Истанбулски универзитет

Истанбулскиот универзитет (турски: İstanbul Üniversitesi) се наоѓа во населбата Еминону, во истоимениот град во Турција, во близина на плоштадот Бајазит. Како институција за високо образование под името Дарулфунун (Darülfünûn, кое во превод значи Дом на повеќе науки) била основана на 23 јули 1846 година. Како претходник на универзитетот се смета дека е медресата која била основана веднаш откако османлискиот султан Мехмед II го зазел Цариград во 1453 година. Во 2003 година, универзитетот прославил 550 години од основањето.[1]

Истанбулски универзитет
İstanbul Üniversitesi
Гесло"Leadership in Higher Education for Centuries"
Виддржавен универзитет
Основан425 (1453)
РекторПроф. Д-р Јунус Сојлет
Административен кадар
6,000
Додипломци60,000
Постдипломци8,000
МестоЕминону, Истанбул, Турција
КампусБајазит, Везнецелер, Авкилар
Бахчеќој, Çapa, Церахпаша, Кадиќој
FounderСултан Мехмед II (1453)
Султан Абдул Меџит I (1846)
Султан Абдул Азис (1870)
Султан Абдул Хамид II (1900)
Султан Мехмед V(1912)
Ататурк (1933)
http://www.istanbul.edu.tr

Историја

уреди

Германскиот историчар Ричард Хониг верува дека историјата на медресата која прво еволуирирала како Дарулфунун, а подоцна како Истанбулски универзитет, всушност започнала на 1 март 1321, за време на владеењето на Осман I во Витнија, т.н. лулка на османлиската држава.[2]

Првите модерни курсеви по физика биле воведени на 31 декември 1863 година, а на 20 февруари 1870 година, училиштето било преименувано како Дарулфунун Османи ( Отомански Дом на повеќе науки). Во 1900 година, училиштето било преименувано како Darülfünûn-u Şahane (Империски дом на повеќе науки), на кој веќе се изучувале курсеви по математика, литература и теологија. На 20 април, името повторно било преименувано како İstanbul Darülfünûnu (Истанбулски дом на повеќе науки), каде по тој период бројот на предметите се зголемиле. Така, се изучувале и медицина, право, применети науки (физика, хемија, математика), литература и теологија.

На 1 август 1933 година, İstanbul Darülfünûnu, по реформите на Ататурк, бил преименуван под денешното име.

Универзитетски кампус

уреди

Универзитетот има седумнаесет факултети на пет кампуси, од кој главните се наоѓаат на плоштадот Бајазит, односно на негогашниот Форум на Теодосиј. Универзитетот има персонал од 2.000 професори, и околу 4.000 асистенти и соработници во административната управа. На него студираат околу 60.000 студенти и околу 8.000 постдипломци.

Во неговиот двор се наоѓа Бајазитската кула. Во периодот од 1971-1984 година, универзитетот бил насликан на банкнотата од 500 турски лири.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. History of Istanbul University (Turkish)
  2. History of Istanbul University (Turkish)
  3. Central Bank of the Republic of Turkey Архивирано на 15 јуни 2009 г.. Banknote Museum: 6. Emission Group - Five Hundred Turkish Lira - I. Series Архивирано на 4 февруари 2009 г. & II. Series Архивирано на 4 февруари 2009 г.. – Посетено на 20 April 2009.

Надворешни врски

уреди

41°00′46.93″N 28°57′49.95″E / 41.0130361° СГШ; 28.9638750° ИГД / 41.0130361; 28.9638750