Културен центар Ататурк

Културниот центар Ататурк (турски: Atatürk Kültür Merkezi), претставува мултикултурен комплекс којшто се наоѓа на плоштадот Таксим во Истанбул, Турција.

Комплексот се состои во една голема сала со капацитет од 1307 седишта. Објектот служи како театар, оперска куќа, сала за одржување на балет. Освен поголемата, постои и помала сала, со капацитет од 502 седишта. Таа обично служи за одржување на концерти, состаноци, конференции и слично. На влезот во објектот постои отворена изложба.

Центарот е дом на:

  • Истанбулскиот државен симфониски оркестар и хор (İstanbul Devlet Senfoni Orkestrası ve Korosu),
  • Истанбулското здружение за современа народна музика (İstanbul Devlet Modern Halk Müziği Topluluğu) и
  • Истанбулскиот хор за класична турска музика (İstanbul Devlet Klasik Türk Müziği Korosu).

Објектот моментално е во обнова. Тој требаше да биде отворен во 2010 година кога градот беше европски центар на културата, но Културниот центар останува затворен.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

41°02′12″N 28°59′16″E / 41.03667° СГШ; 28.98778° ИГД / 41.03667; 28.98778