Пиринејски Полуостров
Пиринејскиот Полуостров (или Ибериски Полуостров, од шпански и португалски: Península Ibérica) — голем полуостров сместен на крајниот југозападен дел од Европа. На југ и на исток излегува на Средоземното Море, а на север и запад на Атлантскиот Океан. Пиринеите го формираат североисточниот дел од полуостровот, поврзувајќи го со остатокот од Европа. Кај Гибралтар на југ, Пиринејскиот Полуостров се приближува до Африка.
Изворни имиња
| |
---|---|
Сателитска снимка на полуостровот | |
Географија | |
Место | Европа |
Координати | 40°30′N 4°00′W / 40.500° СГШ; 4.000° ЗГД |
Површина | 583.254 км2 |
Највисоко место | 3.478 м |
Највисока точка | Муласен |
Држава | |
Демографија | |
Население | ок. 53 милиони |
Плуостровот го добил името од планинскиот венец Пиринеи што се протегаат на него. Другото име „Ибериски Полуостров“ води потекло од стариот народ Ибери кој живеел на полуостровот во антиката.
Држави и територии
уредиГрб | Знаме | Земја / територија | Главен град | Површина (км2) |
Население (контин.) [1][2] |
Удел (%) |
---|---|---|---|---|---|---|
Андора | Андора ла Веља | 468 | 84.082 | 0,1 | ||
Гибралтар (британско владение) |
Гибралтар | 7 | 33.691 | 0,0 | ||
Португалија | Лисабон | 89.015 | 10.047.083 | 15,3 | ||
Франција (Француска Сердања) |
Париз | 539 | 12.035 | 0,1 | ||
Шпанија | Мадрид | 49.3515 | 43.731.572 | 84,5 | ||
Вкупно | 583.544 | 53.908.463 | 100 |
Јазици
уреди- Андора
- Гибралтар
- Португалија
- португалски
- мирандски (официјално признаен)
- Шпанија
- баскиски
- шпански (наречен и кастиљски)
- католонски (наречен и валенсиски)
- галисиски
- астурски (официјално признаен)
- окситански (локално: арански, официјално признаен)
Предримски јазици
уредиНа Пиринејскиот Полуостров пред римското владеење се говореле следиве јазици:
Историја
уредиВо 711 година маварската умајадска војска од Северна Африка направила инвазија на визиготска Христијанска Шпанија. Под водство на нивниот водач Тарик ибн-Зијад, тие влегле преку Гибралтар на 30 април, 711 г, и го потчиниле поголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров под исламска власт цели осум години. Ал-Андалус (Арапски: الإندلوس) е Арапското име на Пиринејскиот Полуостров дадено од Муслиманските освојувачи.
Во средновековието, полуостровот бил дом на повеќе мали државички. Како и да е, овие држави се зголемувале на сметка на други, сè до завршувањето на Наполеоновите војни (вклучувајќи ја и Полуостровската војна) во 1815. Тогаш бил создаден тоа што денес е и современиот Пиринејски Полуостров, кој се состои од Шпанија, Португалија (без островите Сеута и Мелиља), територијата Гибралтар и Андора.
Наводи
уреди- ↑ Census data, "Official Spanish census"
- ↑ Census data, "Portuguese census department"
Поврзано
уреди„Пиринејски Полуостров“ на Ризницата ? |