Тур де Франс 2014
Тур де Франс 2014 — 101. издание на најпознатата велосипедска трка Тур де Франс. Започнало во Лидс, Англија, на 5 јули 2014, а поминала и низ Лондон, пред да се врати во Франција.[1][2][3] Трката традиционално завршила на Шанзелизе во Париз на 27 јули.
Светска турнеја на UCI 2014, трка 18 од 29 | |||
Рута на Тур де Франс 2014 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 5 јули 2014 | –27 јули 2014||
Етапи | 21 | ||
Растојание | 3.663,5 км | ||
Време | 89ч 59' 06" (25,3 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Винченцо Нибали (ИТА) | (Астана) | |
Втор | Жан Кристоф Перо (ФРА) | (Аг2р-Ла Мондијал) | |
Трет | Тибо Пино (ФРА) | (FDJ.fr) | |
Бодовен | Петер Саган (СВК) | (Канондејл) | |
Планински | Рафал Мајка (ПОЛ) | (Тинкоф-Саксо) | |
Младински | Тибо Пино (ФРА) | (Аг2р-Ла Мондијал) | |
Екипен | Аг2р-Ла Мондијал | ||
Трката претставувала осумнаесетта трка во сезоната на Светската турнеја и втора голема трка оваа година.
Победник на трката бил Италијанецот Винченцо Нибали, кој ја освоил трката со предност од седум минути и 37 секунди пред второпласираниот Жан Кристоф Перо, најголема победничка разлика од 1997 година.
Екипи
уредиБидејќи Тур де Франс е настан од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и биле обврзани да испратат екипа. На четири професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани.[4]
†: Поканети професионални континентални екипи.
Фаворити пред трката
уредиПред почетокот на трката, како главни кандидати за генералниот пласман и борбата на целата трка се споменувале Крис Фрум, бранителот на титулата од минатата година, Алберто Контадор, Алехандро Валверде и Винченцо Нибали.[5]
Рута и етапи
уредиПрвите три етапи биле објавени на 17 јануари 2013 година од официјалната туристичка агенција на Јоркшир.[6][7] Ова било четврти пат Тур де Франс да содржи етапи во Англија (по изданијата во 1974, 1994 и 2007) и единствен пат да содржел повеќе од две етапи во Англија.
Етапа | Датум | Движење | Растојание | Вид | Победник | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | 5 јули | Лидс – Харогејт (Велика Британија) | 191 км | рамна етапа | Марсел Кител (ГЕР) | ||
2 | 6 јули | Јорк – Шефилд (Велика Британија) | 198 км | среднопланинска етапа | Винченцо Нибали (ИТА) | ||
3 | 7 јули | Кембриџ – Лондон (Велика Британија) | 159 км | рамна етапа | Марсел Кител (ГЕР) | ||
4 | 8 јули | Ле Туке-Пари-Плаж – Лил[9] | 164 км | рамна етапа | Марсел Кител (ГЕР) | ||
5 | 9 јули | Ипр (Белгија) – Аренберг | 156 км | рамна етапа (со калдрма) | Ларс Бом (ХОЛ) | ||
6 | 10 јули | Арас – Ремс | 194 км | рамна етапа | Андре Грајпел (ГЕР) | ||
7 | 11 јули | Еперне – Нанси | 233 км | рамна етапа | Матео Трентин (ИТА) | ||
8 | 12 јули | Томблен – Жерарме | 161 км | среднопланинска етапа | Блел Кадри (ФРА) | ||
9 | 13 јули | Жерарме – Милуз | 166 км | среднопланинска етапа | Тони Мартин (ГЕР) | ||
10 | 14 јули | Милуз – Планш де Бел Фил | 161 км | планинска етапа | Винченцо Нибали (ИТА) | ||
15 јули | ден за одмор | ||||||
11 | 16 јули | Безансон – Ојона | 186 км | среднопланинска етапа | Тони Галопен (ФРА) | ||
12 | 17 јули | Бург ан Брес – Сент Етјен | 183 км | рамна етапа | Александер Кристоф (НОР) | ||
13 | 18 јули | Сент Етјен – Шанрус | 200 км | планинска етапа | Винченцо Нибали (ИТА) | ||
14 | 19 јули | Гренобл – Ризул | 177 км | планинска етапа | Рафал Мајка (ПОЛ) | ||
15 | 20 јули | Талар – Ним | 222 км | рамна етапа | Александер Кристоф (НОР) | ||
21 јули | ден за одмор | ||||||
16 | 22 јули | Каркасон – Бањер де Лишон | 237 км | планинска етапа | Мајкл Роџерс (АВС) | ||
17 | 23 јули | Сен Годан – Сен Лари Сулан | 125 км | планинска етапа | Рафал Мајка (ПОЛ) | ||
18 | 24 јули | По – Отакам | 145 км | планинска етапа | Винченцо Нибали (ИТА) | ||
19 | 25 јули | Моборже – Бержерак | 208 км | рамна етапа | Рамунас Навардаускас (ЛИТ) | ||
20 | 26 јули | Бержерак – Периге | 54 км | поединечен хронометар | Тони Мартин (ГЕР) | ||
21 | 27 јули | Еври - Париз | 136 км | рамна етапа | Марсел Кител (ГЕР) |
Пласмани
уредиПостоеле четири главни пласмани на Тур де Франс 2014. Најважниот бил генералниот пласман, пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Велосипедистот со најмало вкупно време е предводник на трката, на кој му се доделува жолтата маичка; победникот во овој пласман се смета за победник на целиот Тур.[10] Во 2014, не постоеле бонус секунди.
Дополнително, тука бил бодовниот пласман, кој се наградувал со зелената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови за завршување меѓу најдобрите во етапата или на средните спринтови. Велосипедистот се најмногу бодови води во пласманот и му се доделува зелената маичка.[10]
Исто така, постои и планински пласман. Организаторите категоризираат одредени искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодови за овој пласман може да освојат првите велосипедисти на некое искачување, со разлика во бодовите на секое категоризирано искачување. Велосипедистите со најмногу бодови води во пласманот и му се доделува точкестата маичка.[10]
Четвртиот поединечен пласман е пласманот за млад возач, кој е награден со белата маичка. Овој пласман се преместува на истиот начин како генералниот пласман, но учествуваат само возачи роден на или по 1 јануари 1989 година.[10]
За екипниот пласман се додаваат времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечка екипа е екипата со најмало вкупно време. Возачите во екипата, кои водат во овој пласман, добиваат жолти броеви на нивните дресови и за првпат од 2012 и жолти кациги.
Наградата за борбеност (исто така именувана како награда за најагресивен возач) е одредена од судиите по секоја етапа.
- Забелешки
- На етапата 2, Бријан Кокар, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Марсел Кител (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман, а Петер Саган (на второто место) ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач.
- На етапите 3-5, Ромен Барде, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Петер Саган (на првото место) ја носел зелената маичка како предводник на бодовниот пласман.
- На етапите 6-7, Михал Квјатковски, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Петер Саган (на првото место) ја носел зелената маичка како предводник на бодовниот пласман.
- На етапата 14, Хоаким Родригес, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел точкестата маичка, бидејќи Винченцо Нибали (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.
Поредок
уредиЛегенда | |||
---|---|---|---|
Го означува предводникот во генералниот пласман | Го означува предводникот во планинскиот пласман | ||
Го означува предводникот во бодовниот пласман | Го означува предводникот во пласманот за млад возач | ||
Го означува предводникот во екипниот пласман |
Генерален пласман
уредиВозач | Екипа | Време | |
---|---|---|---|
1 | Винченцо Нибали (ИТА) | Астана | 89ч 59' 06 |
2 | Жан Кристоф Перо (ФРА) | Аг2р-Ла Мондијал | + 7' 37" |
3 | Тибо Пино (ФРА) | FDJ.fr | + 8' 15" |
4 | Алехандро Валверде (ШПА) | Мовистар Тим | + 9' 40" |
5 | Тиџеј ван Гардерен (САД) | Ванти-Груп Гобер | + 11' 24" |
6 | Ромен Барде (ФРА) | Аг2р-Ла Мондијал | + 11' 26" |
7 | Леополд Кениг (ЧЕШ) | Тим НетАп-Ендура | + 14' 32" |
8 | Ајмар Зубелдија (ШПА) | Трек Фактори Рејсинг | + 17' 57" |
9 | Лауренс тен Дам (ХОЛ) | Белкин Про Сајклинг | + 18' 12" |
10 | Бауке Молема (ХОЛ) | Белкин Про Сајклинг | + 21' 15" |
Бодовен пласман
уредиВозач | Екипа | Points | |
---|---|---|---|
1 | Петер Саган (СВК) | Канондејл | 431 |
2 | Александер Кристоф (НОР) | Катјуша | 282 |
2 | Бријан Кокар (ФРА) | Тим Јуропкар | 271 |
4 | Марсел Кител (ГЕР) | Џајант-Шимано | 222 |
5 | Марк Реншо (АВС) | Омега Парма-Квик Степ | 211 |
6 | Винченцо Нибали (ИТА) | Астана | 182 |
7 | Андре Грајпел (ГЕР) | Лото-Белисол | 169 |
8 | Рамунас Навардаускас (ЛИТ) | Гармин-Шарп | 157 |
9 | Грег ван Авермат (БЕЛ) | Ванти-Груп Гобер | 153 |
10 | Самуел Димулен (ФРА) | Аг2р-Ла Мондијал | 117 |
Планински пласман
уредиВозач | Екипа | Бодови | |
---|---|---|---|
1 | Рафал Мајка (ПОЛ) | Тинкоф-Саксо | 181 |
2 | Винченцо Нибали (ИТА) | Астана | 168 |
3 | Хоаким Родригес (ШПА) | Катјуша | 112 |
4 | Тибо Пино (ФРА) | FDJ.fr | 89 |
5 | Жан Кристоф Перо (ФРА) | Аг2р-Ла Мондијал | 85 |
6 | Алесандро Де Марки (ИТА) | Канондејл | 78 |
7 | Тома Веклер (ФРА) | Тим Јуропкар | 61 |
8 | Џовани Висконти (ИТА) | Мовистар Тим | 54 |
8 | Алехандро Валверде (ШПА) | Мовистар Тим | 48 |
10 | Тиџеј ван Гардерен (САД) | Ванти-Груп Гобер | 48 |
Пласман за млад возач
уредиВозач | Екипа | Време | |
---|---|---|---|
1 | Тибо Пино (ФРА) | FDJ.fr | 90ч 07' 21" |
2 | Ромен Барде (ФРА) | Аг2р-Ла Мондијал | + 3' 11" |
3 | Михал Квјатковски (ПОЛ) | Омега Парма-Квик Степ | + 1ч 13' 40" |
4 | Том Димулен (ХОЛ) | Џајант-Шимано | + 1ч 39' 45" |
5 | Јон Изагире (ШПА) | Мовистар Тим | + 1ч 52' 35" |
6 | Рафал Мајка (ПОЛ) | Тинкоф-Саксо | + 2ч 09' 38" |
7 | Руди Молар (ФРА) | Кофидис | + 2ч 26' 07" |
8 | Бен Кинг (САД) | Гармин-Шарп | + 2ч 33' 44" |
9 | Том-Јелте Слагтер (ХОЛ) | Гармин-Шарп | + 2ч 41' 05" |
10 | Петер Саган (СВК) | Канондејл | + 2ч 44' 37" |
Екипен пласман
уредиМесто | Екипа | Време |
---|---|---|
1 | Аг2р-Ла Мондијал | 270ч 27' 02″ |
2 | Белкин Про Сајклинг | + 34' 46" |
3 | Мовистар Тим | + 1ч 06' 10" |
4 | Ванти-Груп Гобер | + 1ч 07' 51" |
5 | Тим Јуропкар | + 1ч 34' 57" |
6 | Астана | + 1ч 36' 27" |
7 | Тим Скај | + 1ч 40' 36" |
8 | Трек Фактори Рејсинг | + 2ч 06' 00" |
9 | FDJ.fr | + 2ч 30' 37" |
10 | Лампре-Мерида | + 2ч 32' 46" |
Наводи
уреди- ↑ „Тур де Франс: Јоркшир ќе биде почеток на трката во 2014 година“. BBC News. Посетено на 14 декември 2012.
- ↑ „Јоркшир 2014 почеток, Лондон домаќин на етапа“.
- ↑ „Tour de France 2014: Yorkshire, Olympic Park, Mall feature“. BBC News. Посетено на 17 јануари 2013.
- ↑ „Избор на екипи за Тур де Франс 2014“. letour.com. 28 јануари 2014. Архивирано од изворникот на 2014-02-01. Посетено на 30 јануари 2014.
- ↑ Крис Фрум, Алберто Контадор, Алехандро Валверде и Винченцо Нибали ќе се борат на Тур де Франс во јули
- ↑ „Јоркшир ќе биде домаќин на Тур де Франс 2014“. yorkshire.com. 14 декември 2012. Посетено на 15 декемвру 2012. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Претставен британскиот почеток на Тур де Франс 2014“. Cyclingnews.com. 14 декември 2012. Посетено на 17 јануари 2013.
- ↑ „Рута за 2014“. Le Tour. Посетено на 24 октомври 2013.
- ↑ Иако четвртата етапа е наречена Ле Туке Пари Плаж – Лил, крајот ќе биде во Вилнев д’Аск, во метрополитенската област на Лил.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 Кристијан, Сара (2 јули 2009). „Објаснет Тур де Франс“. RoadCycling.co.nz Ltd. Архивирано од изворникот на 2013-02-09. Посетено на 18 јули 2013.
Надворешни врски
уреди- Тур де Франс 2014 на Ризницата ?
- Официјална страница (француски) (англиски) (германски) (шпански)