14 декември
датум
<< | декември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | 31 | ||||
2024 |
14 декември — 348-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (349-и во престапна година). Остануваат 17 денови до крајот на годината.
Настани:
1782 | За првпат полетал балонот на браќата Монголфје. |
1911 | Експедицијата на норвешкиот поларен истражувач Роалд Амундсен стапи на Јужниот Пол, дотогаш неосвоена точка на нашата планета. Еден месец подоцна тоа го направи и англискиот истражувач Роберт Скот. |
1955 | Австралија, Албанија, Бугарија, Јордан, Камбоџа, Либија, Унгарија и Цејлон беа примени за членки на Обединетите нации. |
1964 | Во Скопје, од едно импровизирано студио во Нерези и со една репортажна кола (по земјотресот на 26 јули 1963 година на Скопје му беа подарени стари репортажни коли од Велика Британија и од Италија), е емитуван првиот македонски ТВ весник на РТВ Скопје. Со тоа почна редовната програма на ТВ Скопје. |
1994 | Во Скопје е одбележана 50 годишнината на АФЖ. |
1995 | Потпишан е Дејтонскиот мировен договор, со кој е ставен крај на воениот конфликт во Босна и Херцеговина. Потписници на договорот се Алија Изетбеговиќ, претседател на претседателството на Босна и Херцеговина, Фрањо Туѓман, претседател на Република Хрватска и Слободан Милошевиќ, претседател на СР Југославија. |
Родени:
1503 | Нострадамус — француски јасновидец. | |
1546 | Тихо Брахе — дански астроном. | |
1564 | Вилем Класон Хеда — холандски сликар. | |
1854 | Војтех Хинаис — чешки сликар и дизајнер. | |
1870 | Карл Ренер — австриски претседател. | |
1895 | Џорџ VI — крал на Велика Британија. | |
1895 | Пол Елијар — француски поет. | |
1897 | Курт Шушниг — австриски политичар. | |
1901 | Павле — крал на Грција. | |
1934 | Ружица Сокиќ — српска и југословенска глумица. | |
1938 | Игнатие Богдановски — македонски политичар. | |
1942 | Драго Млинарец — хрватски рок-музичар, член на Група 220. | |
1946 | Стен Смит — американски тенисер. | |
1946 | Џејн Биркин — англиско-француска глумица и пејачка. | |
1947 | Светлана Бојковиќ — српска и југословенска глумица. | |
1947 | Дилма Русев — претседателка на Бразил. | |
1951 | Јан Тиман — холандски шахист. | |
1952 | Џон Лури — американски џез-музичар, глумец и сликар. | |
1956 | Хани Венцел — скијачка од Лихтенштајн. | |
1960 | Крис Водл — англиски фудбалер. | |
1962 | Реџеп Реџеповски — македонски и југословенски боксер. | |
1965 | Аљоша Асановиќ — хрватски фудбалер. | |
1970 | Ана-Марија Јопек — полска џез и поп-пејачка. | |
1970 | Владимир Грбиќ — српски и југословенски одбојкар. | |
1979 | Мајкл Овен — англиски фудбалер. | |
1979 | Софи Монк — австралиска пејачка и глумица. | |
1985 | Јакуб Блашчиковски — полски фудбалер. | |
1986 | Андреј Зејц — казахстански велосипедист. | Евгенија Образцова — руска балерина. |
1995 | Алваро Одриозола — шпански фудбалер. | |
1996 | Рафиња — бразилски фудбалер. |
Починале:
872 | Адријан II — римски папа. |
1788 | Карлос III — крал на Шпанија. |
1799 | Џорџ Вашингтон — американски национален јунак и прв претседател на САД (1789 - 1797). |
1861 | Алберт Саксокобургготски — сопруг на британската кралица Викторија. |
1940 | Марија Георгиевна — принцеза на Грција. |
1957 | Јозеф Лада — чешки сликар и писател. |
1974 | Волтер Липман — американски новинар со голем авторитет за надворешно-политички прашања. |
1983 | Иван Антонов — доајен на македонското радио и телевизиско спикерство. |
1989 | Андреј Сахаров — советски физичар, дисидент и нобеловец. |
1997 | Џовани Ањели — „некрунисан крал“ на концернот FIAT и негов целокупен наследник. |