Епирско Деспотство
Епирско Царство (грчки: το Βασίλειο της Ηπείρου)[2], Епирска Држава[3][4][5] или Епирско Деспотство[6] (грчки: Δεσποτάτο της Ηπείρου) — историска држава, која била создадена во 1204 година на западните делови од Балканскиот Полуостров со престолнина Јанина, во времето кога Цариград бил преземан од страна на крстоносците, при кое било создадено Латинското Царство. Деспотството било основано од страна на една гранка од династијата Ангели, која тврдела дека е легитимен наследник на Византија. Останатиот дел од Византија бил разделен на: Трапезунтско Царство, Никејско Царство и Епирско Деспотство. Владетелите на Никејското Царство и Трапезунтското Царство исто така имале претензии за наследници на Византија, накратко прогласувајќи се во 1225 / 1227–1242, време кога земјата се нарекувала Солунско Кралство. Терминот „Епирско Деспотство“, како и „Византиско Царство“, е модерна историографска конвенција и не име во употреба во тоа време.
Епирско Деспотство Δεσποτᾶτον τῆς Ἠπείρου
| |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
ок. 1205–1337/40a 1356–1479b | |||||||||||
Грб на Династија Токо
(последен владетел) | |||||||||||
Статус | Вазалство на Латинското Царство, Второто Бугарско Царство, Никејското Царство и Византија, Отоманското Царство | ||||||||||
Главен град | Арта (1205–1337/40, 1430–49), Јанина (1356–1430), Ангелокастро (1449–60) | ||||||||||
Говорени јазици | Грчки јазик[1] | ||||||||||
Вероисповед | православие | ||||||||||
Уредување | монархија | ||||||||||
Десппот на Епир | |||||||||||
• 1205–1214 | Михаил I Комнин | ||||||||||
• 1448–1479 | Леонардо III Токо | ||||||||||
Историски период | среден век | ||||||||||
• Основање | 1205 | ||||||||||
• Византиско освојување | 1337/40 | ||||||||||
• Повторно воспоставување од Никифор II Орсини | 1356 | ||||||||||
• Отоманско освојување на Воница | 1479 | ||||||||||
| |||||||||||
Денес дел од | Албанија Грција | ||||||||||
|
„Епирско Деспотство“ на Ризницата ? |
Деспотството се наоѓало во регионот на Епир, опфаќајќи ја и Албанија и западниот дел на Егејска Македонија, делови од Тесалија и западна Грција, јужно од Нафпактос. Преку политика на агресивна експанзија под Теодор Комнин Дука, Епирското Деспотство накратко владеело и со централна Македонија, со основањето на Солунското Кралство во 1224 година, и Тракија на исток како Димотика и Адријанолис и било на работ да го освои Цариград и да ја обнови Византија, но по големиот пораз во Битката кај Клокотница во 1230 година од страна на Второто Бугарско Царство, овие планови не успеале. После тоа, државата своето јадро го зацврстила во Епир и Тесалија и била принудена да биде вазалство кон другите регионални сили. Сепак, успеала да ја задржи својата автономија сè додека не била обновена династијата Палеолог во околу 1337 година. Во 1410-тите години, грофот на Кефалонија и Закинтос Карло I Токо успеал да го обедини јадрото на Епир, но неговите наследници постепено започнале да ја губат територијата во корист на Отоманското Царство. Ова деспотство се зачувало сè до средината на XIV век кога било вклучено во составот на Отоманското Царство, а Воница било последно упориште, кое паднало во 1479 година.
Територија
уредиТериторијата на државата се менувала многу со текот на времето. Првично, територијата на владетелот на Епир се протегала од Драч на север до Коринтскиот Залив на југ, односно територијата на антички Епир, Акарнанија и Атолија. Од сите страни, државата била опкружена со латински и словенски држави:
- на исток од страна на латинското Солунско кралство,
- на север од страна на српското кнежевство Рашка
- на североисток од Второто Бугарско Царство,
- на запад од Венеција.
По Битката кај Касторија, територијата на земјата била ограничена и тој самиот се признал како вазал на византискиот цар.
Главниот град на државата бил Арта, град кој заедно со Никеја и Трапезунд биле најважнните упоришта на византиската култура.
Деспотство или царство
уредиДолго време во литературата за историјата на Византија се верувало дека првите владетели на Епир, Михаил I Комнин и неговиот брат Теодор, ги имале титулите деспот, што се сметало за основа за користење на терминот „деспотство“ во однос на државната формација на западниот дел на Балканскиот Полуостров. Во 1950-тите и 60-тите години на ова мислење најпрвин се спротивставил познатиот француски византинист Л. Стиернон[7], а подоцна и истакнатиот југословенски византист, Б. Ферјанчиќ[8]. И двајцата истражувачи убедливо докажале дека во ниту еден од познатите историски извори овие владетели не го користеле терминот односно титулата „деспот“. Титулата на деспот го носеле владетелот на Солун, Јован Дука, и владетелот на Епир, Михаил II Дука (титулата им ја доделил никејскиот цар Јован III Дука Ватац. Дури и пред тоа, како цар на Солун, Мануел Комнин Дука му ја дал на Михаил II титулата деспот во 1231 година[9], сепак ова не ги спречило да бидат наречени цареви, преземајќи ја оваа титула од владетелите на Никејското Царство.
Всушност, титулата „деспот“, како што докажал Б. Ферјанчиќ, не подразбира никакви функции на управување со регионот. Мислењето изразено од Л. Стиернон и Б. Ферјанчиќ подоцна го споделиле и други познати византисти.
Во историографијата на руски јазик (Историја на Византија. Том 3; Култура на Византија. Том 3) во однос на државата формирана на западниот дел на Балканскиот Полуостров, се носи името „Епирско кралство“. Во 1224 година Теодор Дука го освоил Солун, втор по големина град во Византија и бил крунисан за цар. Во врска со тоа, државата Епир за кратко време била условно наречена Солунско Царство.
Во историографијата на англиски јазик, истражувачите ги користат термините „Епирско Царство“ како M.М. Хаси[10] или „Кнежевство Епир[11]. Терминот „деспот“ бил користен во некои дела[12], од многу современи истражувачи се смета за неточен (поради причините наведени погоре).
Име на династијата (1205-1318)
уредиНа чело на Епирското Деспотство се наоѓале претставници на династијата Дука: Михаил I Комнин Дука, основачот на државата, бил нелегитимен син на севастократорот Јован Дука, брат на Алексеј III. Властите на Епир го користеле патронимот Дука, а поретко и патронимот Комнин, во службени документи и писма на благодарност. Овие патроними биле прикажани на монети. Партонимот на Ангелите се користел единствено во делото на Георгиј Акрополит, историчар од Никеја[13]. Овој избор се должи на желбата на авторот да покаже дека епирските владетели припаѓаат на семејството Ангели, кои неодамна ја добиле титулата цар, додека патронимот Дука, која ја носеле царевите во 11 век, припаѓа само на никејскиот цар. Во современата историографија, вообичаено е да се назначи династијата што владеела со западниот дел на Балканскиот Полуостров како Дука.
Историја
уредиОсновање
уредиОсновач на Епирското Деспотство бил Михаил I Комнин Дука, нелегитимен син на севастократорот Јован Дука, брат на Алексеј III. Михаил направил кариера за себе по падот на Исак II во 1195 година и станаl гувернер на Мала Азија. Во времето на Алексеј III, тој не паднал во немилост и се наоѓал во Цариград кога учесниците на Четвртата крстоносна војна, крстоносците и Венецијанците, пристигнале во градот во летото 1203 година.
По освојувањето на Цариград во април 1204 година, крстоносците и Венецијанците започнале да ја разделуваат Византија. Според договорот склучен дури и пред заземањето на Цариград во март 1204 година меѓу дуждот на Венецијанската Република Енрико Дандоло, грофот Болдвин I на Фландрија, Маркизот Бонифациј I Монфератски и други водачи на крстоносците, било утврдено =дека ќе се формира феудална држава од територијата на Византија, на чие чело ќе биде поставен цар, кој ќе добие дел од Цариград и една четвртина од сите земји на царството, а преостанатите три четвртини ќе бидат поделени на половина меѓу Венецијанците и крстоносците; Света Софија и изборот на патријархот ќе биде оставено на свештенството на групата од која нема да биде избран царот.
За време на поделбата, Венецијанците го зеле за себе брегот на Епир, вклучувајќи ги и Јонските Острови.
Михаил се придружил на Бонифациј I Монфератски и го испратил да ги освои овие земји. Во Тесалија се случила кавга помеѓу Михаил и Бонифациј, а Михаил отидел во Арта, која била под контрола на византискиот гувернер. Дука сакал да го поддржи во спротивставувањето против латинците.
Пристигнувајќи во градот, тој дознал за смртта на гувернерот и започнал бунт против неговите претставници. Со брак со ќерката (или вдовицата) на неговиот претходник, кој потекнува од аристократското семејство Мелисин, Михаил ги присвоил териториите во регионот. Тој ги оставил државните службеници на своите работни места и не им ги одзел правата на благородништвото и црквата, поради што тие ја прифатиле неговата моќ без отпор. Во исто време, тој станал владетел на една од најбогатите провинции на Византија, која останала недопрена од крстоносците. Во пролетта 1205 година, Михаил I Дука дури се обидел да го поврати Пелопонез од крстоносците, но обидот не бил успешен[14].
Наскоро бегалците од Цариград, Тесалија и Пелопонез заминале кон Епир, со што се зголемил бројот на неговите поданици и се подобрила финансиската состојба на деспотството. Михаил започнал да се гледа како современ Ное, собирајќи луѓе од „латинската поплава“ (инвазијата на латините). Покрај тоа, српското кнежевство Рашка и албанското кнежевство Арберија прифатиле вазална зависност од Епир.
Во 1205 година, Венецијанците се обиделе да ги окупираат областите што во тоа време ги контролирал Михаил, кои им биле дадени под договор со крстоносците, во кои биле вклучени сите византиски поседи западно од планините Пинд и тврдината Петрела
За да се обезбеди безбедноста на неговата доминација на меѓународно ниво, Михаил I презел ризични дипломатски маневри. Тој ја признал превласта на папата и ветил обединување на Епирската црква со Рим, бидејќи се надевал на папска заштита од венецијанските напади.
Вториот цар на новоформираното Латинско Царство, Хенрик Фландриски, побарал Михаил да му се покори, дозволувајќи му на неговата ќерка да се омажи за братот на Хенрик, Евстасиј во 1209 година. Како и да е, Дука не се придржувал кон овој сојуз, посочувајќи дека планинскиот Епир ќе биде недостапен за неговите непријатели. Како резултат на тоа, Хенрик успеал да го присили на Михаил да го обнови сојузот во 1210 година.
Сепак, погледот на владетелот во Епир се свртел кон стратешки важните градови под власта на Латинците. Михаил ги освоил градовите Лариса и Драч, како и пристаништата во Коринтскиот Залив. Во 1214 година го освоил островот Крф, кој и припаѓал на Венеција, но во 1215 година бил смртно прободен со нож во свој кревет од еден од своите слуги. Михаил бил наследен од страна на неговиот брат - Теодор.
Солунско Царство
уредиТеодор Дука имал намера веднаш да го нападне Солунското Кралство и да се бори против Латинското Царство на патот кон градот. Дури и под Михаил I, постоела можност да биде освоена западна Тесалија, отсекувајќи го кралството од остатокот на Грција. Теодор ја продолжи агресивната политика на неговиот претходник. Тој направил сојуз со српското кнежевство Рашка, Бугарија и албанските кланови и започнал воени операции против Латинското Царство. Така, до 1216 година, тој успеал да го освои поголемиот дел од Македонија (вклучително и градот Охрид) и Тесалија, кои останале под контрола на Солун.
Во меѓувреме, починал латинскиот цар Хенрик, а бароните го избрале неговиот зет Петар II Куртене, кој бил во брак со Јоланда, сестра на латинските цареви Балдуин и Хенрик, за цар.
Откако добиле вести за нивниот избор, брачниот пар се преселил од Франција во Цариград преку Рим, каде папата Хонориј III го крунисал. Петар II Куртене и неговата војска, откако пловеле низ Јадранското Море, најпрвин пристигнале во Драч и одлучиле да го вратат градот од гувернерот на Епир, Теодор. Градот бил ставен под опсада, но градот бил добро одбранет и обилно се снабдувал со храна. Опсадата завршила во неуспех. После тоа Петар II Куртене се преселил кон Цариград. Но, Теодор Дука, поставувајќи заседа во планинските клисури, го победил. Самиот латински цар, според некои извори, паднал во битка, според други, тој бил заробен и умрел во заробеништво на Епир. Вдовицата на Петар II Куртене, Јоланта, откако пристигнала во Цариград, управувала со државата две години, до нејзината смрт (1217−1219). Престолот бил наследен од страна на нејзиниот син Роберт (1220-1228).
Латинското Царство било премногу слабо за да се бори понатаму. Теодор ги испратил своите трупи против Солун. Покрај тоа, победата над Петар во голема мерка го кренал авторитетот на Епир и имало депресивно влијание врз Латинците. Во 1224 година, Теодор успеал да го освои Солунското Кралство.
Проширувајќи ги своите територии, Теодор бил инспириран од бројни победи и сметал дека има право да биде крунисан со царската круна, што значело да стане цар на Римјаните, односно со други зборови, непризнавање на оваа титула за царот Јован III Дука Ватац, кој се искачил на никејскиот престол во 1221 година. Солунскиот митрополитот Константин побегнал од градот, бидејќи не сакал да ги прекрши правилата на Цариградскиот патријарх Мануил I Цариградски, кој живеел во Никеја, кој го крунисал Јован Ватац како крал. Тогаш Теодор во 1224 година бил крунисан за Цар на Римјаните од страна на охридскиот архиепископ Димитар Хоматијан. Така, на местото на некогаш обединето Византиско Царство, на неговите територии веќе се наоѓале четири царства: Никејско Царство и Трапезунтс Царство во Мала Азија, Солунско Царство и Латинско Царство на Балканот.
Во меѓувреме, никенскиот цар Јован III Дука се обидел да се етаблира на Балканот. Во 1225 година го окупирал Адријанопол без борба. Меѓутоа, во истата година, Епирците се приближиле кон градот. Тесалонскиот цар Теодор, го опколил Адријанопол, побарал неговите жители да ја протераат војската на Ватац од градот. Војниците на никејскиот цар морале да го предадат на Теодор градот и да се вратат во Мала Азија. Теодор направил нов сојуз со Бугарите и ги протерал западните витези од Тракија.
Така, територијата на Латинското Царство биле сведени на Цариград и мал регион во Мала Азија, лежејќи јужно од Мраморно Море. Наскоро Теодор се приближил до Цариград и започналл да ги уништува предградијата на латинската престолнина, подготвувајќи се за опсада. Сепак, опсадата не успеала.
Унијата помеѓу Солунското Царство и Второто Бугарско Царство се распаднала. По смртта на латинскиот цар Роберт во 1228 година, на престолот се качил неговиот брат Болдвин II. Се поставило прашањето за регентот, а некои магнати го понудиле како регент бугарскиот цар Иван Асен II (1218-1241 / 1242), кој бил на некој начин поврзан со Балдуин. Иван Асен се согласил со предлогот и дал ветување дека ќе ги ослободи за Балдуин териториите што ги окупирале неговите непријатели, односно во овој случај главно од Теодор од Епир. Сепак, латинските витези и претставници на свештенството инсистирале Јован Бријен да биде избран за регент на државата.
Борба против Бугарија
уредиКога било дознаено за случувањето околу регенството во Цариград, кон Теодор се појавиле големи сомнежи. Откако го прекршил договорот за сојуз, тој започнал и воени операции против Бугарите. Во Битката кај Клокотница, бугарската војска победила, помогната од куманската коњаница. Самиот солунски цар Теодор Дука бил заробен и потоа бил ослепен поради интригите против бугарскиот цар.
По поразот, Епирската држава остро ослабнала и се распаднала на неколку делови. Братот на Теодор, Мануел Комнин Дука, дошол на власт во Солун и станал новиот цар[9][14]. Мануел, за кратко време го поседувал и Епир, но во 1231 година тој му го дал на неговиот внук Михаил В. Комнин Дука, при што му ја дал титулата деспот. На југот на Епир, Константин Комнин Дука станал независен деспот на Акарнанија и Атолија, одржувајќи алијанса со своите роднини. Така, трупите на Епир биле засекогаш отфрлени од главниот град на Латинското Царство. За кратко време, скоро цела Тракија и Јужна Македонија паднале под власта на бугарскиот цар Иван Асен II. Владетелот на српското кнежевство Рашка ја зел кралската титула уште во 1217 година и во 1227 година конечно ја напуштил својата вазална зависност од Епир.
Теодор Комнин Дука бил ослободен од бугарското заробеништво во 1237 година, откако се оженил Ирина, ќерката на Иван Асен. Тој пристигнал во Солун и го соборил својот брат Мануел од власт. Епирската држава продолжила да се одржува од Солун. Покрај тоа, во 1239 година, со поддршка на никејските трупи, Мануел Дука ја вратил контролата врз Тесалија.
Во 1241 година, Теодор Дука бил заробен од Јован III Дука Ватац и го користел како преговарач со неговиот син. Како резултат на тоа, во 1242 година, Епир ја признал врховната моќ на Никеја, одрекувајќи се од царската титула, и прифаќајќи ја титулата деспотство.
Борба против Никеја
уредиВо 1244 година, по смртта на Јован Комнин Дука, неговиот помлад брат Димитар станал новиот деспот на Солун. Овој млад владетел никогаш немал можност да побара поддршка од населените места. Кога во 1246 година никејскиот цар Јован III Дука Ватац се нашол близу градот, сакајќи да започне војна против Бугарите, локалното благородништво го соборил на Димитар Комнин Дука од престолот. Градот бил освоен од страна на Никејското Царство, а Димитар бил испратен во затвор во тврдината Лентијана.
Владетелот на Епир, Михаил II Комнин Дука, се обединил со Латинското Царство против Никеја. Но, во 1249 година, Јован III Дука Ватац склучил мир со владетелот на Епир, принудувајќи го Михаил II да се повлече од својот стремеж кон царскиот престол и да се признае единствено како деспот на Епир, а Јован да го признае како цар. И покрај тоа, под притисок на Теодор Комнин Дука, Михаил II Комнин Дука започнал војна против Ватац. Конечно, во 1253 година, Никеја го присилила деспотот на Епир да се предаде. Михаил II отстапил значаен дел од својата територија а неговиот син Никифор бил однесен во дворот на царот Јован Ватац како заложник, а Теодор во затвор.
Новиот никејски цар Теодор II Ласкарис направил нов сојуз со Михаил II Комнин Дука, а нивните деца, Марија Ласкарис, внука на никејскиот цар Јован III и Никифор Комнин Дука, кој бил ослободен во Епир од Теодор, биле во брак. Во врска со тоа, мајката на невестата ги предала Драч и и делови од Македонија на Теодор Ласкарис. Точно, после 2 години Марија починала. Сепак, Михаил не сакал да го пренесе сопствениот имот и во 1257 година се побунил, поразувајќи ја никејската војска предводена од Георги Акрополит. Кога војската на Епир се приближила до Солун, западниот дел од Епир бил нападнат од трупите на кралот Манфред Сицилиски, кој освоил територии во денешна Албанија и островот Крф. Михаил II, не сакајќи да се бори на два фронта, побрзал да се врати во Епир и влегол во сојуз со Кралството Сицилија, откако ја дал својата ќерка Елена на Манфред, со кого склучила брак.
По смртта на Теодор, Михаил II Комнин Дука повторно започнал да претендира за цариградскиот престол. Владетелот на Епир презел голем број воени походи во Македонија. Според византискиот историчар Никифор Григора (и индиректно Акрополис), крајната цел на кампањите била ослободување на Цариград од епирскиот деспот. Во исто време, Михаил II во писмата што ги објавил се обраќал со „мое царско семејство“, што е типично за византиските цареви. Овие тврдења индицираат дека владетелот на Епир постојано ја користел или ја поседувал титулата цар, додека титулата „деспот“ била чисто номинална акција чија цел била да се добие можност да се соберат сили да се бори повторно за престолот во Цариград.
Михаил II започнал да формира анти-никејска унија. Кралот Манфред му испратил на владетелот на Епир четиристотини витези од Светото Римско Царство. Наскоро владетелот на Ахајското Кнежевство, Вилијам II Вилерден, се приклучил на овој сојуз. Во истата година, ќерката на Михаил, Ана, се омажила за ахајскиот принц. Крајната цел на унијата била освојување на Цариград, но на прво место, Михаил имал намера да го освои Солун. Мајкл и Вилијам се сретнале со никејскиот цар Михаил VIII Палеолог во Битката на Пелагонија. Но, скоро веднаш, анти-никејската коалиција пропаднала како резултат на внатрешните противречности. Михаил и неговиот син Никефор се сомневале во нивните сојузници за предавство против интересите на Епир при заземањето на Цариград и го напуштиле логорот. Нелегитимниот син на Михаил II , Јован Дука, преминал на страната на Михаил VIII Палеолог.
Во последователната битка на Пелагонија, силите на анти-никејскиот сојуз биле целосно поразени. Повеќето витези на Сицилија и Ахаја биле убиени или заробени. Владетелот на Ахајското Кнежевство Вилијам, побгнал од бојното поле, но бил идентификуван во близина на Касторија и заробен. Последователно, за да ја поврати својата слобода, тој морал да ја остапи Монемвазија, Мајна и Мистра според Договорот од 1262 година.
Исто така, како резултат на битката, сојузот помеѓу Латинското и Епирското Царство се распаднал. За кратко време, Никејското Царство добило можност да го освои главниот град на Епир - Арта, а самиот Михаил бил принуден да го остави Епир и да побегне со брод. Но, моќта на Епирското Деспотство не била целосно уништена: Никеја не успеала да го освои другиот голем град - Јанина. Нелегитимниот син на владетелот, Јован, наскоро се вратил на страната на својот татко, заедно со војската на Власите предводени од него. И на териториите на деспотвото, освоени од Никејското Царство, започнало востание против Никеја, како резултат на бруталниот грабеж кон населението во Епир. Значаен настан била победата на Никифор, син на Михаил II, над никејските трупи во 1260 година.
По наведените настани, Михаил II се вратил во Епир и до крајот на истата година го освоил целиот Епир, но Епир немал доволно сила да ги нападне македонските и тракиските провинции на Никеја. Михаил VIII Палеолог склучил примирје со Епир и заробениците биле ослободени. По ова, царот ги концентрирал сите свои напори кон освојување на Цариград. Силите на Никеја успеале да го освојат Цариград во 1261 година и да го обноват Византиското Царство.
Италијански инвазии
уредиПо обновата на Византија од страна на Михаил VIII, тој често го напаѓал Епир, принудувајќи го синот на Михаил II, Никифор, да се ожени за неговата внука Ана Кантакузина во 1265 година. Палеологот го сметал Епир за вазалство, иако Михаил II и неговиот син ги продолжиле односите со латинските ахајски кнезови и војводи од Атина.
Во 1267 или 1268 година починал Михаил II, а неговите територии биле поделени помеѓу неговите два сина. Така со Епир управувал Никифор I, а со Тесалија Јован. Византија не се обидела да го освои Епир, а владетелите на Епир веќе не ја оспорувале царската титула од Цариград, задоволни со титулата „деспот“. Во 1270 година, островот Крф бил освоен од кралот на Сицилија и Неапол, Карло I Анжујски, кој се подготвувал за голем поход против Цариград, со намера да го оживее Латинското Царство. Во 1272 година го освоил Драч и поголемиот дел од Албанија, прогласувајќи се за крал на Албанија. Никифор I Дука влегол во сојуз со него, согласувајќи се да стане негов вазал. Во 1280 година војската на Карло I го освоил Бутринт и ја започнал Опсадата на Белград. Но, опсадата завршила неуспешно, византиската војска во 1281 година успеала да ја порази војската на Карло, која му дала на византискиот цар Михаил VIII контрола над внатрешноста на Албанија и северен Епир. Крајбрежните градови останале под контрола на Карло. Покрај тоа, во 1282 година се случило востание во Сицилија (Сицилијанска вечера), а Карло бил принуден да ја напушти целосната војна со Византија. Така, Албанија била изгубена за Епирското Деспотство.
За време на владеењето на синот на Михаил VIII - византискиот цар Андроник II, Никифор направил сојуз со Цариград. Населението на Епир не сакало да биде вазалство на Палеолозите, а во 1291 година Никифор започнал преговори со владетелот на Кралството Неапол, Карло II. Поради ова, започнала византиската инвазија на Епир, која била одбиена со помош на Италијанците. Во 1294 година, Никифор ја оженил својата ќерка со Филип I, син на Карло II Неаполски, и му го предал поголемиот дел од својата територија. По смртта на Никифор во околу 1297 година[15] неговата вдовица Ана Кантакузина се искачила на престолот на Епир, која владеела со државата како регент на нејзиниот млад син Тома. Во нејзино време се зголемило византиското влијание врз Епир. Во 1300 година, таа направила сојуз против Филип I во корист на Византија, а латините биле протерани.
Но, наскоро неаполските трупи биле испратени во Епир, но деспотот Тома успеал да го одврати нивниот напад. Во 1304 и 1305 година биле освоени Бутринт и Нафпактос. Нова италијанска инвазија се случила во 1307 година, а непријателствата завршиле со мировен договор. Според документот, многу тврдини освоени од Епирците биле вратени на Филип.
Политичка криза и првиот пад на државата
уредиЕпирското Деспотство останало сојузник на Византијците до 1318 година. Ана Кантакузина успеала да го ожени својот син Тома со ќерката на ко-владетелот на Византија, Михаил IX Палеолог, Ана.
Сепак, во 1318 година, Тома I Комнин ја уапсил својата сопруга и започнал преговори со Филип I. Но, епирскиот деспот немал време да ја заврши оваа работа, бидејќи тој бил убиен во истата година од страна на неговиот сопствен внук, грофот на Кефалонија и Закинтос, Николај Орсини. Тој се оженил со неговата вдовица и ја презел контролата врз Епирското Деспотство.
Византискиот цар Андроник II го признал Никола како легитимен деспот на Епир. Сепак, северен Епир, како и Јанина, го признале авторитетот на Византија. Граѓаните добиле писмо од царот со кое им биле дадени бројни привилегии[16].
Во 1321 година, во Византија избувнала Ѓраѓанска војна помеѓу царот Андроник II и неговиот внук Андроник III. Искористувајќи го ова, Никола започнал опсада на Јанина, но бил избоден до смрт од неговиот брат Јован Орсини во 1323 година, кој станал новиот деспот на Епир. За возврат, Јован 12 години подоцна бил отруен од неговата сопруга Ана Палеолог[17], која станала регент на Епир на младиот син на Никифор II Орсини.
Во 1337 година, новиот цар на Византија, Андроник III, пристигнал во Северен Епир со војска од 2.000 Турци кои му служеле. Ана Палеолог се обидела да започне преговори, но Андроник барал целосно предавање на Епирското Деспотство, на што се согласила. Албанците се застапиле кон младиот владетел, но биле поразени во 1337 година. Така, Епирското Деспотство се нашло под власта на Византија.
Услов на договорот за анексија на Епир во Византија бил дека Никифор II ќе се ожени со една од ќерките на Јован VI Кантакузин. Кога дојде редот да се исполнат условите, Никифор исчезнал. Андроник III дознал дека избегал во Италија со помош на епирското благородништво, кој сакал независност на деспотството. Никифор останал во Таранто, Италија, на дворот на Катерина Валоа, номиналната царица на Цариград.
Во 1339 година започнало востание, поддржано од Валоа. На крајот на годината, царската војска ја вратила моќта на Византија, а во 1340 година Андроник III пристигнал таму заедно со Јован VI Кантразузин. Никифор ја признал моќта на царот. Тој се оженил со Марија Кантакузин, ќерка на Јован и ја добил титулата паниперсеваст (panhypersebastos).
Распаѓање
уредиВизантија наскоро паднала во граѓанска војна помеѓу Јован V Палеолог и Јован VI Кантакузин, а Епир бил освоен царот на Србија, Стефан IV Душан. По смртта на вториот во 1355 година, неговата држава започнала брзо да се распаѓа, а ова било искористено од страна на Никифор II. Тој ги истерал Србите и нивниот деспот Симеон Урош Немањиќ од главниот град на деспотството, Арта, и ја вратил својата моќ во Епир во 1356 година. Во истата година, Никифор ја анектирал Тесалија.
Во меѓувреме, во 1358 година се случило востание на албанските кланови на југот на Епир, како резултат на што се формирале две албански држави: Артско Деспотство и Деспотство Ангелокастро и Лепанто. Во 1359 година, Никифор II се обидел да го задуши бунтот, но бил поразен и убиен од Албанците во Атолија. Овој пораз го искористил прогонетиот Симеон Урош Немањиќ, кој во тоа време се прогласил за крал на Србите и Грците и се обидувал да го собори неговиот роднинаод престолот, царот Стефан Урош V.
Симеон Урош пристигнаЛ во регионот каде Епир, Тесалија и дел од Албанија го признавале неговиот авторитет. Во знак на благодарност за неговата помош во борбата против Никифор, Симеон го признаЛ авторитетот на Албанците на југот на Епир и на владетелите на двете држави им доделил титула „деспот“. Сепак, Симеон не бил во можност да ги реализира своите планови за воспоставување контрола врз цела Србија и да го собори Стефан Урош V. Следувала борба за моќ во грчката, албанската и српската територија. И на двајцата владетели, Стефан Урош V и Симеон Урош Немањиќ, престанале да им го признаваат авторитетот. Така, на пример, Артското Деспотство и Деспотството Ангелокастро и Лепанто, на чело со Петар Лоша и Гин Буа Шпата, биле практично независни. Покрај тоа, тие спровеле напади на северен Епир со главниот град Јанина. Населението од Јанина испратило петиција до Симеон Урош, барајќи заштита од Албанците. Така, Симеон ги предал остатоците од Епир со престолнината Јанина на неговиот роднина Тома Прељубовиќ[18]. Во 1382 година, византискиот цар му ја доделил титулата деспот[19].
Владеењето на Тома II започнало со непријателства против Арта, кое траеле во периодот од 1367 до 1370 година. Прељубовиќ се надевал дека ќе ја освои Арта, која првично била главен град на владетелите на Епир од 1204 година. Сепак, трупите на деспотот Петар Лоша успеале да ја одбранат својата држава, згора на тоа, артскиот деспот успеал да организира разорни напади врз Епир и да изврши опсада на Јанина, главниот град на Томас, кој бил под постојана опсада од страна на трупите на Лоша.
Како резултат на овие настани, Прељубовиќ бил принуден да ги напушти своите територијални утврдувања и да направи мир со Лоша, кој бил запечатен со династичен брак.
Борба против Артското Деспотство
уредиСудирот продолжил по смртта на Лоша и со доаѓањето на власт на Шпати. Во 1375 година, новиот деспот на Арта ја опседнал Јанина, но не бил во можност да го заземе градот и се повлекол. Наскоро владетелот на Епир, Тома Прељубовиќ, понудил сојуз на Артското Деспотство, но тој не траел долго.
Така, во 1381 година, Тома обезбедил сојуз со Отоманските Турци. Муслиманите испратиле помошен одред и со овие сили владетелот заминал во војна против Арта. Во следните три години, Тома освоил многу тврдини, заработувајќи го прекарот „Убиец на Албанците“ за неговата немилосрдност. Во 1384 година Прељубовиќ бил убиен од сопствените чувари[20].
Во 1384 година, една година по смртта на Тома, неговата вдовица се омажила и ја пренела Јанина во италијанското семејство Де Бунделмонти. За возврат, искористувајќи ја смртта на Тома, Гин Буа Шпата повторно ја нападнал Јанина, но не можел да се справи со заштитата на Турците, кого владетелот на Епир, Исав де Бунделмонти, го повикал за помош. Во летото 1389 година, кога турските трупи биле сконцентрирани во Србија, деспотот на Арта повторно извршил напад во околината на Јанина, но исто така не постигнал ништо и склучил примирје со деспотот на Епир, Исав де Бунделмонти.
Во 1399 година, деспотот на Арта Гин Буа Шпата починал и во Арта започнала војна за превласт. Искористувајќи го ова, Графството Кефалонија и Закинтос на чело со Карло I Токо, кој станал нов владетел на Јанина во 1411 година по смртта на Исав, го повратил Ангелокастро од Албанците.
За да се спротивстави на Токо, деспотот на Арта формирал сојуз со владетелот на Ѓирокастро, Ѓон Зенебишти. Заедно успеале да го поразат Карло Токо во 1412 година и да ја опсадат Јанина, но Албанците не успеале да го заземат главниот град на државата. Во 1416 година, Карло I ја нападнал Арта. Последниот владетел, Јакуп, успеал да го одбрани главниот град на деспотството. Но, набргу потоа, Токо бил во можност да го привлече Јакуп во заседа во која деспотот бил заробен и погубен на 1 октомври 1416 година. По смртта на Јакуп, Карло влегол во Арта на 4 октомври[21].
Борба против Морејското Деспотство
уредиКарло Токо успеал да ги освои главните градови на Епир, за последен пат консолидирајќи ги териториите на Епирското Деспотство[9]. Во 1415 година, Карло ја добил титулата деспот од византискиот цар Мануил II Палеолог, иако подоцна се борел со византиските сили во Мореја.
Во тоа време, Морејското Деспотство започнало да ги освојува териториите на Ахајското Кнежевство во Пелопонез. Како резултат на тоа, наследните земји на Карло Токо: Елида, Коринт и Мегара биле ставени под постојани напади. Во 1426 година, Токо објавил војна на морејскиот деспот Теодор II Палеолог. Како одговор на тоа, Грците започнале опсада од морето и напад на териториите кои припаѓале на Токо. Карло, пак, собрал бродови, ангажирал неколку бродови и од Марсеј. Во меѓувреме, Теодор ја очекувал помошта на византискиот цар.
Двете флоти се сретнале во близина на Итака. Во наредната битка во 1427 година, Грците извојувале пресудна победа: повеќето бродови на Токо биле уништени или заробени, многу луѓе биле убиени, а над 150 луѓе биле земени како затвореници. Овој пораз го принудил Карло Токо да ги напушти своите амбиции кон Пелопонез, како и Елида и наследните права на Коринт и Мегара.
Втор пад на државата
уредиПо смртта на Карло I Токо започнал судир за престолот во Епир. Неговиот внук Карло II Токо дошол на власт. Но, наскоро се појавиле конкуренти: нелегитимните синови на Карло I. Тие се обратиле на османлискиот султан Мурат II за помош, кој испратил помошен одред до Епир. Во 1430 година Јанина била освоена од нив. Карло II Токо, за да ги сочува своите имоти, станал вазал на Османлиите, продолжувајќи да владее со остатоците од неговата држава од Арта, додека неговите роднини ја добиле Акарнанија.
Во 1448 година починал Карло II, а неговиот мал син Леонардо Токо станал последниот владетел на Епир. Во исто време, Турците го нападнале Епир и на 24 март 1449 година ја освоиле Арта. Токо се населил во Ангелокастрон. Но, во 1460 година оваа тврдина била освоена од Турците, по што тој отишол во неговиот островски имот. Во 1479 година, најпрвин била изгубена Воница, по кое следувале и Кефалонија, Лефкада и Закинтос. Така, Епирското Деспотство престанало да постои.
Етнички и социјален состав
уредиОсновата на државата ја формирале православните христијани (Грците и Арнаутите), кои не се предале на крстоносците (Латинското Царство) и ја продолжиле борбата за заживување на Византија. Во регионите на Македонија и Тракија, кои биле привремено дел од државата, преовладувало словенското население, населувајќи се во овие земји уште во VII век. Главните социјални групи биле: аристократија, свештенство (монашки и парохиски), граѓани , селани. Во исто време, како што покажува судската документација (решенија на Охридскиот синод, на чело со Димитар Хоматијан), жителите на градот биле главно сопственици на земјиште. Меѓу селаните имало групи зависни селани, чии сопственици биле црквата или претставници на аристократијата. Сепак, главната група останала слободните селани, чии заедници биле особено распространети во северните региони на земјата. За разлика од Никејското Царство, прониумот не бил распространет во Епир.
Владетели
уредиДржавата била управувана од страна на византиската династија Комнини Дука. По 1318 година, власта во Епир преминала во рацете на италијанската династија Орсини, потоа на Србите, Французите и во 1479 година - Турците (Отоманско Царство).
Династија Комнини Дука
уредиИме на македонски | Име на грчки | Владеење | Белешка |
---|---|---|---|
Михаил I Комнин Дука | Μιχαήλ Α΄ Κομνηνός Δούκας | 1205—1215 | основач на државата |
Теодор Комнин Дука | Θεόδωρος Κομνηνός Δούκας | 1215—1230 | Во 1224 година ја прифатил титулата „цар“ |
Мануил Комнин Дука | Μανουήλ Κομνηνός Δούκας | 1230—1231 | Во 1231 година го предал Епир на Михаил II[9] |
Михаил II Комнин Дука | Μιχαήλ Β΄ Κομνηνός Δούκας | 1231—1267/1268 | |
Никифор I Комнин Дука | Νικηφόρος Α΄ Κομνηνός Δούκας | 1267/1268—1297 | |
Тома I Комнин Дука | Θωμάς Α΄ Κομνηνός Δούκας, | 1297—1318 | Од 1297 до 1313 година, неговата мајка владеела како регент - Ана Кантакузина |
Династија Орсини
уредиИме на македонски | Име на грчки | Владеење | Белешка |
---|---|---|---|
Никола Орсини | Νικόλαος Ορσίνι | 1318—1323 | |
Иоанн Орсини | Ιωάννης Ορσίνι | 1323—1335 | |
Никифор II Орсини | Νικηφόρος Β΄ Ορσίνι | 1335—1337 1356—1359 |
Од 1335 до 1337 година, неговата мајка владеела како регент - Ана Палаололог.[22] |
Династија Немањиќ
уредиИме на македонски | Име на грчки | Владеење | Белешка |
---|---|---|---|
Симеон Урош Немањиќ | Συμεών Ούρεσης Παλαιολόγος | 1359—1366 | Самопрогласен цар |
Тома Прељубовиќ | Θωμάς Κομνηνός Παλαιολόγος | 1366—1384 | Владетел на Јанина |
Марија Ангелина Немањиќ | Μαρία Αγγελίνα Δούκαινα Παλαιολογίνα | 1384—1385 | Владетел на Јанина |
Династија Бунделмонти
уредиИме на македонски | Име на грчки | Владеење | Белешка |
---|---|---|---|
Исав де Бунделмонти | Ησαύ Μπουοντελμόντι | 1385—1411 | Владетел на Јанина |
Џорџо де Бунделмонти | Γεώργιος Μπουοντελμόντι | 1411 | Владетел на Јанина |
Династија Токо
уредиИме на македонски | Име на грчки | Владеење | Белешка |
---|---|---|---|
Карло I Токо | Κάρολος Α΄ Τόκκος | 1411—1429 | Во 1416 година ја обединил својата власт освојувајќи ги Јанина и Арта |
Карло II Токо | Κάρολος Β΄ Τόκκος | 1429–1448 | |
Леонардо III Токо | Λεονάρδος Τόκκος | 1448–1479 | Во 1479 година Епир бил освоен од Отоманското Царство |
Генеалогија
уредиМануил Ангел (до 1060–1095), 1078/81 │ ├─>Константин Ангел (ок.1088-1166), X Теодора Комнина (1096–1126), ќерка на Алексеј I Комнин │ ├─>Јован Дука (поч.1200), севастократор X 1)Зоја X 2)Зоја Дукина X 3)(незаконска) непозната │ ├─1>Исак Комнин Дука (поч.1203) │ X Евдокија Комнина (поч.1187) │ ├─1>Алексеј Комнин Дука (поч.1183) │ ├─2>Теодор Комнин Дука (1180/85-1254/55), цар на Солун 1224–30 │ X Марија Дукина Комнина Петралифаина │ │ │ ├─>Ана Комнина Дукина (поч.1258) │ │ X Стефан Радослав (1192–1235), цар на Србија 1228–34 │ │ │ ├─>Јован Комнин Дука (поч.1244), цар на Солун 1237–43 │ │ │ ├─>Ирина Комнина Ангелина (поч.1241) │ │ X Иван Асен II (поч.1241) цар на Бугарија │ │ │ ├─>Димитар Комнин Дука (1220-по.1246), деспот на Солун 1244–46 │ ├─2>(ќерка) Комнина Дукина (род.1280/85), сестра-близнек на Теодор │ ├─2>Мануил Комнин Дука (1187–1241), цар на Солун 1230–37 │ X 1)Евфимија Српска (поч.1217/24) │ X 2)Марија Бугарска (поч.1238) │ │ │ ├─2>Елена Комнина Дукина │ X Вилхем Веронски, управител на Халкидик │ ├─2>Константин Комнин Дука (поч.1242), деспот 1224–42 │ ├─2>(ќерка) Комнина Дукина (поч.1205/15) │ X непознат Кантакузин │ ├─2>Ана Комнина Дукина (поч.1233) │ X Матео II Орсини (поч.1259/64), граф на Кефалонија 1238 │ ├─3>(незак.) Михаил I Комнин Дука (поч.1215), владетел на Епир 1204–15 X 1)непозната Мелисина (поч.до 1204) X 2)непозната Мелисина, X 3)(незаконска) непозната (поч.1215) │ ├─1>(ќерка) Комнина (поч.1209) │ X Есташ де Ено (1180/82-1219), регент на тесалија │ ├─>Теодора Комнина (поч.1215) │ ├─2>Марија Комнина │ X 1)непознат │ X 2)Константин Шабарон (поч.1258) │ ├─2>Константин Комнин (поч.до 1214) │ │ (незаконски) ├─3>Михаил II Комнин Дука (1205–1266/68), деспот на Епир 1231–66/68 X 1)Феодора Дукина Петралифајина (поч.1256) X 2)(незаконска) │ ├─1>Евдокија │ ├─1>Јован Комнин Дука (поч.1281/89) │ X непозната Торникина (поч.1264) │ │ │ ├─>Елена Дукина Торникина Комнина (поч.1288) │ X Алексеј Раул (поч.1303) │ ├─1>Никифор I Комнин Дука (1240-1297), деспот на Епир 1266/68-97 │ X 1)Марија Дукина Ласкарина (1241/44-1258/59) │ X 2)Ана Палеологина Кантакузина (1246/49-пос.1313) деспот на Епир 1297-1313 │ │ │ ├─1>(ќерка) Комнина Дукина (1258-до 1294) │ │ X Фадрик Кастилски (1223-1277) │ │ │ ├─2>Марија Комнина Дукина (поч.1304) │ │ X Јован I Орсини (поч.1317), граф на Кефалонија │ │ │ │ │ ├─>Никола Орсини (поч.1323), деспот на Епир 1318-1323 │ │ │ X Ана Палеолог (1287/92-1321), ќерка на Михаил IX │ │ │ │ │ ├─>Јован II Орсини (поч.1335), деспот на Епир 1323-1335 │ │ X Ана Палеологина Ангелина (поч.1355) деспот на Епир 1335-1337 │ │ │ │ │ ├─>Никифор II Орсини (1328-1359), управител на Епир 1335-1337; деспот на Епир 1356-59 │ │ X Марија Кантакузина (поч.1379),ќерка на Јован VI │ │ │ ├─2>Тамара Ангелина Комнина (1277/82-1311) │ │ X Филип I Тарентски (1278-1331), ахајски кнез │ │ │ ├─2>Михаил Дука Ангел (поч.1291/98) │ │ │ ├─2>Тома I Комнин Дука (1285–1318), деспот на Епир 1297–1318 │ X Ана Палеолог (1287/92-1321), ќерка на Михаил IX │ ├─1>Димитар Дука Комнин Ангел (поч.пос.1304), деспот │ X 1)Ана Палеолог (1260–1299), ќерка на Михаил VIII │ X 2)Ана Бугарска (1264/69 -1304) │ │ │ ├─1>Андроник Палеолог Ангел (поч.1326/28), Белград │ X непознато │ │ │ ├─>Ана Палеологина Ангелина (поч.1355) │ │ X 1)Јован II Орсини (поч.1335), деспот на Епир 1323-1335 │ │ X 2)Иван Комнин Асен (поч.1358/63), деспот на Валона │ │ │ ├─>(ќерка) Палеологина Ангелина │ X Јован Ангел (поч.1348/50), владетел на Тесалија │ ├─1>Елена Ангелина Дукина (ок.1242-1271) │ X Манфред(1232–1266), крал на Сицилија од 1258 │ ├─1>Ана Комина Дукина (1243/46-1286) │ X 1)Вилијам II (1209/18-1278), ахајски кнез 1246 │ X 2)Николај II де Сент-Омер (поч.1294), господар на Евбеја │ │ (незаконски) ├─2>Јован I Дука Комнин (ок.1240-1289), севастократор, владетел на Тесалија од 1266/68-89 │ X Гипомона(во манастир) (поч.1291) │ │ │ ├─>Михаил Дука Комнин Ангел (1261/66-1307) │ │ │ ├─>Константин I Дука (1263/70-1303), севастократор, владетел на Тесалија од 1289-03 │ │ X Ана Евагиониса (поч.1317) │ │ │ │ │ ├─>Јован II Дука (поч.1318), севастократор, владетел на Тесалија од 1303–18 │ │ X Елена Палеолог (поч.1315), ќерка на Андроник II │ │ │ ├─>Елена Комина Дукина(поч.1294/95) │ │ X 1)Вилијам I (поч.1287), гроф Афински │ │ X 2)Гуго де Бријен (ок.1240-1296), граф ди Лечче │ │ │ ├─>Теодор Комина Дукина Ангел(поч.1300/03), севастократор │ │ │ ├─>(ќерка) Комина Дукина │ │ X Андроник Тарханиот (поч.1283), коноставл │ │ │ ├─>Елена Комина Дукина Ангелина (поч.1298/99) │ │ X Стефан Урош II (ок.1253-1321), цар на Србија 1282 │ │ │ ├─> ? (ќерка) Комина Дукина Ангелина (поч.пос.1284) │ ├─2>(незаконски) Теодор Комнинодука(поч.1257/59), архонт │ ├─2>(незаконски) Мануил Комнинодука(поч.пос.1261/9), архонт
Наводи
уреди- ↑ Dana Facaros, Linda Theodorou. Greece. New Holland Publishers, May 1, 2003, p. 412[мртва врска].
- ↑ пирское царство // Советская историческая энциклопедия : в 16 т. / под ред. Е. М. Жукова. — М. : Советская энциклопедия, 1961—1976.
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Епирска Држава“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 531. Text "series " ignored (help)
- ↑ Эпирское государство // Большой энциклопедический словарь / Гл. ред. А. М. Прохоров. — 1-е изд. — М. : Большая российская энциклопедия, 1991. — ISBN 5-85270-160-2.
- ↑ Острогорский 2011, Раздел VII, глава 1.
- ↑ Эпирский деспотат // Элоквенция — Яя. — М. : Советская энциклопедия, 1957. — С. 128. — (Большая советская энциклопедия : [в 51 т.] / гл. ред. Б. А. Введенский ; 1949—1958, т. 49)
- ↑ Stiernon L. Les origines du despotat ďEpire // REB. 1959. — T. 17. — P. 122−126.
- ↑ Ферjанчић Б. Деспоти у Византији и јужнословенским земљама. — Београд, 1960. — С. 207
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 John Van Antwerp Fine «The Late Medieval Balkans: A Critical Survey from the Late Twelfth Century to the Ottoman Conquest»
- ↑ Hussey J. M. The Orthodox Church of the Byzantine Empire. — Oxford, 1986. — P. 323.
- ↑ Karpozilos A. D. The ecclesiastical controversy between the kingdom of Nikaea and the principality of Epiros (1217−1233). — Thessaloniki, 1973.
- ↑ The Cambridge History of the Byzantine Empire. — Cambridge UP, 2008. — P. 662, 732, 760
- ↑ Nicol D. M. To the prosopography of the late Byzantium // The Byzantine aristocracy IX to XIII centuries / Ed. M. Angold. — Oxford, 1984. — P. 81−82.
- ↑ 14,0 14,1 Сергеј Сказкин «Историја на Византија»
- ↑ Во периодот помеѓу септември 1296 и јули 1298 година.
- ↑ История Византийской Империи. Том 5. Глава VI. Андроник II Старший. 2002.
- ↑ История Византийской Империи. Том 5. Глава VII. Андроник III и Кантакузин. Движение против служилой знати. 2002.
- ↑ Nicol 2010, стр. 142—143.
- ↑ Nicol 2010, стр. 143.
- ↑ Hammond, Nicholas Geoffrey Lemprière «Migrations and invasions in Greece and adjacent areas. Noyes Press. ISBN 978-0-8155-5047-1.s»
- ↑ «History of Albanian People» Albanian Academy of Science. ISBN 9992716231(англиски)
- ↑ Эрлихман В. Правители Мира. Хронологическо-генеалогические таблицы по всемирной истории в 4 тт. Византия и Закавказье)
Литература
уреди- Денисов С. А. Титулатура, патронимы и генеалогия правителей Эпирского царства (1204−1261) по данным актового материала // «Мир истории» — 2011. — № 1.
- Денисов С.А. Политическая элита Эпирского царства в 1205-1261 гг. СПб.; М., 2017. ISBN 978-5-98712-656-1 [1]
- Денисов С.А. Очерки политической истории Эпирского царства в 1204-1261 гг. Саарбрюкен, 2017
- Жаворонков П. И. Культура Эпирского царства // Культура Византии XIII—XV вв. / Отв. ред. Г. Г. Литаврин — М., 1991.
- Литаврин Г. Г. Социально-экономический и политический строй Никейской империи,Эпирского царства и Трапезундской империи // История Византии / Под ред. С. Д. Сказкина — М., 1967. — Т. 3.
- Успенский Ф. И. История Византийской империи XI−XV вв. Восточный вопрос — М., 1997; (М., 1948)
- Джон Норвич «История Византии»
- Сказкин С.Д «История Византии. Том 3»
- Ферjанчић Б. Деспоти у Византији и јужнословенским земљама — Београд, 1960.
- Ферјанчић Б. Племство у Епирској држави прве половине XIII века (1204−1261) // «Глас САНУ» Отд. истор. наука. — 1986. — Кн. 5. — С. 131−178.
- Fine, John Van Antwerp (1994), The Late Medieval Balkans: A Critical Survey from the Late Twelfth Century to the Ottoman Conquest, University of Michigan Press, ISBN 978-0472082605
- Bredenkamp H. The Byzantine Empire of Thessalonike (1224—1242). — Thessalonike, 1995.
- Fine J.V.A. The Late Medieval Balkans: A Critical Survey from the Late Twelfth Century to the Ottoman Conquest. — University of Michigan 1994. — ISBN 0-472-08260-4.
- Λάππας Ν.Αθ. Πολιτική Ιστορία του κράτους της Ηπείρου κατά τον 13 αι. — Θεσσαλονική, 2007.
- Nicol, Donald MacGillivray (2010), The Despotate of Epiros 1267–1479: A Contribution to the History of Greece in the Middle Ages, Cambridge University Press, ISBN 978-0-521130899
- Nicol D. M. The Despotate of Epiros (1204−1267). — Oxford, 1957.
- Nicol D. M. The Last Centuries of Byzantium, 1261−1453. 2. Aufl. — Cambridge, 1993.
- Stiernon L. Les origines du despotat ďEpire // REB. — 1959. — T. 17. — P. 90−126.
- Stiernon L. Les origines du despotate ďEpire // Congrès international des études byzantines. XIIe. Ochride. Actes. Ochride. — 1961. — P. 197−202.
- Karpozilos A. D. The ecclesiastical controversy between the kingdom of Nikaea and the principality of Epiros (1217—1233). — Thessaloniki, 1973. — P. 36−37
- Loernetz R.-J. Aux origines du despotat ďEpire et de la principaute ďAchaie // Byz. — 1973. — T. 43. — P. 393.
- Varzos C. La politique dynastique des Comnenes et des Anges la prediction aima (sang) et ľheritage des Grands Comnenes de Trebizonde et de Anges-Comnenes-Doukas ďEpire face aux Lascarides de Nikee // XVI Internationaler Byzantinisten Kongress. — Wien, 1982. — T. 2. — Hbd. 2. — P. 360.
- Myrto Leiden, Veikou (2012). Byzantine Epirus: A Topography of Transformation—Settlements of the Seventh–Twelfth Centuries in Southern Epirus and Aetoloacarnania, Greece.
- Tabula Imperii Byzantini, Band 3: Nikopolis und Kephallēnia. 1981.
Надворешни врски
уреди- Епирско Деспотство на Ризницата ?