Талин (естонски: Tallinn) — главен град и најголем град во Естонија. Градот се наоѓа на северниот брег на земјата, на брегот на Финскиот Залив, 80 километри јужно од Хелсинки, источно од Стокхолм и западно од Санкт Петербург. Од 13 век до 1918 година (и за краток период од нацистичката окупација на Естонија 1941-1944), градот бил познат како Ревал. Талин зафаќа површина од 159,2 км2 и има население од 443.268 жители. Околу 32% од вкупното население на Естонија живее во Талин.

Талин
Tallinn
Стариот дел на Талин
Стариот дел на Талин
Стариот дел на Талин
Официјално знаме на Талин
Официјално знаме на Талин

Знаме
Официјален грб на Талин
Грб
Mестоположба
Mестоположбата на Талин
Mестоположбата на Талин
Местоположба на општината Талин во Естонија
Координати

59°26′″N, 24°45′″E

Општи податоци
Име
- официјално
- изворно
Талин
  Град Талин
  Tallinn
Основан 1154
Портал www.tallinn.ee
Управа
Земја Естонија Естонија
Област Харју
Градоначалник Едгар Сависаар
Географија
Површина 159,2 km²
Население
Население 400 911 (2007)
Густина 2506,9 ж./km² (2007)

Талин бил основан во 1248 година, но најстарите човечки населби биле пронајдени пред повеќе од 5.000 години, кое го прави еден од најстарите главни градови на Северна Европа. Поради својата стратешка локација, градот станал голем трговски центар, особено од 14 до 16 век, кога се здобил со важност како дел од Ханза.

Стариот град во Талин е еден од најдобро зачуваните средновековни градови во Европа и од страна на УНЕСКО е вклучен во Списокот на светско наследство во Европа. Талин е главен политички, финансиски, културен и образовен центар на Естонија. Честопати градот се нарекува Силициумска Долина на Европа, со најголем број по жител стартап корисници во Европа и е родно место на голем број меѓународни компании, вклучувајќи го Skype и Центарот за сајбер одбрана на НАТО. Тој е рангиран како глобален град и се наоѓа на списокот меѓу најдобрите 10 дигитални градови во светот. Градот бил европска престолнина на културата за 2011 година, заедно со Турку во Финска.

Имиња уреди

Во 1154 година градот се викал Куври, Калаван или Коливан според светската мапа изработена од страна на Алморавиди|алморавидскиот арапски картограф Мухамед ал-Идриси, кој го опишал градот како „еден мал град, како еден голем замок„ меѓу градовите Астланда. Се смета дека Куври може да се однесува на градот врз кој бил изграден денешен Талин. Во источните словенски хроники, градот бил познат како Коливан, и се смета дека името потекнува од естонскиот митски јунак Калев.

До 13 век, Скандинавците и Хенри Латвиски градот го нарекувале Линданиза или Линданисе на дански јазик, Линданас на шведски јазик и Леденетс на старословенски. Според некои поетски предлози, ова име било изведено од Линда, митската сопруга на Калев и мајката на Калевипоег.

Историја уреди

Стариот дел на градот
светско наследство на УНЕСКО
 
КритериумКултурно: ii, iv
Навод822bis
Запис1997 (21-во заседание)

Првите траги од населба биле пронајдени при археолошките иакопувања во центарот на градот и истите артефакти датираат пред околу 5.000 години. Исто така биле пронајдени и керамички садови од околу 3000 п.н.е[1].

Првата тврдина во Талин била изградена во околу 1050 година на ридот Томпеја[2].

Како важна порта за трговија помеѓу Русија и Скандинавија, градот станал цел за освојување на Тевтонските витези и Кралството Данска во текот на периодот на Северните крстоносни војни во почетокот на 13 век, кога христијанството било насилно наметнато на месното население. Данската власт во Талин и Северна Естонија започнала во 1219 година.

Во 1285, градот, тогаш познат како Ревал, станал дел од Ханза, трговска и воена алијанса на германските градови во Северна Европа. Во 1346 година Ревал, заедно со целиот северен дел на Естонија бил даден на Тевтонскиот ред. Во средниот век градот имал стратешка положба бидејќи се наоѓал на крстопатот на трговска размена меѓу Западна и Северна Европа и Русија. Градот, со население од 8.000, бил многу добро опколен со градски ѕидини и 66 одбрани кули.

Со почетокот на протестантската реформација, германското влијание станало уште посилно и голем дел од населението го прифатило Лутеранството. Во 1561 година, Ревал паднал под политичко влијание на Шведска.

За време на Големата северна војна, градот бил погоден од чума. Во 1710 година Естонија и Ливонија биле освоени од Русија, но институциите на локалната самоуправа ја задржуиле својата културна и економска автономија во рамките на Царска Русија како Гувернија Естонија. Во текот на 19 век, градот започнал да се индустријализира, и пристаништето добило голема важност.

На 24 февруари 1918 година, Декларацијата за независнот на Естонија била прогласена во Талин. На 2 февруари 1920 година, Русија ја признала независноста на Естонија според Тартскиот договор. По Втората светска војна, Естонија пристапила кон Советскиот Сојуз (СССР) во 1940 година, а подоцна била окупирана од Нацистичка Германија од 1941 до 1944 година. По повлекувањето на Нацистите во 1944 година, била основана Естонската ССР, во рамките на СССР, додека Талин станал нејзиниот главен град. За време на Летните олимписки игри во 1980 година, натпреварите по едрење биле одржани во Талин.

Во август 1991 година била прогласена независноста на Естонија, по пропаѓањето на Советскиот Сојуз.

Географија уреди

Талин се наоѓа на јужниот брег на Финскиот Залив, во северозападниот дел на Естонија.

Најголемото езеро во Талин е езеро Улемисте (9.44 км2). Езерото е главен извор на вода за пиење во градот. Езеро Харку е второто по големина езеро во рамките на границите на Талин и неговата површина е 1,6 квадратни километри. Талин не лежи на голема река. Единствената значајна река во Талин е реката Пирита во истоимената област. Историски гледано, малата река Харјапеја од езерото Улемисте течела низ градот и се вливала во морето, но реката била пренасочена за отпадни води во 1930 година и оттогаш целосно исчезнала од градскиот пејзаж.

Највисоката точка во Талин, на 64 метри над нивото на морето, се наоѓа во Хилу, во југозападниот дел на градот. Должината на брегот е 46 километри.

Клима уреди

Талин има влажна континентална клима со топли, благи лета и студени, снежни зими[3]. Зимите се ладни, но лесни за нејзината надморска височина, што се должи на крајбрежната негова местоположба. Просечната температура во февруари, најстудениот месец, е -4.3 °C. Во текот на зимските месеци, температурите имаат тенденција да се ниски со кое доаѓа до појава на мраз[4], но понекогаш температурата достигнува и над 5 °C, додека во најладниот период температурата достигнува до -18 °C[5]. Зимите се облачни и се одликуваат со ниски количини на сонце, кои се движат од само 0,5 часа на сонце дневно во декември на 4,1 часа во март[6]. Денот на зимската краткодневица трае само 6 часа[7].

Пролетта започнува во студено време, со ниски температури вообичаени во март и април, но постепено станува потопло кон крајот на мај, кога просечната дневна температура е 15.2 °C, додека ноќните температури се со просек од -1,0 до 5,2 °C од март до мај. Снежните врнежи се честа појава во март и може да се случат и во април[4].

Летата се благи со дневни температури околу 19 до 21 °C и ноќни температури во просек помеѓу 9,6 - 12,7 °C во периодот од јуни до август. Најтопол месец е обично јули, со просек од 17.2 °C. Периоди на топло време се ретки во текот на летните месеци, при што има само 31 денови во годината каде температурата достигнува или надминува 21,0 °C.[5]. Во текот на летото е делумно облачно и деновите се движат во просек од 7,4 часа во август на 10,1 часа во јуни иако врнежите се повисоки во текот на овие месеци[4].

Во Талин наврнуваат 618 милиметри врнежи годишно, кои се рамномерно распоредени во текот на годината, иако месеците март и април се најсушните месеци, во просек околу 30 милиметри, додека јули и август се највлажните месеци со 74 милиметри на врнежи. Просечната влажност на воздухот е 81%.

Климатски податоци за Талин (1981–2010)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 9.2
(48.6)
10.2
(50.4)
15.9
(60.6)
27.2
(81)
29.4
(84.9)
30.7
(87.3)
34.3
(93.7)
34.2
(93.6)
28.0
(82.4)
21.8
(71.2)
12.1
(53.8)
10.7
(51.3)
34.3
(93.7)
Прос. висока °C (°F) −1.0
(30.2)
−1.6
(29.1)
2.3
(36.1)
9.2
(48.6)
15.3
(59.5)
18.9
(66)
21.9
(71.4)
20.4
(68.7)
15.2
(59.4)
9.5
(49.1)
3.5
(38.3)
0.4
(32.7)
9.5
(49.1)
Сред. дневна °C (°F) −3.3
(26.1)
−4.3
(24.3)
−1.0
(30.2)
4.5
(40.1)
10.1
(50.2)
14.1
(57.4)
17.2
(63)
16.0
(60.8)
11.3
(52.3)
6.5
(43.7)
1.3
(34.3)
−1.9
(28.6)
5.9
(42.6)
Прос. ниска °C (°F) −5.9
(21.4)
−7.1
(19.2)
−4.1
(24.6)
0.6
(33.1)
5.2
(41.4)
9.5
(49.1)
12.7
(54.9)
12.0
(53.6)
7.6
(45.7)
3.8
(38.8)
−0.9
(30.4)
−4.3
(24.3)
2.4
(36.3)
Најниска забележана °C (°F) −31.4
(−24.5)
−28.7
(−19.7)
−24.5
(−12.1)
−12.0
(10.4)
−5.0
(23)
0.0
(32)
4.0
(39.2)
2.4
(36.3)
−4.1
(24.6)
−10.5
(13.1)
−18.8
(−1.8)
−24.3
(−11.7)
−31.4
(−24.5)
Прос. врнежи мм (ин) 56
(2.2)
36
(1.42)
37
(1.46)
32
(1.26)
36
(1.42)
64
(2.52)
84
(3.31)
86
(3.39)
67
(2.64)
78
(3.07)
70
(2.76)
57
(2.24)
704
(27.72)
Прос. бр. дождливи денови 10 8 9 12 11 13 13 14 17 18 16 12 153
Прос. бр. снежни денови 19 18 13 5 0.4 0 0 0.1 0.1 2 11 18 87
Прос. релативна влажност (%) 88 85 81 73 69 74 76 79 82 85 88 88 81
Сред. бр. сончеви часови месечно 25.0 55.7 129.3 202.8 292.9 285.7 307.4 240.7 151.5 87.4 28.6 18.8 1.825,8
Извор бр. 1: Estonian Weather Service[8][9][10][11]
Извор бр. 2: Pogoda.ru.net (rainy and snowy days)[4]

Реони уреди

За потребите на локалната самоуправа, Талин е поделен на 8 административни области. Управите на округот се градски установи кои ги исполнуваат, на територијата на нивната област, функциите кои им се доделени со закон од страна уставот.

Регион Население
(2016)[12]
Area[13] Густина
1. Харберсти 44.516 22.26 km2 (8.6 ми) 1.999,82/км2
2. Кесклин (центар) 60.848 30.56 km2 (11.8 ми) 1.991,1/км2
3. Кристине 32.746 7.84 km2 (3.0 ми) 4.176,79/км2
4. Ласнамае 119.237 27.47 km2 (10.6 ми) 4.340,63/км2
5. Мустамае 67.506 8.09 km2 (3.1 ми) 8.344,38/км2
6. Номе 39.371 29.17 km2 (11.3 ми) 1.349,71/км2
7. Пирита 18.203 18.73 km2 (7.2 ми) 971,86/км2
8. Põhja-Tallinn 59.534 15.9 km2 (6.1 ми) 3.744,28/км2

Архитектура уреди

Демографија уреди

Largest ethnic minority groups[14]
Етничка група Население(2015) %
Руси 151,122 36.52
Останати: 36,883 8.91
Украинци 11,794 2.85
Белоруси 6,173 1.49
Финци 2,071 0.50
Евреи 1,510 0.36
Татари 1,045 0.25
Литванци 827 0.20
Летонци 662 0.16
Германци 518 0.13

Според податоци од 1 јуни 2016 година, населението на градот е 440.950 жители[12]. Етничките Естонци сочинуваат околу 55% од населението, додека Русите сочинуваат околу 37% од населението[15].

Службен јазик на Талин е естонски јазик. Во 2011 година, 206.490 (50,1%) го зборувале естонскиот како мајчин јазик и 192.199 (46,7%) зборувале руски како мајчин јазик. Во останатите говорни јазици спаѓаат украински, белоруски и фински[16].

Година 1372 1772 1816 1834 1851 1881 1897 1925 1959 1989 2000 2005 2015 2016
Население 3,250 6,954 12,000 15,300 24,000 45,900 58,800 119,800 283,071 478,974 400,378 401,694 438,569 443,268

Стопанство уреди

 
Бизнис регион Торнимае
 
Бизнис регион Ротерман

Талин e најголемиот финансиски и бизнис центар во Естонија. Во градот постојат компании од најразлични индустрии, особено во областа на информатичката технологија, туризмот и логистика[17]. Daily Mail градот Талин го наречел како еден од седумте најпаметни градови во светот. Во моментов, повеќе од половина БДП на Естонија се создава во Талин[18]. Во 2008 година, БДП по глава на жител од Талин изнесувал 172% од просекот на естонскиот[19].

Информатичка технологија уреди

Талин е еден од најголемите центри на информатичката технологија во светот. Во 2005 година ''The New York Times'' го нарекол градот како Силициумска Долина на Европа, со најголем број по жител стартап корисници во Европа[20]. Талин е родно место на голем број меѓународни компании, вклучувајќи го Skype и Центарот за сајбер одбрана на НАТО. Мобилниот оператор Telia Company и компанијата Kuehne + Nagel имаат седиште во градот.

Туризам уреди

Талин годишно го посетуваат повеќе од 1,5 милиони туристи[21], бројка која постојано се зголемува во текот на изминатата деценија.

Стариот град Талин е вклучен во Светското наследство на УНЕСКО и претставува главна туристичка атракција. Пристаништето Ленусадам, Естонскиот поморски музеј, Талинската зоолошка градина и паркот Кадриорг се исто така едни од најпосетуваните места. Поголемиот дел од посетителите доаѓаат од Европа, иако Талин сè повеќе и повеќе се посетува од туристи од Русија.[22].

Пристиништето Ванасадам е едно од најпрометните одредишта за крстарење на Балтичко Море, кое превезело повеќе од 520.000 патници во 2013 година[23].

Енергија уреди

Енергетската компанија Eesti Energia[24], операторот за пренос на електрична енергија Elering, компанијата за гас Eesti GaAs и енергетската холдинг компанија Alexela Group имаат седиште во градот. Nord Pool Spot, најголемиот пазар за електрична енергија во светот, исто така има седиште во Талин.

Финансии уреди

Талин е финансиски центар на Естонија и голем економски центар во скандинавскиот регион. Многу големи банки, како SEB, Swedbank, Nordea, DNB, имаат канцеларии во Талин. Талинската берза е единствената од таков вид во Естонија.

Производствен сектор уреди

Индустријата во Талина вклучува производство и изградба на бродови, машиноградбата, металопреработувачката индустрија, електроника и текстил. Градот привлекува голем број на шопинг туристи од земјите во регионот.

Образование уреди

 
Технолошки универзитет
 
Музеј на естонската уметност

Институции на високото образование и наука се:

  • Естонска академија на науките
  • Естонска академија на музиката и театарот
  • Естонска бизнис школа
  • Естонска Поморска академија
  • Инстититут за теологија при Естонската Евангелско-Лутеранска црква
  • Национален институт за хемија, физика и биофизика
  • Универзитет Талин
  • Технолошки универзитет

Култура уреди

Музеи уреди

Талин е дом на повеќе од 60 музеи и галерии[25]. Повеќето од нив се наоѓаат во Кесклин, централна област на градот. Еден од најпосетуваните историски музеи во Талин е Естонскиот историски музеј кој се наоѓа во стариот дел на градот[26]. Музејот ја опфаќа историјата на Естонија од праисторијата, па сè до крајот на XX век.[27].

Естонскиот поморски музеј дава детален преглед на поморското минатото на нацијата. Овој музеј исто така се наоѓа во стариот дел на градот, во кулата Маргарета која претставува дел од одбранбениот систем на стариот дел од градот[28]. Во стариот дел на градот се наоѓа и Талинскиот градски музеј, кој поседува документи од праисторијата до 1991 година, кога Естонија ја вратила својата независност[29]. Овој музеј поседува девет одделни филијали во градот[29]. Музејот на фотографија се наоѓа веднаш зад градското собрание и се одликува со постојана поставка која опфаќа период од 100 години на фотографијата во Естонија.[30]. Музејот на окупацијата е уште еден историски музеј, кој се наоѓа во централниот дел на Талин. Музејот ја опфаќа 52-годишната историја на градот кога бил под власта на Советскиот Сојуз и Нацистичка Германија[31]. Музејот на КГБ се наоѓа на 23 спрат од хотелот Виру, и содржи документи, униформи на руски агенти на тајната служба[32].

Талин е исто така дом на две големи природонаучни музеи - Естонскиот музеј на природата и Естонскиот музеј на здравствената заштита. И двата музеи се наоѓаат во стариот дел на градот[33]. Естонскиот музеј за природни науки се одликува со неколку сезонски и повремени тематски изложби, кои обрнуваат преглед на дивиот свет во Естонија и во целиот свет. Естонскиот музеј на здравствената заштита располага со постојани изложби за анатомија и здравствената заштита[34]. Музејот ги собира и го прикажува наследството поврзано со историјата на медицината во Естонија. Главниот град на Естонија е исто така дом на многу уметнички музеи и галерии. Естонскиот музеј на уметноста е најголем во земјата. Првично бил сместен во палатата Кадриорг, но денеска се состои од четири филијали, и тоа: музеј на уметноста Куму, кој ја поседува најголемата збирка на современа и модерна уметност земјата и ја прикажува естонската уметност започнувајќи од почетокот на XVIII век[35], музеј на уметноста Кадриорг во кој се наоѓаат колекции од Западна Европа и Русија во периодот од 16 до 20 век, со околу 9,000 уметнички дела[36] , музеј на уметноста Микел кој главно поседува колекција од западната уметнодѕ и музеј на уметноста Нигукусте, кој се наоѓа во поранешната црква Свети Никола која содржи збрирки од црковната уметност.

Фестивали уреди

Естонскиот фестивал на песната или Laulupidu е еден од најголемите хорски настани во светот, на списокот на УНЕСКО како ремек-дело на усното и нематеријалното наследство на човештвото. Се одржува на секои пет години во јули на Талинскиот фестивал. Истовремено се одржува со Естонскиот фестивал на танцот. Заедничкиот хор е составен од повеќе од 30.000 пејачи.

Талинскиот филмски фестивал „Темни ноќи“ е филмски фестивал кој се одржува од 1997 година. Со повеќе од 250 играни филмови прикажани секоја година и над 77.500 присуства (2014) фестивалот е еден од најголемите во Северна Европа.

Често Естонците се нарекуваар како „Распеана нација“. Естонците имаат една од најголемите збирки на народни песни во светот, со писмена евиденција од околу 133.000 народни песни.

Кујна уреди

Традиционалната кујна на Талин е одраз на кулинарски традиции на Северна Естонија, улогата на градот како рибарско пристаниште, како и на германското влијание. Бројни кафулиња играат голема улога во општествениот живот на градот уште од 19 век.

Марципанот во Талин има многу долга историја. Производството на марципан започнала во средниот век, кога градот бил дел од Ханза. Во 1695 година, марципанот бил споменат како лек под ознака Panis Martius на Талинската фармација. Модерната ера на марципанот во Талин започнала во 1806 година.

Меѓу морските специјалитети на Талин, најголем симболичен пример е „Vürtsikilu“ - зачинета папалина, кисела со специфичен збир на зачини вклучувајќи црн пипер, пимент и каранфил=. Традицијата на правење Vürtsikilu се претпоставува дека потекнува од периферијата на градот, кон крајот на 18 и почетокот на 19 век. Веќе во 1826 година талинските трговци извезувале речиси 40.000 лименки во Санкт Петербург. Друго национално јадење е „Kiluvõileib“ - традиционален 'ржен леб во отворен сендвич со тенок слој путер.

Сообраќај уреди

Градски сообраќај уреди

 
Аеродром
 
Пристаниште

Градскиот превоз во градот се врши од страна на 64 автобуски линии, 4 трамвајски линии и 5 тролејбуски линии, опфаќајќи ги сите области на Талин. Во сообраќајот се користи билетен систем кој може да се купи од киосците, поштите или да се уплати билет преку мобилен телефон. Од 2013 година бил воведен бесплатен превоз за жителите на Талин.

Воздушен сообраќај уреди

Аеродромот се наоѓа на околу 4 километри од градот. Постои директна автобуска линија помеѓу аеродромот и центарот на градот (автобус бр. 2). Најблиската железничка станица Улемисте е на само 1,5 километри од аеродромот.

Изградба на нова делница на аеродромот започнала во 2007 година и била завршена во текот на летото 2008 година.

Железнички сообраќај уреди

Преку железничкиот сообраќај, градот е поврзан со многу делови од Естонија, како и со Санкт Петербург во Русија и Рига во Летонија. Првата железничка пруга во градот била отворена во 1924 година.

Воден сообраќај уреди

Во градот постојат неколку фериботски оператори кои го поврзуваат градот со Хелсинки, Стокхолм и Санкт Петербург.

Збратимени градови уреди

Наводи уреди

  1. Alas, Askur. „The mystery of Tallinn's Central Square“ (естонски). EE. Архивирано од изворникот на 2008-11-05. Посетено на 29 October 2008.
  2. Ertl, Alan (2008). Toward an Understanding of Europe. Universal-Publishers. стр. 381. ISBN 978-1-59942-983-0.
  3. Peel, M. C. and Finlayson, B. L. and McMahon, T. A. (2007). „Updated world map of the Köppen–Geiger climate classification“ (PDF). Hydrol. Earth Syst. Sci. 11 (5): 1633–1644. doi:10.5194/hess-11-1633-2007. ISSN 1027-5606.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Погода и Климат – Климат Таллина“. Pogoda.ru.net. Посетено на 25 September 2016.
  5. 5,0 5,1 „Weatherbase: Historical Weather for Tallinn, Estonia“. Weatherbase. Посетено на 11 March 2013.
  6. „Climatological Information for Tallinn, Estonia“. Hong Kong Observatory. Архивирано од изворникот на 2014-10-27. Посетено на 13 March 2013.
  7. „Sunrise and Sunset in Tallinn“. Time and Date. Посетено на 11 March 2013.
  8. „Climate normals-Temperature“. Estonian Weather Service. Посетено на 24 September 2016.
  9. „Climate normals-Precipitation“. Estonian Weather Service. Посетено на 24 September 2016.
  10. „Climate normals-Humidity“. Estonian Weather Service. Посетено на 24 September 2016.
  11. „Climate normals-Sunshine“. Estonian Weather Service. Посетено на 24 September 2016.
  12. 12,0 12,1 „Number of Tallinn residents“ (естонски). Tallinn city government. 1 June 2016. Посетено на 14 June 2016.
  13. Tallinn City Government (2016). Statistical Yearbook of Tallinn 2016 (PDF). Tallinn: Tallinn City Office. стр. 35/194. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-02-13. Посетено на September 10, 2016.
  14. http://pub.stat.ee/px-web.2001/Dialog/varval.asp?ma=PO0222&ti=POPULATION+BY+SEX%2C+ETHNIC+NATIONALITY+AND+COUNTY%2C+1+JANUARY&path=../I_Databas/Population/01Population_indicators_and_composition/04Population_figure_and_composition/&lang=1
  15. Eurostat (2004). Regions: Statistical yearbook 2004 (PDF). Luxembourg: Office for Official Publications of the European Communities. стр. 115/135. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-05-29. Посетено на 2016-10-26.
  16. „Tallinn arvudes / Statistical Yearbook of Tallinn“ (естонски и англиски). Tallinn City Council. 3 August 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-05-21. Посетено на 1 April 2012.
  17. Edwards, Anna (4 April 2013). „World's seven smartest cities named as they vie for title of Intelligent Community of the Year“. Daily Mail. Посетено на 5 November 2013.
  18. Kaja Koovit. „Half of Estonian GDP is created in Tallinn“. Balticbusinessnews.com. Посетено на 20 May 2012.
  19. „Half of the gross domestic product of Estonia is created in Tallinn“. Estonian Statistics Office. Посетено на 20 May 2012.
  20. Mark Ländler, "The Baltic Life: Hot Technology for Chilly Streets", The New York Times, 13 December 2005.
  21. „Tallinna külastas mullu taas rekordarv turiste“. Pealinn (естонски). 14 January 2013. Посетено на 5 November 2013.
  22. Arumäe, Liisu (9 August 2013). „Tallinnas suureneb Vene ja Aasia turistide arv“. E24 Majandus (естонски). Архивирано од изворникот на 2016-09-19. Посетено на 5 November 2013.
  23. „Tänavune kruiisihooaeg tõi Tallinna esmakordselt üle poole miljoni reisija“ (естонски). Port of Tallinn. 11 October 2013. Посетено на 5 November 2013.
  24. Francu, Juraj; Harvie, Barbra; Laenen, Ben; Siirde, Andres; Veiderma, Mihkel (May 2007). „A study on the EU oil shale industry viewed in the light of the Estonian experience. A report by EASAC to the Committee on Industry, Research and Energy of the European Parliament“ (PDF). European Academies Science Advisory Council: 12–13, 18–19, 23–24, 28. Посетено на 2 August 2015. Наводот journal бара |journal= (help)
  25. „Tallinn Sightseeing, Museums & Attractions“. Tallinn. Посетено на 23 August 2016.
  26. „ESTONIAN HISTORY MUSEUM“. Eesti Asaloomuuseum. Архивирано од изворникот на 2016-05-05. Посетено на 23 August 2016.
  27. „Estonian History Museum - Great Guild Hall“. Tallinn. Посетено на 23 August 2016.
  28. „Estonian Maritime Museum – Fat Margaret's Tower“. Tallinn. Посетено на 23 August 2016.
  29. 29,0 29,1 „Tallinna Lunnamuuseum“. Lunnamuuseum.ee. Посетено на 23 August 2016.
  30. „ABOUT THE MUSEUM“. http://linnamuuseum.ee. Посетено на 23 August 2016. Надворешна врска во |website= (help)
  31. „Museum of Occupations“. Visitestonia.com. Посетено на 23 August 2016.
  32. „Hotel Viru & KGB Museum“. Visittallinn.ee. Посетено на 23 August 2016.
  33. „Estonian Museum of Natural History“. Visittallinn.ee. Посетено на 23 August 2016.
  34. „Estonian Health Care Museum“. Visitestonia.com. Посетено на 13 September 2016.
  35. „Kumu - Art lives here!“. Kumu.ekm.ee. Архивирано од изворникот на 2017-04-25. Посетено на 13 September 2016.
  36. „About the museum“. Kadriorumuuseum.ekm.ee. Архивирано од изворникот на 2016-09-14. Посетено на 13 September 2016.
  37. Tallinn City Council. „Sõlmiti koostöökokkulepe Tallinna Kesklinna Valitsuse ja Carcassonne'i linna vahel“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 15 February 2013.
  38. http://www.citypaper.lv/dartford_tallinn-s_twin_town/
  39. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-08-29. Посетено на 2016-10-26.
  40. „Twin Towns – Graz Online – English Version“. graz.at. Архивирано од изворникот на 2010-01-31. Посетено на 5 January 2010.
  41. „Groningen – Partner Cities“. 2008 Gemeente Groningen, Kreupelstraat 1,9712 HW Groningen. Архивирано од изворникот на 2007-09-26. Посетено на 8 December 2008.
  42. Hassinen, Raino. „Kotka – International co-operation: Twin Cities“. City of Kotka. Архивирано од изворникот на 2017-06-29. Посетено на 22 October 2013.
  43. „Vänorter“ (шведски). Malmö stad. Архивирано од изворникот на 2016-12-23. Посетено на 6 November 2013.
  44. „Twin cities of Riga“. Riga City Council. Архивирано од изворникот на 2008-12-04. Посетено на 27 July 2009.

Надворешни врски уреди

Координати: 59°26′N, 24°45′E