Биом претставува пространство со воедначени климатски услови и каде се развиваат комплекси од екосистеми, од кои еден доминира. Во суштина биомите претставуваат големи екосистеми. Примери за биоми се тундра, тајга, степа, пустина и др.Биомите можат да се најдат на сите континенти. Toа се различни биолошки заедници кои се формирале како одговор на поделената физичка клима. .[1][2]„Биом” е широк израз од „живеалиштата”; секој биом може да опфати различни живеалишта.

Кина и САД имаат најголем број на биоми.

Додека биомот може да покрие голема површина, микробиомот е мешавина на организами кои коегзистираат во дефиниран простор на многу помала скала. На пример, човечкиот микробиом е збирка на бактерии, вируси и други микроорганизми кои се присутни во човечкото тело.[3]

Биотата е вкупна збирка на организми од географски регион или временски период, од месни географски размери и моментални временски скали сè до просторно-временски скали на целата планета и цело време. Биотата на Земјата ја сочинува биосферата.

Наводи

уреди
  1. „The world's biomes“. Посетено на 15 април 2018.
  2. Cain, Bowman & Hacker 2014, стр. 51.
  3. „Finally, a map of all the microbes on your body“. NPR.org. Посетено на 15 април 2018.

Дополнителна книжевност

уреди

Поврзано

уреди