Ираклиј I
Флавиj Ираклиј Август (латински: Flavius Heraclius Augustus; грчки: Ηράκλειος, Hērakleios), (575 година - 11 февруари 641 година) бил византиски цар кој владеел во периодот од 5 октомври 610 година до 11 февруари 641 година. Познат и како Ираклиј I.
Ираклиј I | |||||
---|---|---|---|---|---|
Византиски цар | |||||
На престол | 5 октомври 610 – 11 февруари 641 | ||||
Крунисување | 5 октомври 610 | ||||
Претходник | Фока | ||||
Наследник | Константин III Ираклиј Ираклиј II | ||||
Роден(а) | околу 575 Кападокија, денешна Турција | ||||
Починал(а) | 11 февруари 641 | ||||
Сопружник | Фабија Евдокија Мартина | ||||
Деца | Константин III Ираклиј Ираклиј II Јован Аталарих | ||||
| |||||
Династија | Ираклиева династија | ||||
Татко | Ираклиј Стариот | ||||
Мајка | Епифанија |
Означувајќи го почетокот на својата династија, тој се претставил како способен реформатор, вовел длабоки промени во византискиот менаџерски и воен ред. Создал организација на провинциите по теми. Ираклиј исто така ги неутрализирал Персијците и Аварите како непријатели. За време на неговото управување започнале првите судири меѓу христијани и муслимани, како последица на што империјата ги загубила Светата земја, Сирија и Египет. Ираклиј I одржувал добри односи со владетелот на Голема Бугарија хан Кубрат, кого во 635 година го удостоил со титулата патрициј.
Доаѓање на власт
уредиИраклиј се родил во семејството на кападокиски Ерменци, (највероратно Аршакиди[1]) а негов татко бил поранешен гувернер на Картагина и прочуен војсководец со исто име како и неговиот син - Ираклиј. Како генерал имал голема улога во војната во 590 година против Персиската империја, под власта на царот Маврикиј[2]. Не се знае точното место на раѓање на царот Ираклиј, но сигурно својата младост ја поминал во Северна Африка.
Во 608 година татко му како африкански егзарх заедно со неговиот брат Григориј, според хиерархијата во семејството, покренале буна против узурпаторот Фока, кој го симнал од престолот на Маврикиј шест години пред тоа. Востаниците исекле свои монети, на кои се гледаат двајцата Ираклии со царски атрибути, иако никој од нив не бил прогласен за цар[3] . По ова тие успеале да соберат војска и флота. Никита, син на Григориј и прв братучед на Ираклиј започнал напади по копно во Египет, и откако во 609 година го поразил на Бонос, генералот на Фока, се прогласил за гувернер на провинцијата.
Во исто време младиот Ираклиј се приклучил со флотата на исток, поминувајќи низ Сицилија и Кипар. Во околината на Цариград влегол во контакт со аристократите од градот, кои го убедиле дека ќе биде добредојден. При неговото пристигнување во градот, Ескувитите (елитната царска гарда, која се наоѓала под власта Фока) поминале на страна на Ираклиј и тој успеал да влезе во градот без отпор. Заробениот Фока бил донесен кај Ираклиј, кој го прашал: "Значи така управуваш со државата !?", на кое Фок му а одговорил: "Ти едвај ќе управуваш подобро!". Фока веднаш бил обезглавен од Ираклиј, а неговото тело било изгорено на Биковскиот форум[4]. По овој настан, Ираклиј бил прогласен за цар на Римското Царство.
На 5 октомври 610 година Ираклиј бил крунисан во црквата Света Софија, малку потоа се оженил за својата свршеница, Фабија Евдокија. Царицата, многу почитувана во Констанинопол починала во 612 година по кое Ираклиј склучил втор брак со својата внука Мартина.[5].
Војна со Персија
уредиКога Ираклиј ја зазел власта, империјата се наоѓала во многу критична состојба. Бунтот на Фока против Маврикиј во 602 година ја оставил дунавската граница незаштитена[6], овозможувајќи влез на Аварите на Балканот. На источната граница Хозрој II, поранешен сојузник на царот Маврикиј, го искористил неговото убиство како изговор за прогласување на војна со Византија. Во персискиот двор имало човек кој тврдел дека е Теодосиј - син на Маврикиј и Хосрој ги бранел претензиите му за престолот. Во времето на узурпатор Фока, Персија излегувала како победник, и самите Персијци пристигнале до Сирија. Една година пред Ираклиј да се качи на престолот, персискиот генерал Шахрбараз ја зазел Антиохија.
Иако царот Ираклиј се обидел да склучи мир, Хозрој одбил да преговара сметајќи го сè уште за узурпатор. Првите воени дејствија на Ираклиј завршиле неуспешно и Персијците продолжиле на запад. Тие го зазеле Дамаск во 613, а во 614 и Ерусалим, каде војниците предизвикале големи оштетувања на базиликата на Светиот гроб, во кое време бил украден и Светиот крст. По ова, тие продолжиле кон Египет и навлегле во Анадолија[6].
Во првите десет години од неговото владеење, ситуацијата стана толку сериозна што Ираклиј навистина започнал да ја разгледува можноста за пренесување на престолнината на империјата во Картагина. На крајот решил да остане на исток и се зафатил со преорганизирање на византиската војска и организирање на византиска административна единица наречена тема.
По реструктуирањето на војската, Ираклиј застанува на чело на армијата и заминал во војната против Персијците. Така тој станал првиот цар кој заминал лично во поход против надворешен непријател од времето на Теодосиј I. Верувајќи на фактот дека Цариград е добро заштитен и откажувајќи се од една исцрпувачка војна за враќање на изгубената провинции, во пролетта 622 година на чело на еден силен контингент тој испловил преку Црното Море со цел да навлезе преку копно на терирторијата на Персиската империја. Ираклиј го победил Шахрбараз во есента истата година, некаде во Кападокија. Кампањата на исток продолжила во следните неколку години.
Опсада на Цариград
уредиВо 626 година, во отсуство на царот Ираклиј, Цариград бил опколен од Аварите, но обидите на Персијците да помогнат на новите сојузници, поминувајќи низ Босфор пропаднале поради силната византиска флота. Населението на градот, предводено од патријархот Сергиј, дал силен отпор и Аварите ја завршиле опсадата. Во тоа време Ираклиј го убедил генерал Шахрбараз дека Хосрој II наредил неговото убиство од завист, со кое постигнал негова неутралност.
Во решавачката битка кај Ниневија во 627 година, византиските сили им на еле голем пораз на Персија, но самиот шах и покрај поразот не го прифатил мирот, по кое Ираклиј продолжил да напредува кон Ктесифон, главниот град на Персија. Пред византиските легии да стигнат до градот, персиската аристократија го детронизирала Хосрој II. Наследникот на престолот потпишал мировниот договор, враќајќи и ги на Византија сите територии освоени од Персијците. Династијата на Сасанидите никогаш не се опоравила од овој пораз. На 14 септември 628 година победникот Ираклиј се вратил триумфално во Цариград.
Состојба во империјата
уредиВо 630 година Ираклиј го достигнал својот врв на својата моќ и слава, одејќи свечено во Ерусалим, каде го ставил повторно крстот во црквата на Светиот гроб. Во тоа време Мухамед успеал да ги обедини номадските племиња од Арапскиот Полуостров и само неколку години потоа исламските сили започнале инвазија кон териториите на Византија.
Во чест на победите Ираклиј ја прифатил персиската титула "Цар на Царевите", напуштајќи ја старата царската титула "Augustus". Набргу потоа започнал да се нарекува василевс (гр. Βασιλεύς, лат. Basileus - грчки збор што значи "владетел"), титула која ја користиле сите останати византиски цареви, до распаѓањето на земјата. Исто така, во негово време латинскиот официјално бил сменет со грчкиот јазик. Неговото владеење ја одбележила византиската цивилизација со хеленски карактер.
Во обид да го спаси верско единство на империјата, загрозена од монотелитите, Ираклиј се обидел да најде компромис меѓу монотелитството, доктрина пропагирана од Сергеј I Цариградски, која се сметала за еретичка од папа Јован IV. Кога монотелитските провинции биле освоени од исламот, монотелизмот ја игубил својата важност.
Почеток на арапската експанзија
уредиПостојаните војни меѓу Персија и Византија кон 6 и 7 век, и периодичната појава на епидемијата од чума (Јустинијанова чума) ги оставила и двете империи исцрпени и ранливи во лицето на ненадејната појава и ширење на исламот. Последната војна со Персија завршила со победа на Византија, а Ираклиј I ги вратил изгубените територии во Сирија и Палестина заедно со Ерусалим во 629 година[7].
Во Левант, инвазијата на Праведниот Калифат била пречекана од византиската војска составена од царска и локална армија. Според исламските историчари монофизитите и Евреите низ Сирија ги поздравиле арапските освојувачи бидејќи тие не биле задоволни од византиското управување. Римскиот цар Ираклиј се разболел и не бил во можност лично да ја води својата армија во походот во Сирија и Палестина во 634 година. Во Битката кај Аџнајдан, муслиманските сили постигнале голема победа[8]. По победата Фахл, муслиманските сили го освоиле и Дамаск во 634 година на чело со Калид ибн ал-Валид. Византискиот одговор на тоа вклучувало собирање и испраќање на голем број на војници за да се вратат одземаните територии.[9]. Во Битката кај Јармук во 636 година, Византијците претрпиле голем пораз со кое Сирија била освоена. Јован Зонара за овој настан напишал: од тој момент, патот на освојувањето и расграбувањето на целата територија на Римјаните беше отворен[10]. Муслиманските освојувања продолжиле преку освојување на Ерусалим во април 637 година, Газа во летото на 637 година, Антиохија кон крајот на 637 година. Во тој период, муслиманските сили ги имале заземено цела Северна Сирија, освен горниот дел од Месопотамија, кои биле освоени по една година примирје.
Последни години
уредиНа крајот од својот живот Ираклиј паднал во состојба на физички и психички колапс, станувајќи сведок на освојувањето на поголемиот дел од Египет од Арапите (641 година). Ираклиј починал во 641 година и бил наследен од Константин III.
И покрај фаталниот крај на неговото владеење, Ираклиј е сметан за еден од најголемите и најталентирани византиски цареви. Тој ја спасил империјата од сигурно распаѓање и благодарение на неговите реформи во сите сфери, арапската инвазија била одложена за повеќе од 60 години во Анадолија.
Наводи
уреди- ↑ „Sasanian Dynasty“. Encyclopædia Iranica. 20 July 2005. Посетено на 17 August 2013.
- ↑ Kaegi 2003, pp. 24 – 25.
- ↑ Mitchell 2007, p. 411.
- ↑ Olster 1993, p. 133.
- ↑ Kaegi 2003, p. 106.
- ↑ 6,0 6,1 Gibbon 1998, стр. 777
- ↑ Theophanes, Chronicle, 317–327
* Greatrex–Lieu (2002), II, 217–227; Haldon (1997), 46; Baynes (1912), passim; Speck (1984), 178 - ↑ Nicolle (1994), 47–49
- ↑ Kaegi (1995), 112
- ↑ Zonaras, Annales, CXXXIV, 1288
* Sahas (1972), 20
Литература
уреди- Alexander, Suzanne Spain (April 1977). „Heraclius, Byzantine Imperial Ideology, and the David Plates“. Medieval Academy of America. 52 (2): 217–237. JSTOR 2850511.
- Baynes, Norman H. (1912). „The restoration of the Cross at Jerusalem“. The English Historical Review. 27 (106): 287–299. doi:10.1093/ehr/XXVII.CVI.287. ISSN 0013-8266.
- Bellinger, Alfred Raymond; Grierson, Philip. Catalogue of the Byzantine coins in the Dumbarton Oaks Collection and in the Whittemore Collection, Volume 2, Parts 1–2 (1992. изд.). Dumbarton Oaks. ISBN 0-88402-024-X.
- Bury, John Bagnell. A history of the later Roman empire from Arcadius to Irene (2005. изд.). Adamant Media Corporation. ISBN 1-4021-8368-2. - Total pages: 579
- Cameron, Averil (1979). „Images of Authority: Elites and Icons in Late Sixth-century Byzantium“. Past and Present. 84: 3. doi:10.1093/past/84.1.3.
- Charles, Robert Henry. The Chronicle of John, Bishop of Nikiu: Translated from Zotenberg's Ethiopic Text (2007. изд.). Arx Publishing. ISBN 1-889758-87-6. - Total pages: 216
- Charanis, Peter (1959). „Ethnic Changes in the Byzantine Empire in the Seventh Century“. Dumbarton Oaks Papers. Trustees for Harvard University. 13 (1): 23–44. ISSN 0070-7546. JSTOR 1291127.
- Collins, Roger. Visigothic Spain, 409–711 (2004. изд.). Wiley-Blackwell. ISBN 0-631-18185-7. - Total pages: 263
- Conrad, Lawrence I (2002). Heracluius in early Islamic Kerygma In "The reign of Heraclius (610-641): crisis and confrontation" (2002. изд.). Peeters Publishers. ISBN 978-90-429-1228-1. - Total pages: 319
- Davis, Leo Donald. The first seven ecumenical councils (325–787): their history and theology (1990. изд.). Liturgical Press. ISBN 0-8146-5616-1. - Total pages: 342
- Davies, Norman. Europe: A History (January 1, 1996. изд.). Oxford University Press. ISBN 0-19-820171-0. - Total pages: 1384
- Deanesly, Margaret. A history of early medieval Europe, 476 to 911 (July 1969. изд.). Methuen young books. ISBN 0-416-29970-9. - Total pages: 636
- Dodgeon, Michael H.; Greatrex, Geoffrey; Lieu, Samuel N. C. (2002). The Roman Eastern Frontier and the Persian Wars (Part I, 226–363 AD). Routledge. ISBN 0-415-00342-3.
- El-Cheikh, Nadia Maria (1999). „Muḥammad and Heraclius: A Study in Legitimacy“. Studia Islamica. Maisonneuve & Larose. 62 (89): 5–21. doi:10.2307/1596083. ISSN 0585-5292.
- El-Cheikh, Nadia Maria. Byzantium viewed by the Arabs (2004. изд.). Harvard CMES. ISBN 0-932885-30-6. - Total pages: 271
- Foss, Clive (1975). „The Persians in Asia Minor and the End of Antiquity“. The English Historical Review. 90: 721–47. doi:10.1093/ehr/XC.CCCLVII.721.
- Gibbon, Edward (1998). Decline & Fall of the Roman Empire (1998. изд.). Wordsworth Editions. ISBN 1-85326-499-7. - Total pages: 1089
- Grabar, André (1984). L'Iconoclasme Byzantin: le Dossier Archéologique. Flammarion. ISBN 2-08-081634-9.
- Haykal, Muhammad Husayn (1994). The Life of Muhammad (1994. изд.). The Other Press. ISBN 978-983-9154-17-7. - Total pages: 639
- Kaegi, Walter Emil. Heraclius: emperor of Byzantium (2003. изд.). Cambridge University Press. ISBN 0-521-81459-6. - Total pages: 359
- Haldon, John (1997). Byzantium in the Seventh Century: the Transformation of a Culture. Cambridge. ISBN 0-521-31917-X.
- Kouymjian, Dickran. „Ethnic Origins and the 'Armenian' Policy of Emperor Heraclius“. Revue des Études Arméniennes (vol. XVII, 1983. изд.).
- Lewis, Bernard. The Arabs in History (2002. изд.). Oxford University Press. ISBN 0-19-280310-7. - Total pages: 240
- Milani, Abbas (2004). Lost wisdom: rethinking modernity in Iran (2004. изд.). Mage Publishers. ISBN 0-934211-89-2. - Total pages: 168
- Milman, Henry Hart; Guizot, François M. The history of the decline and fall of the Roman Empire, Volume 5 (1862. изд.). J. Murray. - Total pages: 421
- Mitchell, Stephen. A history of the later Roman Empire, AD 284–641: the transformation of the ancient world (2007. изд.). Wiley-Blackwell. ISBN 1-4051-0857-6. - Total pages: 469
- Nicephorus; Translated by Cyril Mango (1990). Short history (1990. изд.). Dumbarton Oaks. ISBN 0-88402-184-X. - Total pages: 247
- Olster, David Michael. The politics of usurpation in the seventh century: rhetoric and revolution in Byzantium (1993. изд.). A.M. Hakkert. - Total pages: 209
- Spatharakis, Iohannis (1976). The portrait in Byzantine illuminated manuscripts (1976. изд.). Brill Archive. ISBN 90-04-04783-2. - Total pages: 287
- Speck, Paul (1984). „Ikonoklasmus und die Anfänge der Makedonischen Renaissance“. Varia 1 (Poikila Byzantina 4). Rudolf Halbelt. стр. 175–210.
- Tarasov, Oleg (2004). Icon and Devotion: Sacred Spaces in Imperial Russia (January 3, 2004. изд.). Reaktion Books. ISBN 1-86189-118-0. - Total pages: 448
- Theophanes the Confessor — Cyril Mango (trans.) & Roger Scott (trans.). The Chronicle of Theophanes Confessor (July 10, 1997. изд.). Oxford University Press. ISBN 0-19-822568-7. - Total pages: 848
- Thomson, Robert W.; Howard-Johnston, James & Greenwood, Tim. The Armenian history attributed to Sebeos (1999. изд.). Liverpool University Press. ISBN 0-85323-564-3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - Total pages: 364
- Treadgold, Warren. A History of Byzantine State and Society (1997. изд.). University of Stanford Press. ISBN 0-8047-2630-2. - Total pages: 1019
Надворешни врски
уреди„Ираклиј I“ на Ризницата ? |