Големиот раскол

(Пренасочено од Голема шизма)
Дел од темата
Христијанство

Христијански крст

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голем раскол
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар завет
Нов завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асирска црква на Истокот

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанство
Христоделфијани
Единствен пентекостализам

Големиот раскол или Големата шизма (од гр. σχισμα, лат. schisma - раскол, одвојување, цепење, разделување), исто така познат како Источно-западен раскол е настанот што го поделил Халкидонското христијанство на католицизам и православие.[1] Расколот помеѓу Рим и Цариград датира од 1054, кога папата Лав IX и патријархот Михаил I се разделуваат еден од друг во црквата.

Причини

уреди

Овој раскол е исход од еден долг период на разделувањето на двете цркви. Основната причина за разделувањето е борбата за врховна власт помеѓу римските папи и царевиградските патријарси. За разделувањето помогнале и веќе постојаните разлики помеѓу западната и источната црква во обредите и организацијата.

Примарните причини за расколот биле спорови околу папскиот авторитет - Папата тврдел дека имал авторитет над четирите источни патријарси, додека четирите источни патријарси тврделе дека приматот на Римскиот Патријарх е само почесен, и тој има авторитет само над западните христијани - и над вметнувањето на клаузулата филиокве во Никејскиот символ.

Исто така друга причина за разделувањето се гледа во културните разлики помеѓу истокот и западот. Теолозите чие потекло водело од западна Европа претежно се ориентирале кон правните црковно-религиозни прашања, додека источните теолози сметале дека основа за понатамошно развивање и усовршување на верата е филозофијата и решавање на нејзините прашања. Исто така, како друга причина се јавува и јазикот каде во источниот дел главно се употребува грчкиот јазик а додека во западниот латинскиот јазик.

Друга важна причина се разликите во религиозните сфаќања. Различностите се формирале во текот на повеќе векови. Во 589 година на соборот на шпанската црква во Толедо бил променет основниот постулат на христијанството - Символот на верата. Било утврдено дека Светиот Дух произлегувал од Отец и Син, кои се на еднакво рамниште т.е. рамноправни. Во 1014 година, папата Бенедикт VIII конечно ја утврдил таа идеја. Можеби и малку нејасна, но таа е една од причините за започнување на различијата помеѓу црквите. Во источната постулатот останал непроменет ( се признава само Бог. Отецот и светиот дух стојат до него) .

Друга спорна точка помеѓу двете цркви е “чистилиштето“, каде според грчките теолози чистилиштето всушност не ни постои помеѓу рајот и пеколот.

 
Михаил I

Развивање

уреди

Во 1054 година се случило и конечното разделување на црквата. Во Цариград, патриjархот Михаил Керулариј се сомневал дека доколку императoрот Константин IX стане зависен од воениот сојуз со западот, тогаш црквата во Цариград ќе треба да се соочува со Рим. За да не дојде до тоа, тој започнува да ги нагрубува католичките прелати. Католичките обреди се наречени недостојни, а католичките цркви во Цариград се затворени.

Во Рим, папата Лав IX многу остро го осудува овој чин и затоа во Цариград го испраќа кардиналот Хумберт, кој кога пристигнал таму, ја пренел пораката од папата, а најмногу се спротивставувал за нерешеното прашање околу Светиот Дух. По тримесечно очекување на дијалог со патријархот, Хумберт издал була (папски документ) за протерување на Михаил од црквата. Но во тоа време папата само што починал, и самата була се покажала дека е невалидна. И покрај поддршката што пратеникот од Рим ја имал од царот, Михаил останал патријарх поради масовната поддршка на верниците.

По овој настан, дошло до постепено раздвојување на источната и западната црква. Периодично, односите се подобрувале и влошувале, но не постоел настан кој официјално би го означил раздвојувањето на црквите, се' до 4. крстоносна војна, кога крстоносците го нападнале Цариград и ја опустошиле Аја Софија.

По распадот

уреди
  • Четвртата крстоносна војна (1202-1204), дополнително придонесела многу за зајакнување на источната црква во однос на латеранската.
  • По ослободувањето на Цариград, византиските цареви сакале политички да се помират со своите собраќа во Римската црква.

Обиди за обединување

уреди

Црквата се поделила по доктринарна, теолошка, лингвистичка, политичка и географска линија, и фундаменталното разидување никогаш не било залечено. Може да се рече дека двете цркви всушност повторно се обединиле во 1274 (од Вториот Совет во Лион), и во 1439 (од Советот од Базел), но и во двата случаи православните се одрекле од нив, со оглед на тоа што хиерарсите го пречекориле својот авторитет во овие таканаречени "сојузи". Во текот на 15 век под притисок на османлиската заплаха, Византија направила опити за обединување на двете цркви. Во 1439 години на саборот во Фиренца се потпишал договор помеѓу двете цркви. Но и покрај тоа, повеќе од источните теолози продолжиле да не го почитуваат тој договор. Со паѓањето на Цариград во 1453 година, унијата била уништена.

Другите обиди да се обединат двете цркви пропаднале; но неколку црковни заедници кои биле поврзани со Истокот ја промениле својата припадност, и тие сега се викаат унијатски цркви. Но, главно, источната и западната црква се одделни. Секоја од нив смета дека е "Единствената Света Вселенска и Апостолска Црква", имплицирајќи дека другата црква ја напуштила вистинската црква за време на расколот.

Делување и спор

уреди

Со распадот на црквата, католицизмот од своја страна придонел за создавање на еден конфесионален систем од страна на папитекој Православната црква не го прифаќа. Повеќе од папата го форсираат унијатството: така Пиј IX во енциклопедијата "Litterae ad Orientales" (1848), Лав XIII во "Praeclara Gratulationis" (1894), Пиј во "Rerum Orientalis" (1928) и "Lux veritas" (1931). Во декември 1854 година, папите Пиј IX, папа кој во 1864 година исто така ќе објави "Syllabus", прогласува без консултација на ниту еден собор, "Bulu Ineffabilis". Во 1894 година, папата Лав XIII повторно се вратил на унијатството и повторно го подновил апелот за враќање на апостолскиот римски престол, додека во 1950 година, во ноември папитеПиј ХII прогласил доклад за телесното воскресување на небото на Дева Марија (во апостолскиот устав „Munificentissimus“).

На вториот ватикански собор (концил) , (окт. 1962 - дец. 1965) бил донесен нов доклад за црквата, "Lumen Gentium ", каде биле повторени сите одлуки донесени на Првиот ватикански концил , "Pastor aeternus", и тоа дека целите на наследниците на Свети Петар се видливи во главната цел на самата црква (бр. 18 и 25), како и декрет "Unitatis Redintegratio", во кој се изјавува дека единствена права црква е Римокатоличката црква, а другите се одвоени од апостолскиот римски престол и составуваат различни концентрични кругови.

Во јануари 1964 година папата Павле VI го посетил Ерусалим каде се сретнал со вселенскиот патријарх Атинагора I. Во есен истата година Православната црква решила да се започнат подготовки за отворање на теолошки дијалог на “еднакви нози“ со Римокатоличката црква. До завршувањето на Вториот Ватикански концил во 1965 година во декември, папата Павле VI, во катедралата Свети Петар во Рим, а патријархот Атинагора во Патријаршиската катедрала во Истанбул, покренале скоро во исто време една “анатема“ која траела помеѓу двете цркви изминатите девет векови. Но, и двата поглавари на црквата се свесни дека овој гест не е доволен за да се направи разлика помеѓу самите цркви. Практично, разделеност сè уште постои.

Литература

уреди
  1. Cross, F. L., ed., уред. (2005). The Oxford Dictionary of the Christian Church. New York: Oxford University Press. ISBN 0-19-280290-9.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link) CS1-одржување: излишен текст: список на уредници (link)


Византиско Царство
Ромејска култура Историја на Римското Царство во средниот век Уредување на Римското Царство во средниот век

Архитектура
Музика
Уметност
Наука
Календар

Градови:
Цариград
Никеја
Мистра

Градби:
Света Софија

Константин I | Теодосиј I | Јустинијан I
Распад на Персија (628)
Ираклиј I
Иконоборство (726)
Лав III Сириец | Константин Порфирогенит | Василиј II
Големиот раскол (1054)
Битка кај Манцикерт (Кобна 1071)
Алексиј I Комнин | Мануил I Комнин
Падот на Цариград (1204)
Теодор I Ласкарис
Обнова на Римското Царство (1261)
Михаил VIII Палеолог | Константин Драгаш
Падот на Цариград (1453)
Средновековни римски цареви
Средновековна римска дипломатија