Босфорски Мост

Босфорскиот мост (турски: Boğaziçi Köprüsü) е еден од двата моста кои се протегаат на босфорскиот теснец во Истанбул, Турција. Овој мост ги поврзува Анадолија со Европа. Мостот се наоѓа меѓу Ортакој од европска страна и Бејлергеј на азиска страна.

Босфорски Мост
Bosphorus Bridge.jpg
Босфорскиот мост ги поврзува Европа и Азија.
Носивозила, пешаци
МестоИстанбул, Турција
Официјален називBoğaziçi Köprüsü
Особености
Вкуп. должина1,56 км
Ширина33,4 метри
Најдолг распон1,074 км
Историја
Отворен1973
Местоположба
Карта

Долг е 1,56 км а неговата ширина е 33,4 метри. Распонот помеѓу столбовите изнесува 1,074 км, нивната висина е 165 метри, а висината на мостот над водата е 69 метри.

Во моментот е пуштен во употреба е мост со 4-ти најголем распон во свет (зад Веразано мостот во Њујорк, Голеден Гејт во Сан Франциско и Мекино мостот во Мичиген) и е висечки мост со најголем распон изграден надвор од САД.

Одлуката за градење на мостот е донесена во 1957 година за време на владата на премиерот Аднан Мендерас, деталните проекти се изработени во 1968 година од страна на британските инженери Гилберт Робертс и Вилиам Браун. Градбата е започната во февруари 1970 година, а свечено е отворен на 30 Октомври 1973 година, ден по прославата на 50 годишнината од прогласувањето на модерна Република Турција.

Дневниот промет е 180-200.000 возила, 90% од нив се патнички моторни возила, другото се товарни и автобуси. Наплатата на ”мостарината” е еднократна и се врши Азискиот дел. Во 1997 година забележан е премин ма милијардитото возило преку мостот.

Координати: 41°02′42″N 29°02′02″E / 41.04500° СГШ; 29.03389° ИГД / 41.04500; 29.03389