Опсада на Цариград (1261)
- За другите опсади на градот видете Опсада на Цариград
Опсадата на Цариград од 1261 година претставува успешна воена операција со која градот бил преземан од страна на Михаил VIII Палеолог, а со тоа се ставило крај на Латинското Царство.
Опсада на Цариград (1261) | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Никејско-латински војни | |||||||
Портата преку која бил заземен градот |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Никејско Царство Византија | Латинско Царство |
Заднина
уредиПо преземањето на Цариград од страна на крстоносците, на територијата на Византија било формирано Латинското Царство и неколку мали византиски држави, од кои најсилни биле Никејското Царство и Епирското Деспотство. Никејското Царство со текот на времето успеало да зазеде неколку територии во Анадолија. По неуспешната опсада во 1260 година од страна на Михаил VIII Палеолог, императорот се подготвил за нов напад на градот, кој започнал на 26 јули 1261 година.
Опсада
уредиОпсадата на градот започнала на 25 јули 1261 година, и истата била предводена од страна на Алексеј Стратегопул. Заземањето на градот можеби било сосема случајно. Алексеј Стратегопул со само околу 800 луѓе[1] се наоѓал во Тракија, за да ја надгледува никејско-бугарската граница. Тој се упатил кон Цариград. По преминувањето на Босфорот неговата армија разбрала дека градот е сосема празен и нема од кого да биде одбранет. Во помош му дошла и џеновската флота. Во ваква ситуација го заварил градот главно поради договорот којшто сѐ уште постоел помеѓу Никеја и Латинското Царство, кој требало да заврши во август истата година.[2] Венецијанската флота била распоредена во Црното Море, а во градот останал само мал број на бродови. Тој во текот на ноќта, можеби со помош на населението, успеал да влезе во градот. Неговите сили без проблеми успеале да го заземат градот. Сепак, царот Балдуин II успеал да побегне. Михаил III во градот влегол на 15 август, и во црквата Света Софија бил прогласен за нов цар на Византија, додека пак Алексеј бил награден со титулата цезар.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Kazhdan, Alexander, уред. (1991). The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford and New York: Oxford University Press. ISBN 0-19-504652-8.
- ↑ Предлошка:ГО-ИВ
Литература
уреди- George Ostrogorsky, History of the Byzantine State, Rutgers University Press, 1968.