Ејуп
Ејуп — општина и населба која се наоѓа во Истанбул, Турција. Таа се протега од Златниот Рог сè до брегот на Црното Море. Ејуп во текот на историјата била исклучително важна област, особено во времето на Османлиите.
Ејуп | |
---|---|
Поглед од Златниот Рог | |
Location of Eyüp in Istanbul | |
Location of Eyüp in Istanbul | |
Координати (=): 41°03′05″N 28°56′04″E / 41.05139° СГШ; 28.93444° ИГД | |
Земја | Турција |
Провинција | Истанбул |
Управа | |
• Градоначалник | Ремзи Ајдин (ППР) |
• Управител | Осман Кајмак |
Површина[1] | |
• District | 223,78 км2 (8,640 ми2) |
Население (2012)[2] | |
• Градскo | 349.470 |
• District | 356.512 |
• District густина | 16/км2 (41/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Повик. бр. | 0-212 |
Мреж. место | eyup.bel.tr eyup.gov.tr |
Историја
уредиДенешната населба Ејуп била населена уште од византискиот период на градот. Населбата во тоа време била позната како Космидион, чие име доаѓа од манастирот посветена на Свети Кузман и Дамјан. Населбата најверојатно била основана кон 480 година од Леонтина, мајка на узурпаторот Леонтиј.
Во 924 година, Роман I Лакапин се состанал со бугарскиот цар Симеон I на пристаништето во Космидион во времето на Византиско-бугарската војна (913-927). Иако оваа област се наоѓа надвор од цариградските ѕидини, сепак низ неа поминувале две реки од кои жителите на ова тогашно село се снабдувале со вода. Во времето на Византија, во селото имало црква и манастир, кои биле изградени зад денешната Ејуп Султан џамија.
Ејуп во минатото се сметало за предградие на Истанбул, додека кон 17 век населбата била вклучена со градот целосно. Значењето на Ејуп се зголемило поради самата џамија во која биле сместени моштите на Абу Ајуб ал-Ансари, кој со својата армија дошол во Цариград за време на првата арапска опсада. Во битката, тој бил убиен. Негова желба, според преданието, било тој да почива на тоа место. По седум векови, односно кога градот паднал во рацете на Османлиите, тој свечено бил погребан во Ејуп Султан џамија. Во џамијата се наоѓа камен со траги од нозете на пророкот Мухамед, мечот на Осман и неколку антички ракописи од Куранот. Во градината на џамијата биле погребувани истакнати државници, евнуси, шеици, дипломати итн.
Од тој момент па понатаму, Ејуп станало свето место. Во оваа општина биле изградени поголем број на џамии, фонтани, училишта итн.
Галерија
уреди-
Interior of Eyüp Mosque, with view of mihrab and minbar -
Eyüp Mosque dome -
Sultan's road, reserved for the sword-girding ceremony on the first day of his sultanate
Наводи
уреди- ↑ „Површина на областите (со езера) во км²“. База на обласна статистика. Статистички завод на Турција. 2002. Посетено на 2013-03-05. (турски)
- ↑ „Население на покраинските/окружните центри и паланки/села во 2012 г.“. База на податоци за населението по системот ABPRS. Статистички завод на Турција. Посетено на 2013-02-27.
Надворешни врски
уреди„Ејуп“ на Ризницата ? |
- Слики од Ејупскиот гроб Архивирано на 7 февруари 2012 г.
- Вести од Ејуп Архивирано на 7 февруари 2012 г.
- [1] Архивирано на 20 декември 2008 г.
- Водич низ Ејуп