12 јули
датум
12 јули — 193-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (194-и во престапна година). Остануваат 172 денови до крајот на годината.
Настани:
1784 | Францускиот професор по физика С. Ленорман, заедно со Жан Монголфје, го конструирааат првиот падобран. |
1960 | Франција им призна независност на своите поранешни колонии Дахомеј, Нигерија, Горна Волта, Брегот на Слоновата Коска, Чад, Централна Африка и Конго. |
1993 | Република Македонија е примена за полноправна членка на Светскиот поштенски сојуз, специјализирана агенција на ООН со седиште во Берн, Швајцарија. |
1996 | Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Авганистан и Малта |
2006 | Започна Израелско-либанската војна. |
Родени:
100 п.н.е. | Гај Јулиј Цезар — римски војсководец, политичар и писател. |
1828 | Николај Чернишевски — руски револуционер, филозоф и социјалист. |
1884 | Амедео Модиљани — италијански сликар. |
1892 | Бруно Шулц — полски писател. |
1904 | Пабло Неруда — чилеански поет и комунист, добитник на Нобеловата награда и венценосец на Струшките вечери на поезијата. |
1937 | Бил Козби — американски комичар. |
1948 | Душан Ковачевиќ — српски драмски писател. |
1949 | Павел Лунгин — руски филмски режисер. |
1952 | Ирина Бокова — бугарска политичарка. |
1962 | Хулио Сесар Чавес — мексикански боксер. |
1967 | Џон Петручи — американски рок-музичар, гитарист на прогресивен метал групата Dream Theater. |
1967 | Катерина Блажевска — македонски новинар. |
1973 | Билјана Раева — бугарски политичар. |
1973 | Кристијан Вјери — италијански фудбалер. |
1982 | Антонио Касано — италијански фудбалер. |
1995 | Лук Шо — англиски фудбалер. |
1996 | Муса Дембеле — француски фудбалер. |
2000 | Винисиус Јуниор — бразилски фудбалер. |
Починале:
1536 | Еразмо Ротердамски — прочуен холандски хуманист. |
1682 | Жан Пикар — француски астроном. |
1712 | Ричард Кромвел — англиски лорд. |
1874 | Фриц Ројтер — писател на долногермански јазик. |
1935 | Алфред Драјфус — француски офицер, човекот околу кој ќе се исплете „Аферата Драјфус“. |
2007 | Блага Алексова — македонски археолог и академик. |
2010 | Харви Пикар — американски писател. |