Мраморно Море
(Пренасочено од Мраморното Море)
Мраморно Море(тур. Marmara Denizi) е море кое е дел од Средоземното Море. Се наоѓа помеѓу Балканскиот Полуостров и Мала Азија; преку Босфор се поврзува со Црно Море, а преку Дарданелите со Егејското Море. Мраморното Море има површина од 11 472 км2, а најголемата длабочина достигнува 1355 м. Температурта на површината на водата изнесува од 8-9 °C на зима, до 23-24 °C па дури и до 29 °C во лето. Соленоста на морето изнесува од 20% до 26‰. Во југозападниот дел на морето се наоѓа островот Мармара, познат по своите резерви на мермер, од чие име потекнува името на морето.
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |