Палата Ајналикавак

Палатата Ајналикавак (турски: Aynalıkavak Kasrı) — отоманска резиденција која се наоѓа во Бејоглу, Истанбул, Турција. Овој објект бил изграден во времето на султанот Ахмед I со неколку измени со текот на годините[1].

Палата Ајналикавак
Aynalıkavak Kasrı
Карта
Општи податоци
СтилОсманлиска архитектура
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција
Почната18 век

Во оваа палата бил потпишан истоимениот договор меѓу Руската и Османлиското Царство во 1779 година.

Историја

уреди

Палатата Ајналикавак претставувала отоманска резиденција, изградена во времето на султанот Ахмед I со неколку измени со текот на годините. За ова место постојат извори според кој местото претставувало и место за одмор на византиските императори. По освојувањето на градот познато е дека овде одмарале османлиските благородници. Познатиот патописец Евлија Челебија наведува дека објектот бил изграден во времето на султанот Мехмед II. Комплексот бил реновиран во времето на Селим III (1789-1807) и го добил денешниот изглед.

Ајналикавак е единствениот кој постои денес од целиот комплекс како и еден од последните изградени во класичен османлиски стил.

Наводи

уреди
  1. * Sema Öner. Aynalıkavak Pavilion. TBMM. Istanbul, 1994

Надворешни врски

уреди