Сулејманова џамија

Сулејмановата џамија (турски: Süleymaniye Camii) е џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција. Таа заедно со Селимовата џамија („Селимија“) во Едрене спаѓаат во групата на т.н. „султански џамии“ и е втората по големина џамија во Истанбул, а денеска претставува една од најпосетените туристички атракции на градот.[1]

Сулејманова џамија
Süleymaniye Camii
Поглед кон џамијата
Основни податоци
МестоИстанбул, Турција
Координати41°00′58″N 28°57′50″E / 41.01611° СГШ; 28.96389° ИГД / 41.01611; 28.96389
Припадностислам
Осветен1550
Архитектонски опис
Архитект(и)Мимар Синан
Архитектонски типџамија
Завршен1557
Особености
Минариња4

Историја уреди

Сулејманова џамија била изградена по наредба на Сулејман I и е изградена од страна на големиот османлиски архитект Мимар Синан. Изградбата на џамијата започнала во 1550 и истата била завршена во 1557, при кое свечено била отворана на 16 август истата година.

Синан, како архитектонска замисла ја зел византиската Света Софија. Всушност Света Софија, која била претворена во џамија во времето на Мехмед II, послужила како модел за многу отомански џамии во Истанбул. Сепак, Синан врз Сулејмановата џамија користел поголема симатричност, рационалност и прозрачност.

За дизајнот на Сулејмановата џамија исто така одиграл голема улога и самиот султан Сулејман Величествениот кој свесно себеси се претставувал како "вториот Соломон." Таа во голема мера наликува на Златната купола, која е изградена на местото на Храмот на Соломон, при кое султанот ги “прекратил“ зборовите на Јустинијан I кој ги ги изрекол при изградбата на црквата Света Софија: „Соломоне, јас те надминав"

Сулејмановата џамија била опожарена во 1660 година и и истата била реновирана од страна на Мехмед IV. Дел од куполата се урнала повторно за време на земјотресот од 1766 година. По ремонтот биле оштетени дел од оригиналната декорација на Синан.

За време на Првата светска војна, дворот се користел како склад за оружје и при уличните борби муницијата се запалила при кое џамијата повторно била опожарена. До 1956 година, џамијата била конечно рестасврирана.

Архитектура уреди

Надворешност уреди

Како и со другите царски џамии во Истанбул, и во оваа се наоѓа голем раскошен двор на нејзината западна страна. Дворот е изграден од мермер, гранит и порфир. На четирите агли од дворот се наоѓаат четири минариња, број кој бил дозволен само на џамии наложени директни од султанот (принцовите и принцезите би можеле да конструираат само по две минариња, другите по само едно). На минарињата има вкупно 10 галерии бидејќи Сулејман бил десеттиот султан на Османлиското Царство.

Главната купола е висока 53 метри и има пречник од 26,5 метри. Во времето кога таа била изградена, куполата била највисока во Отоманското Царство, од која се мерела нивото на морето, но сепак истата била пониска од нејзината основа и во пречник помала од оној на Света Софија.

Ентериер уреди

Внатрешноста на џамијата е речиси рамна, со 59 метри во должина и 58 метри во ширина, формирајќи еден огромен простор. Околу главната купола се наоѓаат други полукуполи, на север и на југ со сводови.

Комплекс уреди

Како и со другите царски џамии во Истанбул, така и Сулејмановата џамија била дизајниран како kulliye, или комплекс од различни културни и религиозни потреби. Оригиналниот комплекс бил составен од самата џамија, болница (darüşşifa), основно училиште, јавни бањи (Амам), кервансарај, четири училишта (медреса), специјализирана школа за учење на Хадисот, медицински колеџ, и јавна кујна (Имарет), која служела за хранење на сиромасите. Многу од овие структури сè уште се во постоење, а во поранешниот имарет сега има ресторан.

Во градината зад главната џамија постојат два мавзолеи (турбе), вклучувајќи и гробовите на Сулејман Величествениот, неговата сопруга Рокселана (Бања Хасеки Хурем), својата ќерка Михримах. Сулејман II, Ахмед II и Мустафа II исто така се закопани тука.

Надвор од ѕидовите на џамијата на север се наоѓа гробот на архитект Синан.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-09-21. Посетено на 2009-11-12.

Наводи уреди

  • Goodwin G., "A History of Ottoman Architecture"; Thames & Hudson Ltd., London, reprinted 2003; ISBN 0-500-27429-0
  • Faroqhi, Suraiyah (2005). Subjects of the Sultan: Culture and Daily Life in the Ottoman Empire. I B Tauris. ISBN 1850437602.
  • Freely, John (2000). Blue Guide Istanbul. W. W. Norton & Company. ISBN 0393320146.
  • Rogers, J.M. (2007). Sinan: Makers of Islamic Civilization. I B Tauris. ISBN 184511096X.