Либан (арапски: لُبْنَان Lubnān) или официјално Република Либан (اَلْجُمْهُورِيَّة اَللُّبْنَانِيَّة al-Jumhūrīyah al-Lubnānīyah) е независна држава во Блискиот Исток. Либан се граничи со Сирија на север и исток, со Израел на југ и на запад излегува на Средоземното Море. Местоположбата на Либан е крстопат на цивилизации и култури и поради тоа државата има богата историја и јак културен идентитет. Либан е мултиетничко општество, каде доминираат три големи религии и различни етнички групи.[5] Вкупната површина на Либан изнесува 10.452 км2 и има 4,224,000 жители според проценките од 2008 година. Службен јазик во државата е арапскиот, додека главен град е Бејрут.

Република Либан
اَلْجُمْهُورِيَّة اَللُّبْنَانِيَّة
al-Jumhūrīyah al-Lubnānīyah
Знаме Грб
Химнаكلّنا للوطن
(Kulluna lil-watan, Сите ние, за нашата земја!
Местоположба на Либан
Местоположба на Либан
Местоположба на Либан
Главен град
(и најголем)
Бејрут
33°54′N 35°32′E / 33.900° СГШ; 35.533° ИГД / 33.900; 35.533
Службен јазик арапски јазик1
Демоним Либанец
Уредување унитарна, конфесионална парламентарна република[1]
 •  Претседател Мишел Сулејман
 •  Премиер Наџиб Микати
 •  Претседател на собрание Наби Бери
Законодавство Парламент
Независност Крај на францускиот мандат 
 •  Декларација на Голем Либан 1 септември 1920 
 •  Устав 23 мај 1926 
 •  Објавена 26 ноември 1941 
 •  Призната 22 ноември 1943 
Површина
 •  total 10.452 км2 (166-та)
 •  Вода (%) 1.6
Население
 •  проценка за 2008 г. 4,224,000[2] (124-та)
 •  Густина 404 жит/км2 (25-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2011 г.
 •  Вкупен $61.581 милијарди[3] (83-та)
 •  По жител $15,557[3] (57th)
БДП (номинален) проценка за 2011 г.
 •  Вкупно $42.539 billion[3] (80th)
 •  По жител $10,747[3] (63-та)
ИЧР (2013) 0.774[4]
висок · 61ва
Валута Либанска фунта (LBP)
Часовен појас EET (UTC+2)
 •  (ЛСВ) EEST (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .lb
Повик. бр. 961
1Уставот потенцира дека арапскиот е службен јазик во државата. Францускиот се користи во некои сфери од општеството.

Потекло на поимот

уреди

Името „Либан“ потекнува од семитскиот збор lbn, што значи „бело“, и најверојатно се однесува на белата снежна покривка на планината Либан. По доаѓањето на Јулиј Цезар во Либан во 47 г.п.н.е. тој ја нарекол територијата „Lub Na'an“, што значи „бела земја“ на семитски.[6]

Името било пронајдено во записи во библиотеката во Ебла,[7] кои датираат од третиот милениум п.н.е., и името се спонемува околу 70 пати во Еврејската Библија и трипати во епот Гилгамеш.[8] Старите Египќани го нарекувале Либан како Rmnn, каде R стои наместо кананитската буква L.[9]

Историја

уреди

Рана историја

уреди

Маронити, Друзи и Крстоносци

уреди

Отомански Либан

уреди

Османлиското Царство со територијата каде денеска се наоѓа Либан управувала во периодот од 16 век до крајот на Првата светска војна во 1918 година. Територијата била освоена од султанот Селим I (1516-1520) заедно со денешна Сирија и управувањето на земјата била дадена на либанскиот емир Факр ад-Дин I (1516–44) како полуавтономен статус. Во следниот период земјата била управувана од династијата на Мааните како големо феудално семејство и членови на религиозната секта Друзи и фамилијата Шехаб како сунитски муслимани конвентирани во христијанство. Оваа племе својата улога во империјата ја добило по победата на Селим I над Мамелуците и дозволата на османлиските власти да организираат своја војска. Својот врв земјата го достигнала во времето на Факр ад-Дин II (1572-1635) кој имал аспирација кон целосна независност од Истанбул. Како дел од неговата политика за зајакнување на трговијата и политичките односи со Тоскана тој склучил таен договор со токсанскиот војвода за заедничко дејство против Османлиите. Кога дознале за ова, османлиските власти го испратиле управителот на Дамаск да се справи со проблемот. Согледувајќи дека нема голема можност, Факр ад-Дин II заминал во егзил кај токсанскиот војвода во 1613 година, а по пет години се вратил во Либан кога за нов управител на Дамаск бил поставен неговиот пријател Мухамед Паша. По враќањето започнал со модернизација на својата армија, како и воспоставување на дипломатски односи со Фиренца и Токсана. Во земјата биле донесени неколку италијански архитекти, инженери за наводнување и земјоделски експерти. По ова започнал и градење на стратешки тврдини стекнувајќи контрола над Палестина. Конечно, султанот Мурат IV му наредил на Ќучук Ахмед Паша за напад на либанскиот владетел каде либанскиот владетел бил поразен и погубен во Истанбул во 1635 година. По неговата смрт тој бил наследен од неговиот внук Мулхим кој владеел до 1658 година. Неговите синови започнале борба против други османлиски емири кои ги поддржувале на османлиските власти. Во 1660 година била основана нова провинција Сидон како обид да се наметне власта. Во 1662 година бил убиен еден од синовите а другиот син Ахмед успеал да ги порази другите членови од сектата Друзи и да се наметне повторно како владетел. По неговата природна смрт, неговата династија згаснала бидејќи тој немал син. Власта преминала во рацете на фамилијата Шехаб по женска линија.

Најистакнат меѓу управителите од оваа фамилијата Шехаб бил Башир II кој бил преобратен во христијанство од сунитскиот ислам и бил првиот маронитски емир. Неговата способност била тестирана кога градот Акра кој бил под османлиска власт бил ставен под опсада од Наполеон Бонапарт во 1799 година. Кога управителот на градот го повикал за помош, тој сакал да остане неутрален, а по повлекувањето на Наполеон кон Египет Башир започнал план за независност во сојуз со Мухамед Али Паша, управителот на Египет. Со помош на неговиот син Ибрахим Паша го опседнал градот Акра и го зазел во 1832 година. Истата година со египетска помош бил освоен и Дамаск. Во 1840 година бил потпишан Лондонскиот договор според кој на египетскиот владетел му било наредено да се повлече од овие простори а кога тој го отфрлил ова барање, османлиските и британските војници започнале војна против нив. По прифаќањето на условите на египетскиот управител, Башир II се предал на британските сили и заминал во егзил, а на негово место застанал Башир III кој бил соборен од султанот и во 1842 година, додека за нов управител бил назначен Омер Паша. Овој настан го означил крајот на владеењето на фамилијата Шехаб. Подоцна, членовите на оваа фамилија станале претседатели или премиери на Либан.

Во времето на Башир III во 1841 година започнал конфликт меѓу Друзите и Маронитите како христијански арапски народ. Османлиите се обиделе да го спречат конфликтот поставувајќи го Омер Паша за нов управител. Ова назначување создало повеќе проблеми отколку што се очекувало поради честите мали немири кои произлегувале меѓу двете религиозни групи. Европските сили предложиле на султанот план за поделба на регионот според кој на северниот дел од земјата ќе биде поставен христијански заменик на Омер, а во јужниот ќе биде поставен член од Друзите. Но немирите продолжиле кога овие две групи биле поддржани од Британците од една страна и Французите од друга. Во 1858 година избувнало востание од страна на Маронитите против феудалната власт во земјата на чело со Танус Шахин кое резултирало со грабежи и палежи на домовите на Друзите. Во 1860 година конфликтот ескалирал. За само три дена биле уништени 60 села во близина на Бејрут, 33 христијани и 48 Друзи биле убиени. Во следнот период започнало опсада на католичките храмови, нивно горење и убивање на монасите. Борбите се прошириле во Дамаск каде околу 25,000 христијани биле убиени заедно со американскиот и холандскиот конзул. Во Дамаск христијанскиот дел од градот бил целосно уништен заедно со црквите и манастирите. Овие настани ја принудиле Франција да се вмеша во конфликтот како заштитник на католичкото население. Во август 1860 година. османлиските власти се согласиле за испраќање на 12.000 војници за воспоставување на ред во земјата. Како последица од француската експедиција била воспоставена автономија на Либан која останала до крајот на Првата светска војна.

Во времето на османлиското владеење бил користен терминот Голема Сирија, чии територии зафаќале дел од денешните земји Сирија, Либан, Јордан и Палестина[10].

Француски Либан

уреди

Независност

уреди

Либан се стекнува со независност во 1943 година, а француските трупи се повлекуваат во 1946 година. Оттогаш, историјата на Либан се одликува со наизменични периоди на политичка стабилност и немири. Така, во 1958 година избива доста сериозна политичка криза во Либан, а во 1975 година започнува граѓанска војна, која трае до 1990 година и во која воено интервенираат и двата соседи на Либан, Сирија и Израел.

Сирија испрати свои војници во 1976 година. Тие го замемаат Бејрут и оттогаш па сè до 2005 година Сирија го контролира Бејрут и поголемиот дел од Либан. Во 2005 година се случува атентат врз поранешниот премиер Рафик Харири и под зголемен меѓународен притисок Сирија е принудена да се повлече од Либан.

Израел започна со своите воени интервенции во 1978 година со Операцијата Литани. Во 1982 година повторно изврши инвазија врз Либан, при што го освои јужен Либан кој го држеше под своја окупација до 2000 година, кога се повлече од земјата. Во јули 2006 година Израел повторно воено интервенира во Либан.

Географија и клима

уреди
 
Либанскиот кедар е национален симбол.

Демографија

уреди

Религија

уреди
Верници во Либан
Муслимани
  
55 %
Христијани од Маронит во Либан
  
20 %
Грчка Православна Црква
  
8 %
Мелкит Христијани
  
5 %
Друзи
  
5 %
Арменска Православна Црква
  
4 %
Протестанти
  
1 %
Друго Христијанско Малцинство
  
2 %

Населението на Либан е составено од три доминантни блокови етнички групи и религии: муслимани (шиити, сунити, алавити), Друзи и христијани (Маронитски католици, Малкитски гркокатолици, Ерменци, Сиријци итн.). Последниот попис е направен во далечната 1932 година и оттогаш не е спроведен поради чувствителноста на материјата на етничката поделба на земјата. Сепак, се проценува дека околу 60% од населението се муслимани, а дека останатите се христијани.

Политички систем

уреди

Административна поделба

уреди
 
Карта на областите во Либан

Либан е поделен на 6 области („мухафази“). Областите потоа се делат на окрузи, а тие пак, на општини. Еве список на областите (со нивните административни центри во загради):

  1. Бејрут (Бејрут)
  2. Планински Либан (Бабда)
  3. Северна (Триполи)
  4. Бека (Захла)
  5. Набатија (Набатија)
  6. Јужна (Сидон)

Во поново време се одобрени се уште две области, но сè уште не се воведени:[1] Архивирано на 15 март 2009 г.

  • Акар
  • Балбек-Хермел

Стопанство

уреди

Култура

уреди

Наводи

уреди
  1. „The Lebanese Constitution“ (PDF). Presidency of Lebanon. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-01-19. Посетено на 20 August 2011.
  2. „World Population Prospects, Table A.1“ (PDF). 2008 revision. United Nations Department of Economic and Social Affairs. 2009: 17. Посетено на 22 September 2010. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Lebanon“. International Monetary Fund. Посетено на 30 April 2011.
  4. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  5. McGowen, Afaf Sabeh (1989). „Historical Setting“. Во Collelo, Thomas (уред.). Lebanon: A Country Study. Area Handbook Series (3. изд.). Washington, D.C.: The Division. OCLC 18907889. Посетено на 24 July 2009.
  6. Room, Adrian (2005). Placenames of the World: Origins and Meanings of the Names for 6,600 Countries, Cities, Territories, Natural Features and Historic Sites (2. изд.). McFarland. стр. 214–216. ISBN 9780786422487. |access-date= бара |url= (help)
  7. Metzger, Bruce M.; Coogan, Michael D. (2004). The Oxford guide to people & places of the Bible. Oxford University Press. стр. 178. ISBN 0195176103. |access-date= бара |url= (help)
  8. Bienkowski, Piotr; Millard, Alan Ralph (2000). Dictionary of the ancient Near East. University of Pennsylvania Press. стр. 178. ISBN 9780812235579. |access-date= бара |url= (help)
  9. Ross, Kelley L. „The Pronunciation of Ancient Egyptian“. The Proceedings of the Friesian School, Fourth Series. Friesian School. Посетено на 20 January 2009.
  10. http://lcweb2.loc.gov/cgi-bin/query/r?frd/cstdy:@field(DOCID+lb0023)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди