Олимписки стадион Ататурк

Олимписки стадион Ататурк (турски: Atatürk Olimpiyat Stadyumu) — фудбалски стадион кој се наоѓа во Истанбул, Турција.

Олимписки стадион „Ататурк“
Целосно име Олимписки стадион Ататурк
Место Башакшехир, Истанбул, Турција
Координати 52°59′18″N 2°10′32″W / 52.98833° СГШ; 2.17556° ЗГД / 52.98833; -2.17556
Започнат 28 ноември 1997[1]
Изграден 1997–2002
Отворен 31 јули 2002; пред 22 години (2002-07-31)[2]
Реновиран 2005
Сопственик
Подлога трева[3]
Архитект Мишел Мекери
Ајмериџ Зублена
Игра ФК Истанбул Башакшехир (2007–2014)
ФК Галатасарај (2003–2004)
Фудбалска репрезентација на Турција
ФК Бешикташ (2013–2016)
Гледачи 80,597 (2002–2005)
76,092 (2005–денес)[4]

Стадионот е именуван по Мустафа Кемал Ататурк, основачот и прв претседател на Република Турција. Неговата изградба започнала во 1999 година и била завршена во 2002 година, по неуспешниот обид на Турција да победи како земја-организатор на Олимписките игри во 2008 година, кои на крајот се одржале во Пекинг. Изградбата на стадионот чинела околу 140 милиони американски долари.

Со своите 76.092 седишта и олимписки димензии, од страна на УЕФА стадонот добил титулата „Петѕвезден спортски комплекс“ во 2004 година. Ова му овозможило на стадионот да биде домаќин на финалето од Лигата на шампионите во 2005 година помеѓу Милан и Ливерпул. Освен тоа, во текот на својата историја стадионот бил домаќин и на неколку европски атлетски натпревари.

На овој стадион своите домашни натпревари ги играле ФК Истанбул Башакшехир (2007–2014), ФК Галатасарај (2003–2004) и ФК Бешикташ (2013–2016). Денеска се користи од страна на Фудбалската репрезентација на Турција како и финалето од Фудбалскиот куп на Турција.

Рекорди

уреди
Рекордна посетеност
Место Посетеност Дата Натпревар
1 79,414[5] 31 јули 2002 ФК ГалатасарајФК Олимпијакос
2 77,512[6] 22 септември 2013 ФК БешикташФК Галатасарај
3 72,059 25 мај 2005 ФК МиланФК Ливерпул
4 71,334[7] 21 September 2003 ФК ГалатасарајФК Фенербахче
5 71,230[8] 12 септември 2006 ФК ГалатасарајФК Бордо
6 66,300[9] 13 август 2003 ФК ГалатасарајПФК ЦСКА Москва
7 65,110[10] 19 март 2015 ФК БешикташФК Клуб Бриж
8 63,324[11] 26 февруари 2015 ФК БешикташФК Ливерпул
9 62,620[12] 9 август 2003 ФК ГалатасарајФК Дијарбеќирспор
10 60,747 29 август 2013 ФК БешикташФК Тромсо

Наводи

уреди
  1. „Tekfen Construction - ISTANBUL ATATÜRK OLYMPIC STADIUM“. Tekfeninsaat.com. Архивирано од изворникот на 2016-01-06. Посетено на 2016-08-07.
  2. „Atatürk Olimpiyat Stadyumu – World of Stadiums“. Worldofstadiums.com. 2002-07-31. Архивирано од изворникот на 2016-09-23. Посетено на 2016-08-07.
  3. „Pitch Renovation Work Begins“. Stoke City. Посетено на 18 May 2016.
  4. „Stat Arama Detay TFF“. Tff.org. Посетено на 2016-08-07.
  5. „2006-07 UEFA CL Statistics handbook“ (PDF). Kassiesa.net. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2016-08-07.
  6. „İşte derbi ile ilgili gerçek rakamlar“. haber1903. Архивирано од изворникот на 2013-09-28. Посетено на 25 September 2013.
  7. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 27 септември 2013. Посетено на 2013-09-23.
  8. „UCL Report Cover 07“ (PDF). Uefa.com. Посетено на 2016-08-07.
  9. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 27 септември 2013. Посетено на 2013-09-23.
  10. „Attendance record broken as Dynamo beat Everton - UEFA Europa League - News“. UEFA.com. 2015-03-19. Посетено на 2016-08-07.
  11. „UEFA Europa League - Timeline“. Facebook. Посетено на 2016-08-07.
  12. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 27 September 2013. Посетено на 2013-09-23.

Надворешни врски

уреди
Претходник
Фелтинс Арена
Гелзенкирхен
Лига на шампиони во фудбал
Финален натпревар

2005
Наследник
Стад де Франс
Сен Дени