Галеби

семејство птици
(Пренасочено од Галеб)
Галеби
Возрасна единка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Дождосвирни
Подред: Lari
Семејство: Галеби
Vigors, 1825
Видови

11, во текстот

Галеби (научLaridae) — семејство крајбрежни птици (морски, езерски, речни), средни до големи, со бело или сиво перје, често со црни дамки на главата или крилјата.

Опис

уреди

Зависно од видот, големината на галебите се движи од најмалиот кој тежи 120 г и е долг 29 см, до најголемиот кој е тежок 1,75 кг и долг 76 см. На поголемите видови потребни им се 4 години сосема да созреат и да имаат перје на возрасни, а на помалите за тоа им треба 2 години. На нозете имаат три прста нанапред поврзани со пливачка кожичка (ципа) и еден прст, речиси сосема закржлавен, свртен наназад. Клунот им е релативно долг и тенок, малку свиен надолу. Бојата на клунот често е жолта со црвена точка кај белоглавите поголеми галеби, и црвен, темноцрвен или црн кај помалите галеби.[1]

Поведение

уреди

Најголемиот број галеби живеат во умерените и постудените делови на двете полутопки. Живеат на бреговите од морето или езерото, понекогаш и подлабоко во копнениот дел, а многу ретко се впуштаат во лет на отворено море. Галебите, особено поголемите видови, се многу интелигентни птици,[2] кои користат сложена комуникација и имаат многу развиена социјална структура.[3] На пр. тие често се здружуваат во групи заради одбрана од грабливци, некои од нив покажале способност за користење примитивни алати[4] итн. Многу видови галеби се успешни во соживотот со луѓето.[5] Најдолг животен век забележан е за сребренестиот галеб и изнесува 49 години.[6]

Размножување

уреди
 
Гнездо со три типични јајца

Галебите се гнездат во големи, густи и бучни јата. Гнездото е направено од вегетација и во него снесуваат 2-4 јајца кои агресивно ги бранат. Јајцата ги лежат наизменично обата родитела во период од 3 до 5 недели. Кога ќе се излегнат, пилињата веднаш се способни да трчаат и пливаат, но им требаат 3-9 недели за да почнат да летаат, а дотогаш остануваат во гнездото каде родителите ги хранат.

Исхрана

уреди

Повеќето од галебите се хранат со месо, а некогаш се случува да јадат и мрши. Обично јадат ракови и ситни риби. Но, сепак, општо земено, галебите јадат сè што ќе им биде понудено од луѓето, нивните остатоци, и секаква храна - растителна и животинска. Како и другите птици од нивниот ред (барските птици), и галебите пијат и солена и слатка вода. Тие имаат егзокрини жлезди со кои натриум хлоридот можат да го исфрлат преку ноздрите што им помага на бубрезите во одржувањето на електролитната рамнотежа.[7]

Список на видовите

уреди
 
Единствениот галеб од родот Xema
 
Галеб со морска ѕвезда во клунот
 
Портрет
 
Напад на друга птица, да го одземе лебот
 
Галеби во борба по храната
 
Галеб ја краде храната од раце на човек

Вид Larus

  • Larus pacificus
  • Larus belcheri
  • Larus atlanticus
  • Larus crassirostris
  • Larus heermanni
  • Larus canus
  • Larus delawarensis
  • Larus californicus
  • Larus marinus
  • Larus dominicanus
    • Larus dominicanus vetula
  • Larus glaucescens
  • Larus occidentalis
  • Larus livens
  • Larus hyperboreus
  • Larus glaucoides
    • Larus glaucoides kumlieni
  • Larus thayeri
  • Larus argentatus
  • Larus heuglini
  • Larus smithsonianus
  • Larus michahellis
  • Larus cachinnans
  • Larus vegae
  • Larus armenicus
  • Larus schistisagus
  • Larus fuscus

Вид Ichthyaetus

  • Ichthyaetus leucophthalmus
  • Ichthyaetus hemprichii
  • Ichthyaetus ichthyaetus
  • Ichthyaetus audouinii
  • Ichthyaetus melanocephalus
  • Ichthyaetus relictus

Вид Leucophaeus

  • Leucophaeus scoresbii
  • Leucophaeus atricilla
  • Leucophaeus pipixcan
  • Leucophaeus fuliginosus
  • Leucophaeus modestus

Вид Chroicocephalus

  • Chroicocephalus novaehollandiae
  • Chroicocephalus scopulinus
  • Chroicocephalus hartlaubii
  • Chroicocephalus maculipennis
  • Chroicocephalus cirrocephalus
  • Chroicocephalus serranus
  • Chroicocephalus bulleri
  • Chroicocephalus brunnicephalus
  • Chroicocephalus ridibundus
  • Chroicocephalus genei
  • Chroicocephalus philadelphia

Род Saundersilarus

  • Saundersilarus saundersi

Род Hydrocoloeus

  • Hydrocoloeus minutus

Род Rhodostethia

  • Rhodostethia rosea

Род Rissa

  • Rissa tridactyla
  • Rissa brevirostris

Род Pagophila

  • Pagophila eburnea

Род Xema

  • Xema sabini

Род Creagrus

  • Creagrus furcatus

Галебите како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. Burger, Alan; Gochfeld, Michael (1996). „Family Laridae (Gulls)“. Во del Hoyo, Josep; Elliott, Andrew; Sargatal, Jordi (уред.). Handbook of the Birds of the World. Volume 3, Hoatzin to Auks. Barcelona: Lynx Edicions. стр. 572–599. ISBN 84-87334-20-2.
  2. „Gulls and man“. The Royal Society for the Protection of Birds. 13 August 2007. Посетено на 4 January 2010.
  3. Alcock, J. (1998) Animal Behavior: An Evolutionary Approach (7th edition). Sinauer Associates, Inc. Sunderland, Massachusetts. ISBN 0-87893-009-4
  4. Henry, Pierre-Yves; Jean-Christophe Aznar (June 2006). „Tool-use in Charadrii: Active Bait-Fishing by a Herring Gull“. Waterbirds. The Waterbird Society. 29 (2): 233–234. doi:10.1675/1524-4695(2006)29[233:TICABB]2.0.CO;2.CS1-одржување: датум и година (link)
  5. „Seagull becomes crisp shoplifter“. BBC News. 20 July 2007.
  6. „AnAge entry for Larus argentatus“. The Animal Ageing and Longevity Database. Посетено на 23 November 2008.
  7. Sarah Dowdey (9 July 2009). „How do seagulls drink saltwater?“. HowStuffWorks. Архивирано од изворникот на 2013-03-27. Посетено на 20 March 2013.
  8. Јованка Денкова, Исповед на бршленот. Штип: Јованка Денкова, 2024, стр. 49.
  9. Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 19.
  10. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 36.
  11. King Crimson – Islands (пристапено на 27.1.2023)
  12. Joni Mitchell – Song To A Seagull (пристапено на 24.4.2023)
  13. Ride – Nowhere (пристапено на 15.2.2024)
  14. YouTube, Галебе мој тажен - Верица Ристевска - Galebe moj tazhen - Verica Ristevska (пристапено на 14.10.2019)

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди