Хавана
Хавана (шпански: La Habana) е главен град на Куба кој со своите 2,5 милиони жители е најголем град во Куба и на Карибите. Хавана се наоѓа на околу 160 км југозападно од Ки Вест на Флорида Киз. Градот Хавана (официјално: "Ciudad de la Habana") е една од покраините на Куба.
Хавана La Habana | |||
---|---|---|---|
Град | |||
Колаж од знаменитости на Хавана | |||
Прекар(и): Град на столбовите | |||
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Куба" does not existМестоположба во Куба | |||
Координати: 23°08′N 082°23′W / 23.133° СГШ; 82.383° ЗГД | |||
Земја | Куба | ||
Покраини | Хавана | ||
Основана | 1515а | ||
Градски статус | 1592 | ||
Општини | 15 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Марта Ернандес (PCC) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 728,26 км2 (28,118 ми2) | ||
Надм. вис. | 59 м | ||
Население Попис 2011[1] | |||
• Вкупно | ▼ 2,930,201 | ||
• Густина | 2,925,4/км2 (7,577/ми2) | ||
Час. појас | UTC−05:00 (UTC-5) | ||
• Лето (ЛСВ) | UTC−04:00 (UTC-4) | ||
Пошт. бр. | 10xxx–19xxx | ||
Повик. бр. | (+53) 07 | ||
Светец-заштитник | Св. Христофор | ||
a Основана на денешното место во 1519 г. |
Хавана се наоѓа на брегот на Флоридскиот Проток. На островот Куба, овој град е сместен во неговиот северозапад и е опкружен од провинцијата Хавана на југ, исток и запад.
Конквистадорот Диего Веласкес де Куељар ја основал Хавана во 1515 година, на јужниот брег на островот, блиску до денешниот град Сиргидеро де Батабано. Градот Хавана бил преселен на сегашната локација (тогаш позната како Карењас) во 1519 година.
Хавана била првобитно трговско пристаниште, а станала главен град на шпанската колонија Куба во 1607 година, како и главно пристаниште на шпанските колонии во Новиот Свет.
Општини
уредиГрадот е поделен на 15 општини[2] или „околии“, кои потоа се делат на 105 маала[3] наречени „народни совети“ (consejos populares).
- Аројо Наранхо
- Бојерос
- Гванабакоа
- Диез де Октубре („10 Октомври“)
- Которо
- Лиса
- Маријанао
- Плаза де ла Револусион (Плоштад на револуцијата)
- Плаја
- Регла
- Сан Мигел дел Падрон
- Сентро Хабана
- Серо
- Хабана Веха (Стара Хавана)
- Хабана дел Есте (Источна Хавана)
Хавана како тема во уметноста
уреди- „Поетот пристига во Хавана“ - циклус песни на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[4]
- „Блек енд вајт“ (руски: Блек энд уаҋт) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 5 јули 1925 година.[5]
- „Ла Хабанера“ (шпански: La Habanera) — песна на швајцарската електро-поп група Јело (Yello) од 1987 година.[6]
- „Хаванска афера“ (англиски: Havana Affair) - песна на американската панк-рок група Рамоунс (Ramones) од 1976 година.[7]
Надворешни врски
уреди- Карта на Хавана Архивирано на 28 јануари 2008 г.
- Слики на луѓе и места во Хавана Архивирано на 7 јануари 2006 г.
- Марк Моксон, патописец - Страница за посетата на писателот на Хавана во 2005 година (со фотографии)
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2009 г.“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-01-07. Посетено на 2013-02-15. (шпански)
- ↑ http://www.one.cu/aec2009/datos/01TERRITORIO.pdf Архивирано на 1 октомври 2011 г. Население по покраини и општини
- ↑ „Официјални статистики за Хавана“. Oficina Nacional de Estadisticas de Cuba (ONE). Посетено на 27 ноември 2011.
- ↑ Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982.
- ↑ Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 135-139.
- ↑ Yello – One Second (пристапено на 9.4.2024)
- ↑ Discogs, Ramones – Ramones (пристапено на 26.2.2021)
Оваа статија Куба е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |