28°59′35″E / 41.06278° СГШ; 28.99306° ИГД / 41.06278; 28.99306
Адресаул. „Бујукдере“ бр. 22, Шишли
Отворен на15 октомври 2005
ИзведувачCevahirler Group
РаководителJones Lang LaSalle
СопственикSt Martins Property Group
Продавници343 продавници
48 ресторани
12 кина
1 бина за шоу
1 сала за куглање
1 луда железница
Површина420,000 m2 (4,521,000 sq ft) вкупна подна површина;
110,000 m2 (1,184,000 sq ft) останата зона.
Паркинг2,500 места
Спратови20
Мреж. местоistanbulcevahir.com/en-EN/home/29.aspx

Џевахир има вкупна површина од 420.000 квадратни метри, а цената за неговата изградба била US $ 250 милиони. Има 343 продавници, од кои некои се на прво место во Турција по продажба на меѓународни брендови; 34 ресторани за брза храна и 14 ексклузивни ресторани. Вклучува и други објекти како: 12 кина вклучувајќи приватен театар и кино за деца. Зградата на 2.500 м2 стаклен покрив го има еден од најголемите часовници во светот, со три-метри високи бројки.

На паркингот има капацитет од 2.500 автомобили. 5.000 луѓе се вработени за одржување на објектот. До објектот лесно може да се стигне бидејќи тој е поврзан до Истанбулското метро. Дневно, Чевахир се посетува од страна на 190.000 купувачи. Тој е отворен секој ден од 10:00-22:00 часот.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Emporis Global Structure Listings Cevahir Istanbul
  2. Istanbul news Архивирано на 14 јули 2007 г.

Надворешни врски

уреди