Црква „Св. Ѓорѓи“ - Истанбул
Црквата Свети Ѓорѓи (турски: Aya Yorgi Kilisesi ) е христијански храм кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Од 1600 година, овде се наоѓа седиштето на Вселенската патријаршија[1].
Црквата Свети Георги Aya Yorgi Kilisesi Καθεδρικός ναός του Αγίου Γεωργίου | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Истанбул, Турција |
Припадност | христијанство |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | црква |
Завршен | 1991 |
Црквата се наоѓа во истанбулскиот реон Фенер, на северозапад од историскиот центар на стариот Цариград. Оваа црква е релативно мала црква, особено земајќи го предвид нејзиниот статус во православниот свет. Црквата е скриена зад високи ѕидови, издигнати, за да не привлекува несакани погледи во исламската империјална престолнина. Црквата има едноставна надворешна фасада, но е богато украсена внатре.
Историја
уредиПо падот на Цариград под власта на Османлиите во 1453 година, главен центар на православниот свет во претежно муслиманскиот град станал квартот Фенер. Во 1600 година, патријарх Матеј II (1596-1603) го преселил седиштето на Патријаршијата во оваа црква. Црквата била реконструирана многупати и малку е останато од оригиналниот вид. Патријарх Тимотеј II (1612-1620) ја реконструирал и проширил во 1614 година. Црквата била повторно реконструирана во времето на патријархот Калиник II (1694-1702). Во почетокот на 18 век црквата пострадала од пожар и истата бла повторно обновена.
Нов голем пожар во 1738 година повторно нанел тешки штети на црквата. Дури во 1797 година патријарх Григориј V успеал да започне големи реставрационни дејствија. Сегашниот изглед на црквата е од тоа време.
Сегашниот изглед на црквата е во општи линии плод на тоа обновување.
Наводи
уреди- ↑ Various dates are given by different sources. The Ecumenical Patriarchate's website gives 1600.