Евроазија
Евроазија — најголемото едноделно тло на Земјата, со површина од 54.000.000 км2 споредено со Америка (околу 42.000.000 км2), Африка (околу 30.000.000 км2), Антарктикот (околу 13.000.000 км2) и Океанија (9.000.000 км2). Во неа спаѓаат два континента—Европа и Азија. Населението брои некаде 4.611.307.438 — повеќе од 70% од вкупното светско население.

Историја и култура уреди
Патот на свилата ја симболизира трговската и културна размена кои ги поврзувале евроазиските цивилизации низ историјата, и таа е сѐ поактуелна тема. Во последно време развиена е и идејата за поширока евроазиска историја која се занимава со генетските, културни и лингвистички врски помеѓу старите европски и азиски култури. Овие речиси отсекогаш се сметале за засебни.
За првпат Евроазија ја обиколил Адолф Ерик Норденшелд во 1878-79.
Геологија уреди
Евроазија се формирала пред 375 - 325 милиони години. Тоа се случило кога се споиле Сибир (порано засебен континент), Казахстанија и Балтика (која била поврзана со Лаврентија (денес Северна Америка) добивајќи ја Евроамерика). Кинеските кратони се судриле со јужното крајбрежје на Сибир.
Овој поднаслов има потреба од дополнување. |
Поврзано уреди
„Евроазија“ на Ризницата ? |
- Палеарктик
- Евроазиство
- Лавразија, Евроазија+Северна Америка.
- Евроамерика, Балтика (западна Европа) + Северна Америка.
- Евроазиска Економска Заедница
- Неоевроазијанство
- Африка-Евроазија
Надворешни врски уреди