Музеј Рахми Коч

(Пренасочено од Музеј Рахми М. Коџ)

Музејот Рахми Коч (турски: Rahmi M. Koç Müzesi) се наоѓа во Истанбул, Турција. Овој музеј располага со дела од историјата на транспортот, индустријата и комуникациите[1]. Во 1991 година, од страна на Рахми Коч, еден од најбогатите луѓе во Турција била основана групацијата Коч. По три години, на 13 декември 1994 година бил основан и истоимениот музеј. Музејот се наоѓа во преградието на населбата Хаској, на северниот брег од Златниот Рог. Музејот е сместен во две згради кои се меѓусебно поврзани. Тој е отворен секој дек освен понеделник. Директор на музејот е Ентони Филипсоон.

Музеј Рахми Коч
Rahmi M. Koç Müzesi
Карта
Општи податоци
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција
Почната1994
СопственикГрупација Рахми Коч

Инспирацијата за основање односно создавање на музејот, Рахми Коч ја добил по посетата на музејот Хенри Форд. Во јули 2001 година музејот бил проширен. Во престолнината на Турција, Анкара, исто така постои т.н. сестра музеј кој го носи истото име на познатиот милионер.

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-08-21. Посетено на 2009-12-30.

НАдворешни врски

уреди