Универзитетот Коч (турски: Koç Üniversitesi) е приватен непрофитен универзитет, кој бил основан во 1993 година во Истанбул, Турција. Универзитетот е основан од страна на фондација Вехби Коч, чијшто основач е еден од најголлемите турски стопанственици. Во 2000 година седиштето на универзитетот било преместено во Саријер. Денеска, објектот располага со голем број на згради во кои се сместени разни лаборатории, библиотеки, администрации, спортски и општествени објекти итн.

Универзитет Коч
Факултетот за инженерство
ВидПриватен универзитет
Основан1993
БуџетU.S. $29.2 билион
ПретседателУмар Инан
Студенти3945
Додипломци3383
Постдипломци562
МестоИстанбул, Турција
www.ku.edu.tr

Започнувајќи од 2009 година, универзитетот има 3.945 студенти и 451 постдипломци. Половина од студентите живеат во училишниот комплекс. Универзитетот има персонал од 364 професори, од кои скоро сите се со полно работно време. 95% од персоналот, својот факултет го имаат завршено на европските или американските универзитети. Од вкупно 80 членови на Турската академија на науките и уметностите, 10 предаваат на универзитетот Коч. голем дел од професорите се наградувани за научни и технички истржувања.[1] Многу истражувачки проекти на Универзитетот Коч се поддржани од Европскиот истражувачки совет.[2]

Овој универзитет е еден од водечките образовни и истражувачки институции во Турција. Во последните пет години, универзитетот е меѓу првите три во земјата по бројот на статии објавени на факултетниот совет.[3]

Наводи уреди

  1. http://www.ku.edu.tr/ku/index.php?option=com_content&task=view&id=764&Itemid=1275[мртва врска]
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-02-20. Посетено на 2010-01-11.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-08-07. Посетено на 2010-01-11.

Надворешни врски уреди

41°12′18″N 29°04′26″E / 41.204958° СГШ; 29.073858° ИГД / 41.204958; 29.073858