Аман (арап. عمان Ammān) е главен град на Кралството Јордан. Градот брои околу 1 200 000 жители. Аман е трговски, производствен и административен центар на Јордан.

Аман
عَمّان
Град
Амблем на Аман
Амблем
Држава Јордан
Основан7250 п.н.е.
Површина
 • Вкупна1.680 км2 (650 ми2)
Најг. вис.&100000000000011000000001.100 м
Најм. вис.&10000000000000700000000700 м
Население (2016)
 • Вкупно4,007,526
 • Густина2.380/км2 (6,200/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поштенски код11110-17198
Повик. бр.+962(6)
Мреж. местоGreater Amman Municipality

Историја Уреди

Градот бил под власта на Асирците, персијците и Македонците. Тоа означува дека бил под големо влијание на различни цивилизации. Градот е древна амонска престолнина, а своевремено позната и како Рабат-Амон. Во време на Римското Царство, градот бил регионален центар познат по името Филаделфија по Птоломеј I Филаделфиј. Бил познат по тоа што се простирал на седум рида, како седумте рида на Рим.

Денес Аман е современ град, во кој живеат Муслимани и Христијани. Во градот има модерни згради, но и згради со стара архитектура. Градот се наоѓа на неколку километри од реката Јордан каде Исус Христос бил крстен од Јован Крстител. Во денешно време, градот е преполн со контрасти помеѓу модерното и древното.

Знаменитости Уреди

  • Римски амфитеатар (169-177) со капацитет од 5.000 гледачи, која денес претставува туристичка атракција.
  • Тврдина од римскиот и византискиот период,
  • Храм на Хералке (Херкулес)
  • Археолошкиот музеј на Јордан во кој се чуваат најстарите човечки пронајдоци од овие подрачја (стари 700.000 години),
  • Сината Џамија

Географија Уреди

Аман се наоѓа во северозападниот дел на Јордан. Градот е изграден на седум ридови.

Наводи Уреди