Макфакс
Макфакс e еден од првите приватни медиуми во Република Македонија и првата приватна новинска агенција во поширокиот регион, основана во август 1992 година.
Вид | Приватна |
---|---|
Дејност | Новинска агенција |
Основано | 1992 |
Седиште | Скопје, Македонија |
Клучни личности | Кристијан Ландов (одговорен уредник) |
Производи | Вести |
Мреж. место | www.makfax.com.mk |
Непрекинато емитува сопствени вести од мај 1993 година, а вестите ги објавува на македонски јазик.
Макфакс претставува генерален дистрибутер на информациите кон сите позначајни информативни гласила во Македонија и регионот, а нивните сервиси и услуги ги користат голем број странски мисии и амбасади во земјата, компании и државни институции. Член е на Медиумската организација за Југоисточна Европа СЕЕМО при Меѓународниот институт за печат (IPI).
Основач на Макфакс е новинарот Ристо Поповски, а од 2023 година главен и одговорен уредник е Кристијан Ландов.[1]
Макфакс спаѓа во групата на најпосетувани он-лајн гласила, со регистрирани 700.000 посетители или во просек по 40.000 во работен ден. Според постарите анализи, тоа се повеќе од 300.000 уникатни посетители месечно, кои го користат Макфакс како основен ресурс за вести. Вкупно се читаат над 900.000 страни месечно, и тоа ја сортира Агенцијата Макфакс како една од најдобрите информативни македонски сајтови.
Макфакс спаѓа во групата на он-лајн медиуми, со регистрирани 304.730 посетители. Според некои анализи, тоа се повеќе од 771.328 уникатни посети месечно и над 1.000.000 прегледи. Според овие податоци, Агенцијата Макфакс еден од најпосетуваните информативни македонски сајтови и основен извор на вести.[2]
Редакција
уредиЗа Макфакс, работат врвни и одговорни професионалци, афирмирани независни новинари, преведувачи и организатори.
Наводи
уреди- ↑ „МАКФАКС - Совеста на Македонија“. makfax.com.mk. Посетено на 2018-01-31.
- ↑ „Clip Media Group“. www.clip.mk. Посетено на 2018-01-31.