Букелеон
Палатата Букелеон (грчки: Βουκολέων, позната и како Јустијанова куќа) се наоѓа во Истанбул, Турција. Објектот бил користен како резиденција од страна на византиските императори. Објектот бил изграден во 9 век, на темелите на друг објект којшто датира од 5 век. Во времето кога Цариград паднал во рацете на крстоносците, тие продолжиле да го употребуваат како нивна резиденција. По повторното враќање на градот во 1261 година, објектот бил напуштен. Во денешно време, од цилниот објект стои само фасадата.
Палата Букелеон Bukoleon Sarayı | |
---|---|
Поглед кон некогашната византиска резиденција | |
Општи податоци | |
Град | Истанбул |
Земја | Турција |
Имиња
уредиЕдно од најстарите имиња на палатата е Хормисдова палата. Најверојатно ова име потекнува од персискиот принц Хормисд кој живеел во Цариград во времето на Констанциј II. Во времето на Јустинијан I оваа палата се нарекувала Јустинијанова палата. Името Букелеон било добиено од истоименото пристаниште кое било изградено во времето на Јустинијан. Исто така името води потекло од двете склулптури на бик и лав (грчки: βους и λέων) кои се наоѓале на самото пристаниште.
Историја
уредиПрвата градба била подигнета во времето на Теодосиј II, на самиот брег од морето покрај Мермерната кула. Подоцна, истата градба била користена и од страна на Јустинијан I. Императрот Теофил (829-842) ја проширил палатата користејќи ја како основа на морските ѕидини.
Во текот на својата историја, градбата на неколкупати била проширувана и обновувана. Во времето на Никифор Фока (963-969), градбата влегла во составот на Големиот дворец на Цариград. Како резиденција била користена сè до второто доаѓање на власт на Алексиј I Комнин во 1081 година, кога седиштето се преместило во дворскиот комплекс во Влахерна.
Но, дворецот не бил потполно напуштен, туку истиот бил користен од страна на царското семејство. Кога во 1204 година градот го зазеле крстоносците, Букелеон бил повторно користен од страна на Бонифациј Монфератски како резиденција. При заземањето на градот, палатата била целосно ограбена а нејзините богатства биле однесени главно во западните земји на Европа.
Веќе по 1261 година, Византија не била во можност да удржува толку голем број на дворци и палати, па така Букелеон бил напуштен. Во времето на Османлиското Царство, за дворецот не се знае многу, кое означува дека не се користел за некоја голема намена. Во 1873 година поголем дел од дворецот бил срушен, главно поради изградбата на железничка пруга.
Опис
уредиБукелеон бил изграден на основата на морските ѕидини. Дворецот претставувал висока градба која била поврзана со ѕидините. Западната фасада гледела кон Принцевските острови и Мраморно Море. На нејзиниот прв спрат била сместена царската порта каде се наоѓале склулптури на лавови и која служела за влез и излез во палатата преку морето.
Изгледот на целиот дворец денеска не може да биде опишан бидејќи поголемиот дел од темелите биле разрушени до темел за изградба на железнича пруга.
Денеска, од дворецот постои само западната фасада. Поради градбата на пругата дворецот денеска се наоѓа на 15 метри од морето за разлика од времето на Византија кога се наоѓала на самиот брег. Царската порта делумно опстоила, но скоро целата се наоѓа под земјата.
Литература
уреди- Cyril Mango. The Palace of the Boukoleon. Во: Cahiers Archéologiques 45, 1997.
Надворешни врски
уреди- Букелеон на Ризницата ?
- Byzantium 1200- Палата Букелеон
- Археологија на градот
- Фотоиграфии од палатата[мртва врска]
- Panorama of the site from the Columbia University of New York Архивирано на 12 септември 2007 г.
- Ресторанот Букелеон Архивирано на 12 април 2012 г.